Брижит Бардо (28 септември, 1934 -) е француска актерка, поранешen модел , пејачка и активист за правата на животните, којa стана еден од најголемите секс-симболи на 20 век . Бардо во младоста била балерина, а во 1952 година ја започнала својата актерската кариера. Во 1956 година станала светски позната со контроверзниот филм '' И Бог ја создал жената '' , кој постави нови стандарди за прикажување на женската сексуалност на големиот екран. Бардо има глумено во 48 филмови , се појавила во серија на емисии и има снимени 80 песни. Непосредно пред 40-тиот роденден Бардо се повлекува од забавната индустрија за да биде целосно посветена на активизмот и борбата за правата на животните. Во 1990-те предизвикала контроверзии со своите ставови за имиграцијата, меѓурасните односи, исламот во Франција и хомосексуланоста , а пет пати била осуденa за "поттикнување на етничка или расна омраза". Жена која била сон на секој маж во 50 -тите и 60- тите години , секс -симбол , прекрасна жена , пример за оригиналост во тоа време на предрасуди ,феминистичка икона и симбол на сексуалната слобода ....Едноставно само кога ќе се каже Брижит Бардо веднаш се помислува на убавина , сексипилност и гламур .
Браво за темава ! Бидејќи изгледот ми е инспириран од винтиџ периодот, Brigitte Bardot навистина ми претставува една од најголемите модна икона и неретко црпам инспирација од неа за изгледот на мојата коса, облека и шминка. Исто така сум ги гледала повеќето од нејзините филмови и и секојдневно ги слушам нејзините песни