@koritsaki ја немаше палетата со земјени тонови во ДМ-от што ми е во маало, па ќе почекам да обноват залихи. Се намерачив на истата палета од сликата на членката, некако најубави бои ко да има. За секој ден ќе ми бидат супер. Имаше повеќе палети со некои посветли зелени сенки (ко мешавина од минт со некој син подтон) и другите сенки со неа не ми фатија око, не ми беа нешто од палетата тонови што си ги користам вообичаено. Инаку, ја купив пак пудрата со шпатула. Мислам дека има нова амбалажа, односно, капачето е темнозелено. Таа со светло капаче ми изгледаше естетски поубаво, хаха. Ама супер е пудрата, нијансата (05 порцелан) ми е добра. Сакам да ја земам околуочната крема со витамин Ц. Се мислев, се мислев, на крај пак завршив со оваа од роза. Ама не ми е нешто искрено, многу "тенка" формулата и малку водлеста, лесна. За околу очи сакам нешто похардкор, погуста формула да има. Најверојатно пак ќе си ја земам Q10 или како и да беше другава што им е ко за над 30 години. Да се надополнам, еве оваа палета ја имаше. Ама не ми се допадна како изгледа. Четирите од лево не се по мој вкус, воопшто не би ги користела. Другите четири ми се океј, ама веќе имам слични.
Со здравје да си ја користиш пудрата. Јас наредно ќе ја земам таа компактна што е ама кремаста, еднаш оддамна ја имав земено ама не се сеќавам дали ми се допаѓаше. да таа палета и мене ми се допаѓа, ако ја земеш ќе чекам да пишеш За оваа крема за околу очи збориш? Мене многу ми се допаѓа, јас таа ја имам , супер хидрира. И густа е не е воденикава. Наредно би ја земала таа со q10. Линијата со q10 е феноменална, јас ги користам кремите дневна и ноќна
Да @koritsaki таа е кремата за околу очи. Фала ти, ќе ја земам следниот пат дефинитивно. Формулата на сликата изгледа како тоа што го барам, мислам дека вреди да ја пробам. За палетата договорено, ќе пишам. А компактната пудра што им е како кремаста ја немам користено. Јас во моментов ја дотрошувам минералната Алверде во прав и супер ми е. Пак би ја купила, супер комбинација е и со пудрава, фино си одговараат и задоволна сум од ефектот. Од сабајле од 9 до сега држеше мат. Гледам веќе носот и челото почнале да ми сјаат малку, ама не е нешто страшно. Минатиот пат кога ја купив пудрава, мислам дека ја користев со Римел стеј мат камената пудра и мислам дека малку подолго држеше мат. Како и да е, саат-два плус или минус не ми менуваат ништо. Онака спомнав, колку за ориентација повеќе.
Ја земав оваа крема и вака на прв поглед ми изгледа супер, само да прашам кога ја нанесувате наутро/навечер? Кремите со q10 веќе неколку месеци редовно ги користам и сум задоволна
Ја користев ноќната крема еден период, а го користев и маслото од истата линија, мене ептен ми се допадна колку мека ми ја правеше кожата. Имам комбинирана кожа иначе, ова е колекција наменета за дехидрирана и сува кожа, мислам дека ќе ти се допадне.
Си ја земав маскарава и на прв поглед ми се виде топ, со три-четири нанесувања одлично ги продолжува клепките, дава фин волумен, арно ама после саат и пол - два кога се видов в огледало, цела размачкана под очи. Неколку пати ставив, истиот ефект го даде. За миење многу лошо се вади за разлика од други маскари, бара два пати миење и пак очите со туфер ги поминував, уште има. А таман си реков си најдов добра од алверде.
За жал немаат добри маскари, нема некоја што не била утка. Повеќе нивни маскари имам пробано и јас, ама секогаш сум била разочарана на крај и се откажав. Другиве работи им се топ. Маскарите и сенките за очи мислам дека им се меѓу најслабите. Сепак би пробала некои сенки за очи, чисто да видам како ќе ми се допаднат. Ама како и да е, нема добри коментари и за нив.
Мене сенките ми се ок да ти кажам, за секојдневна употреба се добри. Имам една мала палета во крем-кафени нијанси.
Истава ја имам. Само четкичката ѝ е убава. Имам и една од Малена маскара купена во брзање, лоша четка има ама каде-каде е подобра од оваа. Со четката од алверде, си ја користам маскарата од Малена Инаку сенките се ок, јас и онака не користам нешто многу шминка, сенки ретко, ако излегувам некаде знам и само со туш за очи да поминам и нешто минимално сенка.
Јас демек сакам маскара од некоја од почистиве козметики, ама не ми се погодила досега ниту една. Неколку сум зела и од Белина, исто, ќе треба да си се вратам на стандардните.
Види ги на Zao Makeup Јас сакам кармин да си земам ама ми е шубе дека само онлајн имаат и немам каде да пробам која нијанса Има некој нарачувано од Zao да сподели искуство?
Е ги следам нив, ама не ми излегле одамна на feed и сум ги заборавила. Ај нека каже некоја, а и да провериме да не има таква тема. Кармин и моливче имам од алверде и добри се иначе.