Јас пред настап сум ужас. Се најлошо ми оди во глава ама знам да изгледам смирено. За време на настап си наоѓам некое мое место кај шо игнорирам се околу мене и се концентрирам на то шо презентирам, и сметам дека сум доволно добар презентер. Ова е мислам работа кај шо моја затвореност не ми влијае.
Јас во ПМС со интровертноста на најјако... И нејќам да сум сама,ама и не трпам многу луѓе. А,и на мозокот му треба одмор.
Како се справувате со зачестените собиранки периодов? Какви изговори давате ако не ви се оди? Слави, имендени, предновогодишни забави, два дена, ден пред Нова година итн Искрено, јас одам само кога ми се оди навистина. Нема да лажам, некогаш си измислувам изговори што јас мислам дека звучат уверливо а не знам како на другите им звучат. Како и да е... Одамна престанав да бидам people pleaser и да одам некаде зашто другите мислат дека така треба
@prominent ние само кај еден другар се бериме така да не се бунам. Ама дома три пати со ред чекаме гости (Митровден, Арангел, Св. Никола) и веќе смачено ми е. За вечерва се спремам така шо топлам собата на брат ми за после таму да спиеме оти има два кревети. Мојата е помала да ја стоплиме за седење ама за спиење не можи двајца. Со Арангел немам мака малку луѓе идат, ама со другите две гледам ликови прв пат во животот. Изговори не давам, стискам заби.
Ајој, тема за мене имало Како помлада поинтровертна бев, сега некако повеќе сакам колку - толку контакт. Ама далеку од тоа дека сум социјална нешто, пак најмногу друштво што сакам е дечко ми, Интересно е што и студиите, а и работните места секогаш ми биле поврзани со работа со луѓе. Сакам да помагам на луѓе, но ми значи бариерата меѓу нас. Никој не ми е преблизок, ни сакам да ми биде. Молови, дискотеки... ах. Не. Психички ме изморува постоењето меѓу народ. Галама ми предизвикува панични напади. Но не секоја галама - пример сакам гласна музика, но не можам да поднесам џагор на луѓе. Меѓутоа, не знам дали сум родена интровет, или одредени искуства ме направиле таква. Не им верувам на луѓето за да го споделам интимното, мислам дека секој ќе искористи сѐ што знае против мене во дадена прилика. “Let me tell you this: if you meet a loner, no matter what they tell you, it's not because they enjoy solitude. It's because they have tried to blend into the world before, and people continue to disappoint them.” - Jodi Picoult Во голема мера сум ова јас - не дека не уживам во самотијата, но сакам да уживав повеќе во социјализирањето. Еве ме
This one hits home ... Дали сте ентузијастични за НГ, во смисла сакате свесно да помините со друштво или радо би биле дома? Јас радо би била дома ама имам кажано дека дечко ми сака секогаш да одиме негде и обично имаме компромис каде за НГ излегваме негде, ама следниот ден го врвиме сами дома, интимно. Ми се чини цел живот ја неќам НГ оти морам да се смешам со луѓе.
Многу се мислам кога ме викаат некаде. Да знам дека ќе бидат пријатни,би ги трпела и да се над 20 души,но,меѓу куп непознати ме фаќа језа. Триста сценарија ми се вртат во глава.
Дали сте ентузијастични за НГ, во смисла сакате свесно да помините со друштво или радо би биле дома? Јас ќе бидам дома и многу се радувам, искрено. Битно ми е да сум со луѓе што ми значат најмногу (или една личност), знаете веќе дека не трпам гужви, многу пиење и галама. Така што, молим лепо За мене нема подобро нешто од тоа да се помине оваа вечер во домашна атмосфера. Во средношколските денови и јас одев по кафани, дискотеки и каде ли не ама тоа беше чисто потпаѓање под влијанието на тогашното друштво. Сега си го ценам времето, си ги штедам нервите а богами и парите. Непотребно големи суми се фрлаат за една (обична) вечер. Не се чувствувам должна да одам некаде или да бидам во непосакувано друштво само зашто бројката 2019 ќе се смени во 2020.
Мене лично најмногу ми одговара до некое пристојно време дента со поблиско друштво некаде на топло, пијачка, добра музика... А вечерта дома со тие што најмногу ни значат, црвено винце, храна колку ти душа сака, филмски маратон од избрани филмови, топло, фино, па сабајле си стануваш да се расониш со силно кафе, првото во новата, да си потсредиш што останало upside down да размениш пораки со убава содржина, пази пораки!!! не ѕвонења и замарања цел ден и бла бла муабети. 1ви отсекогаш сум сакала мир и тишина и така сум го поминувала, освен кога сум на патување тоа е друга ситуација. Ама не сум од оној тип на луѓе кои 1ви го сметаат за реприза на 31ви ама на потрезно
@RosettaStone, тоа е веќе прифатлива варијанта. И јас, ако веќе одам да ''славам'' некаде, би отишла преку ден. На пример, денеска бевме на предновогодишен ручек Не сакам да се разбудам со главоболка на први, мамурна и без волја за ништо. Сакам да си бидам одморена, свежа и со разбистрена глава да си го почнам денот (годината). Вечерта секогаш, без исклучок, сакам да ја поминувам дома со мало друштво, неколку блиски луѓе или пак само со саканата личност. Последнава варијанта ми е омилена Да заврши старата година и да почне новата со малку романтика Обично не сакам да патувам, не само за Нова година, празници, туку и општо не сум по патувањата, Чудно, знам Ако веќе по игра на случајот се најдете во не толку посакувано друштво, како ќе си направите вечерта поподнослива? Јас би измислила некаков изговор за да си одам рано, ако сум креативна. Ако не, ќе се повлечам на некое потивко место и ќе уживам во храната и во чаша винце. Ќе почекам да си честитаме и веднаш би си отишла
Не припаѓам на платенава, но во темава дефинитивно. Отсекогаш работам и сакам да работам со многу луѓе. На пример да отидам на кафе со две другарки јас нема уста да отворам и едвај ќе чекам да си се замотам дома во ќебе со скапоцениот мир и тишина и суштински нешта кои му даваат смисла на животот. Додека пак, на работа изгледам како цврст карактер, насмеана, полна со енергија и полетна и секојдневно работам со голем број на луѓе. Едит: Немам време да пишам подетално и убаво само уште сакав да додадам дека се изненадив за некои членови дека тука припааѓаат.
Интровертчиња мои, да ви посакам да си ја поминете оваа вечер на ваш начин и да ја почнете 2020 по ваш кејф. Не дозволувајте да правите нешто само зашто ''така треба'' или да си го трошите времето и енергијата на настани и личности што не ви значат. И останете свои. Како што викаат, тешко е да се остане свој во свет каде луѓето настојуваат да ве променат.
Дечки,па и јас да ви се приклучам во клубот .И јас спаѓам во групата на интровертни луѓе! Премногу сум срамежлива,не сакам забави,концерти каде има премногу луге.Имам мал број на пријатели,ретко прозборувам прва,обожавам да бидам дома со најблиските,повлечена сум и приватноста си ја чувам за себе,секогаш лојална,искрена а и многу наивна... ах таа моја наивност А може овде влијае хороскопскиот знак, кругот на пријатели со кои сме опкружени,вие што мислите?