Euphoria (2019)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од stranger2, 22 јануари 2020.

  1. stranger2

    stranger2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2016
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Еуфорија, новата серија што испадна во 2019 година, оригинална на HBO GO. Се работи за Ру, средношколка која само што се враќа од рехабилитација поради предозирање, но нема намера да остани чиста. Серијата ги следи животите на нејзините пријатели и се што се случува во нејзиниот свет. Некои од нив се: Џулс, транс девојка која се обидува да се најде себеси; Кеси, чиe сексуално минато ја прогонува; Кет, која има несигурности за своето тело и си ја истражува сексуалноста; Нејт, кој има огромни проблеми со нервозата, а воедно и сексуално фрустрации.

    Серијата е многу графичка, и се фокусира на злоупотребата на дрогата и како таа влијае на луѓето, анксиозност, депресија, денешниот тинејџерски свет полн со дрога и алкохол, социјални медиуми, сексуалноста и многу други работи. Актерката и пејачката Zendaya ја глуми главната улога.

    Мене лично многу ми се допадна, едвај чекам втора сезона. Серијата шокира на моменти, можеби не е за секого. Но сценографијата, музиката, глумците; мислам дека се е врвно. Еве трејлер, што мислите вие?
     
  2. martiiinna

    martiiinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    3.204
    Пол:
    Женски
    Не знам како до сега не ја знаев серијава.
    Случајно вчера ја пуштив, и еве денес ја завршувам.

    10/10 од мене.
     
  3. marr15

    marr15 Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Одвааај чекам 2 сезона со ова коронава се се завлече. Тешка серија и паметот мора да биде вклучен.