1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Euphoria (2019)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од stranger2, 22 јануари 2020.

  1. stranger2

    stranger2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Еуфорија, новата серија што испадна во 2019 година, оригинална на HBO GO. Се работи за Ру, средношколка која само што се враќа од рехабилитација поради предозирање, но нема намера да остани чиста. Серијата ги следи животите на нејзините пријатели и се што се случува во нејзиниот свет. Некои од нив се: Џулс, транс девојка која се обидува да се најде себеси; Кеси, чиe сексуално минато ја прогонува; Кет, која има несигурности за своето тело и си ја истражува сексуалноста; Нејт, кој има огромни проблеми со нервозата, а воедно и сексуално фрустрации.

    Серијата е многу графичка, и се фокусира на злоупотребата на дрогата и како таа влијае на луѓето, анксиозност, депресија, денешниот тинејџерски свет полн со дрога и алкохол, социјални медиуми, сексуалноста и многу други работи. Актерката и пејачката Zendaya ја глуми главната улога.

    Мене лично многу ми се допадна, едвај чекам втора сезона. Серијата шокира на моменти, можеби не е за секого. Но сценографијата, музиката, глумците; мислам дека се е врвно. Еве трејлер, што мислите вие?
     
    На staycalm и tace73 им се допаѓа ова.
  2. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Не знам како до сега не ја знаев серијава.
    Случајно вчера ја пуштив, и еве денес ја завршувам.

    10/10 од мене.
     
    На stranger2 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marr15

    marr15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Одвааај чекам 2 сезона со ова коронава се се завлече. Тешка серија и паметот мора да биде вклучен.
     
    На stranger2 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    20.770
    Пол:
    Женски
    Само на НВО Мах ја има?
     
  5. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Ја гледавте ли првата епизода од новата сезона?
     
  6. Paris hilton

    Paris hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2021
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    439
    Леле со душа ја чекав серијата! Многу добра серија и според мене многу добро ги покажува поголем број карактери и типови на тинејџери кои што постојат во нашето општество и како се тие справуваат со нивните проблеми.

    Ако некој го интересирс втората сезона може да ја гледаат на MyFlixer ( ама нема превод на српски или мк )
     
  7. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    Ме потсеќа на skins / shameless. Гледам се дигна галама околу серијата можеби ќе ја погледнам.
     
  8. Paris hilton

    Paris hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2021
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    439
    Даааааа, ѓи имам изгледано и двете, не е баш исто ама има слични делови.
     
    На warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hecate

    Hecate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2022
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    946
    Пол:
    Женски
    Одлична серија ,која ја изгледав во еден здив. Сега втората сезона со душа ги чекам новите епизоди. Иако најновата епизода ми беше малку досадна морам да признаам. Но воглавно е одлична серија која го задржува вниманието.
     
    На reckless ✨ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Пре добра пре, посебно последнава епизода во понеделникот врв.

    Некако серијава си има свој шмек, многу креативна динамична и не е како сите останати серии.
     
    На sunshinebabe и Paris hilton им се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Euphoria почнав да гледам откако започна втората сезона. Првата сезона ја изгледав во еден ден и можам да кажам дека имаше ептен солиден почеток, но како што доаѓаше крајот, некако ко да ги одолговлекуваа работите, колку само да пополнат осум епизоди.

    Втората сезона исто така ми се допадна како почна, меѓутоа после втората епизода, ептен mediocre стана со исклучок на петтата епизода.

    И сега пред последната епизода размислувам што битно се случи сезонава и ништо не ми доаѓа на ум. Буквално сезонава живееше на славата на првата.

    Нема да негирам дека актерската екипа е одлична и дека имаат голем удел во серијата, меѓутоа приказната е стварно млака.

    И по интернет читам теории дека намерно е вака направена за да делува ко Руе додека раскажува да има дупки во сеќавањата, меѓутоа по интервјуата на актерите, мислам дека пола и повеќе од екипата не е во добар однос со режисерот и за време на снимањето имало многу несогласувања кои довеле до тоа сезонава да е без врска.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  12. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Мене баш не ми се допадна. Ја почнав со оглед дека голема фама се крена околу серијава, но ја прекинав.
    Премногу хаотична за мој вкус.
     
  13. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    22.491
    Пол:
    Машки
    Едвај го чекам финалето.

    [​IMG]
     
  14. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Серијава е шит. Толку.
     
    На Gosh, elenaa0805, FreeToGo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    22.491
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20220226-235214.jpg
     
    На Beautiful Dreams и Hecate им се допаѓа ова.
  16. FreeToGo

    FreeToGo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    866
    Пол:
    Машки
    Ја почнав, изгледав 4-5 епизоди и ја оставив. Премногу мрачна е за мене, не сакам вакви серии.