Не знам дали ова спаѓа под интровертност, ама пред да треба да одам негде на непознато место (пример ќе ме викнат на интервју и обавезно им викам да ми пуштат локација) се спремам психички и ден, два пред да треба да одам ја отварам мапата, и тука паничам ако ми е непозната населбата, си правам план во глава како ќе стигнам до таму, па да не ја утнам зградата, да не влезам во погрешна, па дали доле ќе биде заклучено, дали имаат домофон, а ако немаат дали ќе треба да им ѕвонам на телефон.. а ако се изгубам што ќе правам, па срам ми е да им се јавам за да ме упатат, се кочам целата, и ми се има десено од стрес пак да не ги сфатам кај треба да идам. Работев во кол центар и првите неколку недели повиците ми ствараа огромна анксиозност и стрес, наеднаш ми се случуваше скроз да заборавам и англиски, акцентот ми се менуваше и или скроз ќе заќутев и не знаев што да им вратам или ќе се насмеев само ко дебил некој и после па ме фаќаше нервоза од тоа газдарицата што ќе помисли кога ќе ми го слушне повикот. Од кога памтам за себе ми било проблем да се јавувам на телефон (освен на другарки што ми се блиски) а да не зборам за закажување на доктор или нешто слично и прашување за насоки, ужас. Со текот на времето и со работата мислам дека повеќе се опуштив во тој поглед, сега во глобала јас си закажувам на места и се јавувам кај што ми треба. Имам приметено дека порано бев многу полуда од сега, сум седела со повеќе луѓе и јас бев главниот забавувач , но дали дека со текот на годините со самото менување на средината, луѓето се ретчеа, почнав се повеќе да седам сама или да комуницирам со поблиски другарки и тоа ми стана комфорт зона на некој начин. Сега кога ќе се најдам во многу луѓе, посебно многу галама да има, не знам да се понашам и сум ко фрик , муабет не знам што да направам и или си седам на страна или со некој што веќе го познавам. И не се ни срамам туку едноставно сум се одвикнала од луѓе и после некое време одвај чекам да си дојдам дома, да си легнам во кревет и да си пуштам филм. Ја себе би се нарекла амбиверт во глобала, еве 60% од времето, другите 40% сум интроверт, зависно од расположение, луѓето и потреби. Некогаш ми се свичнуваат процентиве. А периодов сум тежок интроверт.
Ова е баш анксиозност. Плус, да додадам. Многу често се вели: не можам да зборам со луѓе/пред луѓе, сѐ правам за да избегнам телефонски повици, сѐ правам за да не морам да прашувам итн. Не, тоа е повторно анксиозност. Интровертите не се плашат од луѓе, туку немаат енергија постојано да бидат со луѓе и постојано да бидат достапни; интровертите знаат што да прават сами со себе, понезависни се и немаат проблем со тишина околу нив.
Не знам искрено, не сум размислувала за тоа. Општо уште од мала сум се губела ориентационо, мапа да ми нацрташ јас пак нема да знам кај да отидам. А општо не сакам да закаснам на местото кај што одам и затоа унапред гледам за да не се изгубам во моментот. Сум одела во други градови, но не сум била сама и таму ми било полесно да се снајдам, ќе најдам се што треба, ама најверојатно осеќам "самодоверба" зошто имам некој со мене. Ете, само во вакви ситуации сум таква. Ме натера да размислам сеа за анксиозноста зошто вака на други полиња најнормално се осеќам, може да се рече дека и општо во животот не се замарам многу многу за ништо. Сум имала анксиозност придружена со панични напади и депресија, што се јавуваше во скроз рандом моменти без никаква причина, сега сум ок, не знам..
Ако немаш ориентација, мислам дека е нормално. И јас страшно немам ориентација и исто така гледам на мапа кај да одам, е порано не прашував луѓе, сега најчесто прашувам да ми објаснат на прост начин зашто подобро да се срамам пет минути отколку да се вртам во круг и да не можам да најдам кај да влезам.
@blueeparadise И јас мислам како @Angie1432 дека е анксиозност. Итровертноста е карактеристика да речеме. Едноставно полниш батерии кога си сама. Анксиозноста е таа што ти ствара такви проблеми и те кочи да функционираш. Или едноставно објаснето што имам читано: introversion is your way, anxiety is in your way.
