Ја серијава ја гледав првата сезона кога излезе, а втората сезона не ја ни догледав затоа што има многу лоша глума од поедини глумци тоа страшно нешто а и не бев во состојба да се концетрирам до толку да следам што се случува. Кога излезе третата сезона реков да излезе целата серија и ќе ја изгледам цела од еднаш оти ова не е серија што се гледа на рати според мене. Сепак пофалба што се редовни со сезоните што не се чека факинг три години за сезона, и што ќе си заврши со време на четврта сезона. За крајот, ќе видиме, се надевам нема да биде фијаско ко со Изгубени што беше...
Мене уште не ми е јасно како ќе успеат (ако успеат) да се извлечат од местово, ко не дадоа досега никаков clue башка од тој во претходната сезона со жртвуваните деца, чудовиштата и тоа што циклусот се повторува во секој нареден живот. Спојлер Ама барем дознавме повеќе за човекот во жолто.. дека тој им ги прави сите илузии и како да контролира што се случува во местото. Но има едно интересно нешто кое се надевам ќе се разјасни. Човекот во жолто нема контрола над сѐ. Како на пример талисманите што ги штитат луѓето од чудовиштата во затворен простор. И моја теорија е дека враните кои ги гледаме понекогаш не се на страната на човекот во жолто. На сцената со погребот како да сакаа да ги предупредат луѓето дека има опасност меѓу нив (Софија), а исто и предупредуваат кога некој ќе дојди до паднатото дрво. Дури и Софија на таа сцена со погребот изгледаше како да го нема видено тоа со враните. Но нема уште многу до крајот, баш ме интересира како ќе го изведат ова и се надевам нема да развлекуваат сѐ до последна епизода па таму да решат сѐ. Исто така, зошто побогу човекот во жолто јади луѓе?? Ко, што задоволство му е тоа, зар секој циклус така завршува со тоа што тој ќе ги изеде луѓето заглавени?
Не знам зошто мислев четвртава е последна сезона, сега читам петтата ќе е последна и се очекува да излези 2027. Можеби подобро at this point, ако беше оваа последна ќе требаше сѐ да напикаат во последните епизоди бидејќи вака ко што оди не личи да има разврска наскоро.
Почнав пак од прва сезона да ги гледам, така ги прелистувам, четвртата сезона сум на четвртата епизода.
Не знаев дека ќе има 5-та сезона. Мислев дека кажаа дека со оваа ќе завршуваат. Си имам и јас некои теории во главата, за тоа дека сите се во болница, а ова е во нивните соништа. Виктор нешто ми е чуден. Ми изгледа како да знае се, ама се плаши да каже. Ете, го знае и човекот во жолто, кој ја изел мајка му. Мислам дека и претходно имало неколку други групи кои завршувале во градот, но човекот во жолто им се упикувал, ги скарувал и на крај ги убивал сите. Бидејќи нели менува облици (shapeshifter) и може да се претвори во било кој и да не го познаат. Но сега тука е Виктор, кој цело време знае за тоа и на оваа група може да им го каже тоа.
Ќе има петта. Многу уплеткуваат само, мене тоа не ми се свиѓа..а не даваат никакво објаснување. Ништо ќе си чекаме 2027.