Ајде да споделиме мислења за декоративната козметика на Deborah. Оваа козметика е со звучно име во Милано, само што сигурно квалитетот е различен во споредба со нашите Јас лично досега што сум користела се било одлично. Кармините се одлични, кремите исто така а од пудрите најмногу ми се допаѓа Color Copy. Кои се вашите искуства од производите на оваа козметичка куќа?
Се ми е супер на дебора, само што ова пудриве не можам нијанса да си погодам, некако мн ми се како на портокалово......навикната сум на бурзоа, ама ај сакав да сменам ама утнав......а две ги имам дома и сега ќе си ги чувам за во лето....
Супер си се Дебора, јас констатно овие два прозиводи си користам, само што од пудрава малце како да ми се презасити лицево, ја користев 2 години.А спрејов за боичка е топ, секое лето си го земам имам темен тен и немам потреба од големи фактори.
Единствениот производ кој сум го користела од оваа фирма е пудрата nude perfection. Предазоволна бев од неа, не знам колку пати ја испофалив во темата за пудрите, само нијансата мааалку ми делеше од природната, ама сепак и' останува епитетот перфектна, најдобра од сите дотогаш користени. Сакам да ги пробам кармините, ако има нијанса трула вишна , нека ме извести некоја како е задоволна и како се движат цените.
кармините и руменилата ми се предобри мом го имам cacao 12 руменилото и е супер пушта многу и не се троши многу баш поради тоа. ланирам да си купам пудра ... некоја која доста покрива и има мат ефект ? некој предлог?
Јас ја имам користено од оваа линија само пудрата од debby што е новата и и ако пишува дека е за мат ефект е катастрофа.Па погрда пудра мислам дека немам видено и имаше толку грд јак мирис што ми се лошеше.А мислам дека кармините треба да се ок.
Го имам третото руменило на сликата, и прекрасно е. Најомилено ми е од сите што ги имам до сега пробано. Спојлер Исто ја имам големата палета со 56 сенки, руменила, бронзер и сјаеви и сум презадоволна, цело време ги користам. Иии имам од триата сенки, баш овие и се супер, само се премногу светкави, и не ми се допаѓа тоа. Спојлер
и јас сакам да купам некоја поголема палета на сенки од дебора ..видов во космо имаше и мали палети и поголеми..цените се движат од 800 за малите а поголемите 2000ден...се мислам за овие палети дали да бидат дебора или пупа??? инаку ги имам тробојните сенки на дебора и се стварно одлични..
crimson гледам си ја пофалила палетата со 56 сенки-од Космо ли ја зема бидејќи гледав таква таму ама се мислам дали да ја земам-не знам дали траат пошто ми требаат за работа...а да не светат мн на лицето?
Имам користено само камена пудра од Deborah new skin и ептен бев задоволна, совршено ми го правеше лицето, ама не знам поради кои причина ја нема повеќе во производство.....па сега ја зедов црвената од Deborah 29 и не сум баш задоволна.....
Јас ја земав пред некој ден и премногу ми се допаѓа затоа што имам суво лице а таа ми го хидратира одлично, и не покрива премногу онака значи баш како што сакам јас бидејќи не ми треба премногу покривање. Значи за сува кожа мене ми е одлична. Моментално е на намаление во Cosmo, околу 350 денари е.
Морав да се смоцитирам, сфатив дека проблемот е до мене не до пудрава. Прездоволна сум од пудрава, со совршена течна пудра дава преубав изглед.