@Angie1432 Сега видов дека си се редактирала, па да се дополнам и јас. Се согласувам со тебе дека доколку по секоја цена избегнуваш повици, гледање со луѓе, зборување итн тоа е веќе анксиозност. Е сега, мене пример ми се случува да не кренам на телефон од чиста причина што не ми се збори, во моментот ми се седи сама со себе, си правам нешто и нема ни да обрнам внимание на повикот и да кренам. Додека на работа, првите 2-3 недели повиците стварно од една страна ми предизвикуваа стрес (ама истото им се случуваше и на некои други колешки, така што не знам колку станува збор за анксиозност), после тоа се опуштив скроз и си зборев супер, само имав моменти коа толку ме мрзеше да кренам зошто ме мрзеше да зборам пола саат на англиски. Јас искрено уживам да сум сама дома и да вежбам, да гледам видеа, филмови, да читам што ме интересира. Со најблиски другарки комуницирам секојдневно. Луѓе не избегнувам, туку некогаш природно ми доаѓа да сум ќутлива пред нив, а и како што реков претходно со текот на годините луѓето се проретчија и се навикнав да сум поголем дел од времето сама и искрено уживам во тоа. Понекогаш ми фали дружба, не велам не, ама и кога ќе излезам веќе при крајот на вечерта сум среќна што ќе одам дома за да си легнам и се опуштам. За ориентацијата, шта речи, страшно сум неснаодлива и се нервирам што сум глупсон, во Скопје не знам да се снајдам. Да бев во Берлин, е тек тогаш ќе ме пукнеше анксиозност. @Bezimenka90 Пак ќе речам, не знам, можно ли е да сум анксиозна околу делот што не се снаоѓам па тоа да ми ствара дополнителен стрес, а ова другово да е чисто интровертност? Ме ставивте во збунка.
+1 дур го читав мислењето мислев сум влегла на темата анксиозност. И јас имам проблем со повици и исти паники ама исто така докторот ми пиша дијагноза "анксиозна си маче". Во многу работи шо пиша се познав ама исто така знам дека ради анкс ми е се то. Интроверната страна е шо после одредено време социјализирање поќе н е м о ж а м. Буквално си го викам социјална енергија. Супер сум, супер сум и наеднаш ја трошам и не можам поќе и ми треба одмор. Многу пати едноставно поќе не можам да слушам и се осеќам престимулирано и ми треба одмор и потреба да сум сама. Ако имам поинтензивен социјален живот, ми треба поќе време да се одморам. Ако е пократко, ми треба помалку. Сакам луѓе, сакам дружење ама не можам нон стоп, не можам турбо и ми требат поголеми паузи измеѓу. И шо ме бендисва е, моето екстровертно друштво сфаќа.
Искрено не знам, доколку не ти ствара нештото проблем не е ни толку битно како ќе го означиш. Инаку за телефонот тоа воопшто не е анксиозност, мене еве не ми е проблем да се јавувам секаде по телефон, ама долги разговори со другарки ме изморуваат, подобро на кафе да отидам на пример.
@blueeparadise па не знам, не би можела да кажам со сигурност. Може само лаички да погодувам. Пример, овој дел ми делува на анксиозност. Едноставно те фаќа страв од непознатото. Овертинкнуваш детали за снаоѓање, наместо интеракцијата со луѓе. Скроз сум иста, ме опиша. Јас ова си мислам дека е дел од социјалната анксиозност. Не дека ме исцрпува разговор по телефон, пошто и онака зборам кратко јас. Туку ми ствара нервоза. И да, со повеќе јавување и изложување постпено на интеракции со луѓе што ми ствараат нервоза, со тек на време се подобрува. Е овој дел веќе би рекла дека е интровертност.
Јас сум 50% интроверт, 50% екстроверт зависно од ситуациите. Голем дел од луѓето ме замислуваат како срамежлива и тивка, а воопшто не сум таква, можеби затоа што имам многу бело нежно лице. Едноставно ми пречи блискост и разговор со било кој, многу претпазливо одбирам луѓе дури и за обичен разговор.