Ми беше речено денес од страна на колегиве дека тоа апсолутно треба да се повтори некој ден, прекрасно си поминале и многу убаво се најале и многу пофалба до мене за чистотата на станот, се си е на место каде што треба и ниту едно влакно не однеле дома од милениците. Едниот ми вели дека кога сум рекла дека имам мачка, куче, папагали и риби у 40 квадрата сигурно ми смрдело дома помислил а другите се согласиле. А јас само реков, -,,Мило ми е што сомнежите не ви ги потврдив, а за друг пат ќе видиме" , па се завртев ко лута и приметив дека ме озборуваат
Ме интересира како вас ви влијае ладново и тмурно време? Студот го лекувам со љубов Денеска бевме со либето на шетање, скоро цел ден надвор а јас не осетив ни с од студ А многу ме нервира тоа што рано се стемнува, ми ја убива волјата за живот мислам Девојки/момци дали сте сингл? И дали интровертноста ви го отежнува пронаоѓањето партнер? Не сум сингл, во врска сум веќе долго. Пишував некаде понапред дека кога флертувам сум типичен ловец и тоа е единствената ситуација во животот каде што сум прав екстроверт.
Јас само што влегов дома пред малку, веднаш излегов со Душман, а ми е кочан ладно, марширам пред една клупа тука дури тој да се истрчи...
@1992g, и јас имав многу активен ден денеска, што не е многу својствено за мене И тоа баш кога е кочан ладно. Ама љубовта прави чуда. И минус сто да е можам да шеткам со либе за раче
An apple a day keeps the doctor away. An onion a day keeps everyone away. Ич не ми годи ладново. Најмногу сакам пролет инаку. Духот ми се буди тогаш. Интроверти, јас имам едно прашање. Не знам дали сте паднале досега на овој муабет, од скоро ве читам. Како се справувате со стрес? Без разлика дали сте студенти, вработени или кој и да е изворот на стресот, што правите за да го надминете?
Пијам Диазепам,а кога не ми е до апче,мачешкото предење ми е доволно. Џејмс Рокс и Максимилијан најубаво ми предат.Си ги галам и гушкам и одма се смирувам.
Темново ме прави мрзлив, она ептен Не сум сингл, ама затоа тешко одеше пронаоѓањето "без" да бараш. Ама она нашето, за секое тенџерче има поклопче. Треба да си најдеш некој што ти одговара.
Не знам, никако, богами не научив и не научив да се справам со стресот. Еве утре полагам и буквално скренав и полудев. Не сакам дијазепам сега да се наспијам бидејки ке ме успие па кога ќе завршам за 2 саата ќе се напијам пред спиење да ме смири, ме опушта некако... Инаку освен дијазепам, морам да признаам дека дечко ми ме смирува не знам како, ама како некоја магија да ми прави. Не знам што човек ќе беше ама кога и да сум под стрес кога ќе сум со него на сѐ заборавам.
Се надевам препишано од доктор? Пошто апчиња кои се за ментално здравје е многу зафркнато да се пијат без консултации. Исто прашање и за @1992g во врска со хелексот. Колку и да сум за апчиња кога треба да се пијат, сум многу против во исто време. Инаку јас не се справувам со стрес. Тоа е мојата тајна. Стресот иди, јас се распаѓам, as all things should be. По некој ден си држам сама терапија и моментално се релаксирам. И после пак.
Се ежам од оваа стрес/анксиозност/benzo епидемија што владее во светов моментално поготово кај млади. Јас после таа година од паничните напади се решив никогаш повеќе апчиња па што сака.нека биде,штетните нус појави на страна многу е лесно да се премине линијата и стане зависник . Прашање за разонода -на скала од 1до 10,1-екстра екстроверт, 5- амбиверт,10- екстра-интроверт колку сте интровертни?
Немам зборови за стресот и анксиозноста. Нема полоша состојба. За жал се уште се борам и ќе се борам за тоа како да не потпаѓам толку лесно. Инаку не сум екстра екстра интроверт, а далеку од екстроверт, па така еве една 8ца на скалава измеѓу амбиверт и екстра интроверт. However, I'm still a highly introverted person...
6 со луѓе, 8.5 сама со себе. @INNERBEAUTY Моментално 1. Кога сум нервозна сум 1. Оти ко ќе сум нервозна заборавам се шо ме плаши, заборавам се шо неќам и се концентрирам само и исклучиво на то шо ме нервира. Моментално отворив лаптоп за да си смирам нервите. Спојлер: Rant Прво, лута сум на водовод оти секој ден од 11 до 13/4 нема вода. Период кој сите знајте дека е најактивен. И жалби, и јавувања ама дефект бил. Дефект my ass секој ден во то време. Нека е порано, нека е покасно, не во меѓусменско време каде луѓе се спремаат на работа. И не е еднаш неделно туку е секој ден, две недели со ред. Второ, лута сум на докторката нова на мајка ми. Нели реков дека забарката не работи па најдовме нова забарка и толку проста не можеше да биди зошто јас два дена сега трчкам по мајка ми дур лицето му се има зголемено два пати. Пошто таа потценила забот. Мислам, кога можиш снимка да маниш да видиш 8ка како стој, зошто не одиш за та опција? Трето, лута сум на мајка ми пошто водата шо успеав да ја нацедам од чешмата во дворот пред да секни, ми стави шише со камилица да се ладело оти имало бокал за пиење ова нека била за миење. Мислам... аман. Четврто, лута сум на брат ми и брачед ми оти на секои две секунди треба да му се издерам да намалат шо и да гледат оти на нерви ми одат. И ги опцув. Инаку сум од оние резервирани луѓе кои не пцујат. Кога се роди брат ми си го ставив тој „код“ каде неќев да сум лошо влијание за него и воопшто не пцуев. Е сега татко ми пцуе врни и пак брат ми пцуе врни и џабе јас се контролирав тогаш. Сега веќе не се контролирам, не ми иди да пцујам едноставно сем во вакви ситуации каде што буквално осеќам како телото да ми влегва во некаков немир. Како нервозата да ја осеќам со секој мускул онака.