Даа музичките честитки од детството... Одлична интересна и невообичаена идеја @1992g Брзо и лесно заздравување
Навистина е добра идејата со честитките. Mене ме потсетуваат на безгрижните денови од детството кога секој ден проверував во поштенското сандаче да не случајно ми стигнала честитка од братучедите или од другар/ка. Oсобено ми беа омилени оние што светкаат и свират кога ги отвораш. Многу убав спомен од овие празници ми е и т.н. Adventskalender што татко ми ми го донесе кога беше на службено патување во Минхен, пред 17-18(?) години, ако не се лажам. Сигурно ги знаете оние календарите со чоколатца, секој ден отвораш една вратичка. Нормално, чоколатцата ги снема за неколку часа.
Фала ви на сите за желбите Ја на внука ми планирам годинава да и купам тоа што посакува од Дедо Мраз со изговор дека дедо Мраз мене ми рекол тоа да и купам оти и ги чул желбите, а тоа е велосипед со помошни тркала со писмо дека од 1 ви Април ќе смее да го користи во спротива дедо Мраз ќе и го земе
Тревис Скот, Малума. Бенд: Бекстрит Бојс. Се пронајдов Дали сум плашлива? Сум, од висина. Јбг, не можам да го надминам тој страв. А летам со авион, знаете колку пати го користам вецето таму, 5 пати. И знам дека е прљаво ама пусти страв ме тера по нужда. Особено кога ќе стресе , не ме прашувајте се стискам, рацете ми се потат,срцето ми бие.
Јас имам еден (глупав) страв. Мислам не е толку глупав колку што е, ајде да речеме, what if-ситуација. Јас не можам ништо да направам. Но кога ќе размисли човек, реално е и да се плашиме од вакво сценарио. Знаете дека деновиве низ Скопје се случуваше да снема струја во некои делови. Мојата населба не беше (многу) засегната, ама сепак. Се замислив. Сега на ладново ако снема струја подолго време... ни греење, ни храна, ни хигиена одржување, па и водата за пиење... Вака може глупаво звучи кога го читам ова, ама кога останав неколку минути во мрак си помислив колку си ги земаме здраво за готово сите работи што ги имаме, што ни ги донесе модерното време, науката, технологијата... И да, ова ми е новиот страв.
Ах честитките новогодишни од детството. Си праќавме сите деца во класот на училиште, потоа и со другарките. Која радост ми беше кога купував и дома седнував да пишувам 20+ честитки наеднаш. Сега веќе одамна никој не ми пратил ни сум пратила некому.. Јас во моментов сум на слава луѓе, толку богата и разновидна трпеза има да не знаеш што да пробаш попрво. Досега се прејадов, мислам дека ако каснсм уште едно залче ќе пукнам. Нормално не пробав од се' по нешто, тоа не е возможно да го собери стомакот. После вакво јадење од утре сакам нешто ептен лесно, на пример смути. Сакам смути да си направам. Ќе купам портокали, банани, јаболка, замрзнати малини/јагоди и ќе си направам една витаминска бомба. Ми треба многу. Имате некој посебен рецепт за правење смути што го обожавате?
@Lilit Имај срце смилувај се,многу би ни значело твое одобрение па и ние сме луѓе и заслужуваме и нашиот глас да се чуе... одвреме навреме #peaceforeveryone
@prominent Знаеш, има една една приказна(по вистинита случка) деца сакајќи да ја одвикнат мајка им од цигари,ја заклучиле во некоја просторија (не знам точно ама ако се сеќавам говорница беше) и и оставиле само кутии цигари со неа. После одредено време поминато така(не се сеќавам колку долго мислам еден ден)без ништо друго и цигар по цигар и се згадиле цигарите и ги откажала. Исто е и со стравовите и all the s*it that could go wrong во светов ,земи размисли еден по еден што се може да се случи и откако ќе ти здосади пошто има бесконечно многу ќе добиеш еден од два исходи- или ќе си пукаш у глава или конечно ќе почнеш да живееш/размислуваш ко што треба
Честитки ми беа најголема радост во детството. По пошта со мајка ми праќавме и ни стигнуваа од подалечни роднини. Оти денес никој не праќа? Инаку јас немам продолжен викенд, работам за македонски празници, ама затоа католички божиќ ќе ми биде слободен... Сега имам "обичен" викенд. Тие што имате продолжен искористете го максимално. Има време и да се подружите и да ги наполните интровертските батерии после. @prominent мене возбудлива ми е помислата да снема струја подолго време, на позитивен начин. What's wrong with me? Моментално не ме плаши ништо особено. Понекогаш премногу ме фаќа мисла и грижа за здравјето на најблиските. @1992g и јас ти посакувам побрзо оздравување на кучето. Не дека нешто сакам слави, ама сакам да се накрцам. Ќе истрпам и баби и тетки за мажење да ми зборат од што сум изеслива. Сега св. Ѓорѓија па Никола, па НГ па празници во јануари, ќе се направам топка, февруари ми е роденден, од март планирам в теретана, ако ме собери низ врата од дома да излезам.
[QUOTE="INNERBEAUTY, post: Fellow aquarius? Kога сме веќе кај хороскопов што сте во хороскоп? [/QUOTE] Стрелец, сега ми иде роденденот
Риби. Со подзнак рак. Како и да е јас припаѓам кај водените знаци. Не верувам во оној дневен, месечен и годишен хороскоп демек тоа и тоа ќе ти се случи, ама мене општите карактеристики за риби ми се многу слични со карактерот. Затоа и ми е интересно. Mood на денот:
Scorpio here Многу си го сакам хороскопскиот знак, многу моќно ми звучи кога ќе кажам што сум во хороскоп иако не верувам којзнае колку, посебно па не во оние дневните. И не сме толку злобни како што викаат дека сме @INNERBEAUTY, дај и јас така да ги откажам цигарите барем Инаку, ајде да ве замолам за уште еден совет. Се надевам нема да испадне премногу долго. Пред некој ден доживеав паничен напад на пат кон работа. На автобуската. Јас одам на работа кога сите се враќаат (оние што се до 4-5) и се погодува да сум баш во шпицот. Надвор почна да се стемнува, ладно, загадено не се дише, луѓето нервозни и вознемирени. Не знам како го издржав денот на работа. Немам баш некој избор за работно време, не возам кола и не можам секој ден да си дозволам такси. Некогаш менувам и по два автобуса. Знам дека морам да работам а и многу си ја сакам работата. Но последниве денови чувствувам страшна вознемиреност кога ќе помислам на патот дотаму, не ми е баш блиску до дома, сега во зима е покомплицирано, ладно и темно... Кога веќе сум таму ми е подобро, се внесувам во работата и заборавам на анксиозноста, но утрото и спремањето и патот ми се кошмар. Пола ден ми е уништен. Едвај ја издржав оваа работна недела и не знам што понатаму... Не можам и не сакам да дозволам анксиозноста да ме контролира. Не знам со кого да зборувам попрво, дали со претпоставените (не верувам дека ќе разберат, се' уште постои стигма кон овие состојби).