Што мислите за маркава,за нејзините колекции,долен веш,пижами и купаќи, Што мислите за квалитетот и цената???
Не се лоши, ама сметам дека се прескапи за квалитетот. Би си набавила нешто евентуално кога имаат попуст
Woman Secret ми се поквалитетни. Со цените се тука некаде, во WS има поголем избор, а и одличен квалитет. Не сум баш задоволна од квалитетот градниците али гаќичките им се добри.
на времето кога го отворија кај нас се што си купив до ден денес и после толку многу перења сеуше се како нови, мегутоа сега некако како да ми изгубија од квалитет. Последниов комплет по едно перење ми пожолте, а и моделот подоцна го најдов и на пазар така да за изборот што го има сега не сум нешто воодушевена. WS - за пижами ми се топ ама не и за градници ,ги купувам само оние што се за на рамбовка. Ама сепак спрема Лиска и двете фирми ми се далеку подобри... иако понекогаш ми фали wolford што беше на трети спрат во гтц во мое време ,ама тоа е...
Пред некоја година купив неколку пара купаќи и стварно се квалитетни. Не се сеќавам која цена беа, ама еве трета година по ред ги носев и исти се како првиот пат. Дефинитивно би купила пак, имаат и избор и квалитет.