Ја серијава ја гледав првата сезона кога излезе, а втората сезона не ја ни догледав затоа што има многу лоша глума од поедини глумци тоа страшно нешто а и не бев во состојба да се концетрирам до толку да следам што се случува. Кога излезе третата сезона реков да излезе целата серија и ќе ја изгледам цела од еднаш оти ова не е серија што се гледа на рати според мене. Сепак пофалба што се редовни со сезоните што не се чека факинг три години за сезона, и што ќе си заврши со време на четврта сезона. За крајот, ќе видиме, се надевам нема да биде фијаско ко со Изгубени што беше...
Мене уште не ми е јасно како ќе успеат (ако успеат) да се извлечат од местово, ко не дадоа досега никаков clue башка од тој во претходната сезона со жртвуваните деца, чудовиштата и тоа што циклусот се повторува во секој нареден живот. Спојлер Ама барем дознавме повеќе за човекот во жолто.. дека тој им ги прави сите илузии и како да контролира што се случува во местото. Но има едно интересно нешто кое се надевам ќе се разјасни. Човекот во жолто нема контрола над сѐ. Како на пример талисманите што ги штитат луѓето од чудовиштата во затворен простор. И моја теорија е дека враните кои ги гледаме понекогаш не се на страната на човекот во жолто. На сцената со погребот како да сакаа да ги предупредат луѓето дека има опасност меѓу нив (Софија), а исто и предупредуваат кога некој ќе дојди до паднатото дрво. Дури и Софија на таа сцена со погребот изгледаше како да го нема видено тоа со враните. Но нема уште многу до крајот, баш ме интересира како ќе го изведат ова и се надевам нема да развлекуваат сѐ до последна епизода па таму да решат сѐ. Исто така, зошто побогу човекот во жолто јади луѓе?? Ко, што задоволство му е тоа, зар секој циклус така завршува со тоа што тој ќе ги изеде луѓето заглавени?
Не знам зошто мислев четвртава е последна сезона, сега читам петтата ќе е последна и се очекува да излези 2027. Можеби подобро at this point, ако беше оваа последна ќе требаше сѐ да напикаат во последните епизоди бидејќи вака ко што оди не личи да има разврска наскоро.
Почнав пак од прва сезона да ги гледам, така ги прелистувам, четвртата сезона сум на четвртата епизода.
Не знаев дека ќе има 5-та сезона. Мислев дека кажаа дека со оваа ќе завршуваат. Си имам и јас некои теории во главата, за тоа дека сите се во болница, а ова е во нивните соништа. Виктор нешто ми е чуден. Ми изгледа како да знае се, ама се плаши да каже. Ете, го знае и човекот во жолто, кој ја изел мајка му. Мислам дека и претходно имало неколку други групи кои завршувале во градот, но човекот во жолто им се упикувал, ги скарувал и на крај ги убивал сите. Бидејќи нели менува облици (shapeshifter) и може да се претвори во било кој и да не го познаат. Но сега тука е Виктор, кој цело време знае за тоа и на оваа група може да им го каже тоа.
Ќе има петта. Многу уплеткуваат само, мене тоа не ми се свиѓа..а не даваат никакво објаснување. Ништо ќе си чекаме 2027.
Абе глејте си Widow's bay, баталете ова срање. Буквално ќе изглеам некое 15ес минутно видео на ЈуТуб коа ќе заврши да видам шо е поентата и готово. Буквално ја баталив уште од првите епизоди втора сезона, све нешо се дешава али ништо не се дешава, никој со никој не комуницира и секој си праи шо сака и тој Виктор све знае, али никој ништо не го прашуе мислам преку таквото веќе. Слободно ја прогласувам серијава за умрено, неам поим као планираа да ја завршат серијава оваа сезона ко што планираа пред да им дадат уште една сезона на сред емитување, сигурно го имаат снимано крајот .. Ќе објаснат све у една епизода и џабе арчење 5 години.
Вие сте подобри луѓе од мене зошто Понеделник ми почнува со Rick and Morty и одма после то со From Ќе ви раскажам како ќе заврши. Не гледајте. I'm taking one for the team.
И јас ја гледам уште, многу ме нервираат што се прават сите глупи ама не ја оставам. Осеќам многу ќе се изнервирам на крајот, ееептен ја разводенија приказната
Исто, тоа само имам сега на репертоа, све е на пауза. Рик и Морти ми е предобра сезонава. Фром е Фром, се гледа со зголемена брзина и така.
Режисерот можел со две сезони да опфати све, и да стави крај, ем поголем успех ем поголема гледаност...