Euphoria (2019)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од stranger2, 22 јануари 2020.

  1. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.208
    Допаѓања:
    186.341
    Пол:
    Женски
    Јас :whew:
    Се осеќам ко да е башка серија/ спин-оф со ликови шо ги знам и сакам и уствари така ме „заробуваат“ лоши прогреси на серии. :D Оти до крај ќе гледам оти ги сакам ликојте, безразлика како ќе се развива приказната.
     
    На bookslover и Angie1432 им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.649
    Допаѓања:
    47.128
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ти спомнав, ама мене па ми се допаѓа. Ја ја сфаќам како сатира за општествово денес и начинот на кој луѓето се само-деструираат за да дојдат до пари и слава. Плус и многу поинтересно ми е дека веќе не е сместена во школо туку ги гледаме како возрасни луѓе, првите две сезони ми беа мех само заради тоа.

    Анпопулар опинион, ама глупостите на Сидни Свини од реален живот и наводните кавги измеѓу поставата влијаат на тоа како луѓево ја перцепираат серијава. Пошто гледам дека онлајн сите зборат за нејзе, ми искачаат мимс, ама цело време е во негативен контекст колку да се хејта. :D
     
    На bookslover и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.208
    Допаѓања:
    186.341
    Пол:
    Женски
    Да, и е како сатира ама во исто време некои ликој не ги осеќам ко да се истите и ми фали whimsy АМА па таков е возрасниот живот, не можи да е естетикот ко да си тинејџер, ни па ликојте, ама срцето не ми прифаќа. :D

    Леле многу се хејта Сидни. Некако многу лесно се скока на hate bandwagon на жена иако морам да признам, некои од мимс се прејаки. :D
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    611
    Катастрофа ми е новатасезона нелогична Кеси го сакаше Нејте сеа го доби и што више не го сака глупости серијава испадна Кеси сакала да биде Меди (facepalm)
     
  5. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.818
    Допаѓања:
    23.663
    Чекам цела сезона да излезе, ништо немам видено, многу слаб рејтингов на епизодиве, 6-ка, лелее, се надевам не снимаат само колку да се дешава нешто. Мада многу се чекаше, 4 години, ми се изгуби желбата некако, у меѓувреме почнав да живеам у други серии.:makeup:
     
    На Oxymoron, bookslover и Angie1432 им се допаѓа ова.
  6. Amica geniale

    Amica geniale Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2026
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    271
    Од денес почнав да ја гледам третата сезона,кога ке ја изгледам ке пишам коментар
     
  7. Amica geniale

    Amica geniale Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2026
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    271
    Што да напишам,ај да кажеме дека во глобала добро е направена серијата, првата и втората сезона многу подобри топ, третата не очекував ваков завршеток , најважно не ми беше досадна и не сакав таков крај.
     
  8. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.727
    Допаѓања:
    11.466
    Пол:
    Женски
    Искрено многу многу ми фалеа виолетовите сцени и бои од првите две сезони и може непопуларно мислење меѓутоа сметам дека требаше да заврши серијава кога завршија средно.

    Булшитот што се случуваше во средно баш беше сатира на општеството ама некако искрено од дрогирање во средно појдоа на многу сериозни возрасни работи а не видовме никаков премин во ликовите. Кеси ми беше толку непронајден лик во третава сезона, додуша она во сите беше непронајдена ама во оваа апла. Меди ми е богиња како и во сите до сега сезони, ја обожавам едноставно кралица.

    Руе? Побогу зошто таков завршеток за главен лик да кажам.
    Па уште и не не удостоија со нејзин погреб да ја видиме и сестра и и мајка ѝ. Исто и Нејт.

    Сѐ на сѐ ми фалеше музиката, виолетовите бои, точакот на Руе и Џулес. Според мене тотална утка ама си ја изгледав.
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    12.864
    И јас ја изгледав третата сезона, иако не ми беше тоа тоа. Стана премногу сериозна, премногу нереалистична, вајбот ми беше Breaking Bad. Инаку сум голем фан на првите две сезони, епизодата кога Руе има релапс ми е генијална.

    Џулс, Лекси и Нејт беа тотално небитни сезонава, немаа никаков сторилајн, или нешто почнато и недокажано. Штета, особено за Џулс, која беше доста комплексен и интересен лик.
    А сезонава се сведе на бидување sugar baby и цртање пениси. А да, и ужасниот портрет на Руе откако почина.

    Нејт исто така заврши пренереалистично - му ги исекоа прстите, го закопаа жив и на крај го касна змија? И не само тоа, туку сѐ околу него ми изгледаше фејк сезонава - свадбата, дека се испокараа за цвеќињата, дека ја поддржуваше Кеси за OnlyFans. Нејт од минатите сезони could never.

    Руе имаше најкомплетна приказна сезонава, а и завршетокот за неа ми имаше смисла. Нејзиниот лик ми беше конзистентен со претходните сезони, и тотално можев да ја замислам како се плетка со сомнителни фаци, дила дрога, работи во стриптиз клуб, итн.

    Меди ми беше уште еден конзистентен лик кој ме потсеќаше на старата Еуфорија, и со стилот, и со однесувањето.
    ОСВЕН кога ѝ се „испушти“ пред Аламо дека Руе зборувала со полицијата, wtf? Меди е толку искалкулиран лик што случајно да сподели вакво нешто со шефот на Руе, кој очигледно е криминалец, не ми е за верување.

    Осветата на крај ми беше satisfying, цело време очекував нешто од Бишоп и не разочара. Дури мислев и да не работи за полицијата, но изгледа само му проработе моралниот компас, а и го погоди тоа што му го кажа Меди.

    Сѐ на сѐ, it was fun, особено првите две сезони, но мило ми е што заврши. Во третава фалеше музиката од Лабринт, виолетовите светла, шминката со светки, Фезко, Кат.
     
    На Afrodita* му/ѝ се допаѓа ова.