Исто и јас колку пати имам порачувано од нив, имав купувано и од продавницата во Центар плус, тестер ми немаат ставено. Последниот пат им направив сметка од 8000 денари и исто ниеден тестер. Си ги земаат за нив, за нас нема. Доколку не читаат, тоа треба да си го средат , а и да бидат пољубезни на инстаграм. За течните пудри Тиртир и мене ме интересира, јас 17c од таа со сунѓерчето ја користев и добра ми беше нијансата. Ако некој ја проба да кажат дали е мат
Тестери не даваат повеќе ниту при купување во физичка продавница, додека продавање на тестери, за било која цена е апсурдно. Затоа е тестер, да тестираш нешто, се работи за количина од 2-3 мл. Во Европа, насекаде низ аптеките и продавниците за козметика, даваат тестери, дури и без да купиш нешто. Само кај нас, тестерите се скапоцени, или воопшто ги нема оти вработените ги грабаат. Друго нешто шо ме нервира, во физичка профавница, освен ако не им спомнеш ретко прашуваат за е-маил за да ти додадат поени на акаунтот. Тоа треба да им биде обврска на вработените!
Женски за колку време ви стасува нарачката од coslove? Ми се потроши серумот па сакам да купам пред да одам на одмор и не знам дали ќе стасам во физичката продавница
Јасно, фала ти многу. Ќе одам на безбедната опција до продавница да не случајно не ми стасаат до петок.
Во врска со последниов попуст. Нарачав минатиот викенд два продукта, сметката беше над 1500 и во кошничка си ја ставив маската за лице што беше подарок. Ај што не ми стигна сеуште, па гледам на фактура и ми ја наплатиле маската. Не дека ми е за тие 150 денари, ама ако е подарок, нека биде. Јас воопшто и не би ја нарачала, дека не ми треба, ама ај си викам нека ја има во кошничка. Им пишав меил чисто дека инат ме фати, па ќе видиме што ќе вратат.
Од радозналост куцнав на Тему,сакав да знам дали има од познатава козметика.Ми искочија производи на Тиртир и Центела…што мислите? Да не се глупирам и да не нарачувам или да пробам? Имате искуство?
Како ти ја наплатиле? Чудно... Јас нарачав од друг сајт (бебехоум) и ми стигна маска и мислев ставиле као тестер хаха, ама уствари ме следува, така?
Да, на факутра беше наплатена, арно ама им пишав меил до кај е нарачката и ете денес ми стигна и ми ја одбија. ама на фактура си стоеше како наплатена. Да не ги исконтактирав, веројатно ќе ја платев без да приметам. Ова го приметив дека ми каснеа со нарачка и го барав мејлот да им пишам до кај е пратката.
Бев превозбудена пошо си испланирав шопинг во coslovemetics хахах. Ама испадна разочарување. Бев во центар, некако многу нељубезни, зборовите со клешти да и ги влече човек на продавачката. За се што прашав, со еден збор одговор. И последно ми беше кога ја прашав за тиртир која нијанса би ми одговарала, ми рече не знам, купи си тестер да си видиш (ок ај може многу и јас очекувам). Купување тестери алооо... и место да ми објасни волку пари, волку тестери, пак јас. А колку пари, одговор 200денари. Аха, 200 еден? Не, 6...и да не продолжувам, ама според мене не треба да е така. Како и да е, земав само тестери иако планирав и други продукти, и ќе си купам од зегин тиртир. За секој случај ако не знаете, таму ги има. И плус продукти од medicube, beauty of joseon и други.
Hahahah Напишав дека ми е роденден и ми дадоа регенератор за коса Не очекував ништо само така си напишав демек да се почастам и неколку пати во нарачка ми даваат тестери од некоја бб крема има нијанса. Нека продолжат така ќе соберам за туба
Овие во центар се катастрофа. Не знам како ги избрале сите исти нељубезни. Се понашаат како у секта да се, те гледаат од високо и стално имаат некое дрско безобѕирно понашање. Многу сум незадоволна. Од друга страна, во ситимол се во склоп на една бебешка продавница на најгорниот кат и таму жените се мн љубезни, минатиот пат ми помогнаа при избор и мн добри совети и дадоа и добро ми го проценија лицето во врска со ножна крема.
Да, во сити мол се срцки и тие и машкото. Јас сакав ретинал да купам, ама летото тогаш почнуваше мислам, и ми рекоа дека не ми препорачуваат сега да користам ретинал и ми објаснија зошто и ми дадоа препорака. И си земав нешто друго. Така да, ептен се услужливи. Да видиме какви ќе бидат во Ист гејт