Кој нема? Ние кај нас во Македонија се раѓаме со траума, живееме со траума и умираме со траума. Исто и за bullies... Секој во животот искусил бар еднаш да биде bullied и да биде bully на оваков или онаков начин. Колку истите влијаеле или не на мене е верувам една опсежна тема на која и со години мислење не би можел да си го дадам одговорот. А и кој би можел? Кој би можел да каже дали една индивидуа се раѓа интроверт или самото општество и живот го прави таков? Ако е второто, дали истиот со текот на животот може да осцилира на оската интровертност-екстровертност или засекогаш е она што е? Тешки прашања. Тешки теми.
Со самото тоа што одговараш со гард и филозофии/избегнување на одговор/генерализации тоа кажува дека дефинитивно има нешто во главата што не сакаш да го признаеш но тоа е твое. Постот ми беше добронамерен те прашав затоа што и самата знам како може растење во токсична средина да влијае на психата тоа го дискутиравме и со неколку членки во темава веќе. Не знам која возраст си но нешто ти има влијаено на психата/главата/самодовербата според ова што го напиша и некаде во тебе потсвесно сеуште живееш во таа ситуација/време и стои неразрешено вака не се раѓа никој(за твојата ситуација зборам поединечно не за интровертноста во генерала иако околината влијае и на тоа )
Имам нешто да додадам на темата overthinking. (ќе го користам англискиот термин, зашто на македонски ќе морам со објаснување) Мислам дека ова е проблем кај повеќето интроверти. За жал, мене особено ми тежи ова. Се' мора да ми биде испланирано од точка до точка, да имам и резервен план за секој случај. Најтешко ми е пред спиење... Во главата си ги превертувам сите филмови, што ќе биде утре, што ќе биде задутре, па следниот месец... Автоматски мислам на најлошото сценарио. Не помага и тоа што сум си песимист по природа. Како да си правам проблем и онаму каде што нема. Факт е дека човек не може да знае точно што носи денот, може да се планира ама често и планирањето е залудно. И најдеталната подготовка знае да биде залудна. Не знам како да си помогнам...
Скроз иста сум. Го мислам цел ден, седмица па и неколку седмици, како и што би требало да направам. Дури и кога ќе го направам планот, го превртувам во глава одново и одново. Особено ако имам стресен период со многу учење и обврски а плус и некои прослави и дешавки во фамилија, станува страшно. Исто така кога сум во друштво многу размислувам што да кажам и дали да го кажам, па затоа и почесто молчам. Многу често ми се случува откако веќе поминало се, да се навраќам постојано, анализирам и размислувам. Дали сум постапила правилно, што сум можела да направам подобро и слични работи. Мисли и само мисли имам во главата.
@prominent и @Ambitious . Еве една стратегија што јас ја сакам зошто го имам вашиот „проблем“. Откако ќе го направите деталниот план направете план „што може најлошо да се случи?“ и „минимален план“ во најширока рамка за случување... Тековно ќе одлучите кој план е најсоодветен. „Трите„ плана имаат улога на back up план на останатите. Светот не може да се предвиди, или само делумно, целата поента е да успееш да живеш со неизвеснота. Кога пливаш, ја користам таа метафора под претпоставка дека знаете да пливате, не ги претпоставувате следните движења туку се повикувате на искуството на телото (минимален план) за да го „предвидите“ следниот бран. (детален план).
@prominent Те разбирам been there done that. Превише од било што па и добро не е на арно, kлучот е баланс и самодисциплина за продуктивен и healthy mindset A healthy mindset involves finding ways to grow from your thoughts instead of letting them control your life. Rather than dwelling on a negative thought until it becomes overwhelming, the healthy mindset tries to a) move beyond that thought or b) simply accept it.
@INNERBEAUTY, знаеш што е чудно кај мене? Тоа што мислам дека загриженоста на некој начин ме штити од лоши изненадувања. На пример, еве сега ќе си го замислам најлошото можно сценарио, ќе се спремам за тоа колку што можам, и во главата веќе сум го ,,доживеала'' сето тоа.
Имаше еден многу добар пост погоре во темава за тоа дека не може туку така да се поделат луѓето на екстровертни или интровертни од причина што различно реагираме во различни ситуации, а ситуации - ги има многу. Не им верувам толку многу на тестовите пошто малце ми се банални. Накратко, се осеќам некогаш како најголемиот интроверт пошто со луѓе во чие присуство не се чувствувам удобно знам да бидам резервирана, во однос на емоции и ставови. Едноставно не чувствувам потреба на такви да им се „откријам“. Сум се фаќала у ситуации кадешто сум требала да уживам во друштвото, самиот провод и не е дека не сум уживала, ама доаѓа момент каде што сфаќаш дека ти едвај чекаш да си идеш дома и да си бидеш оставен сам на себе. Во склоп на ова - многу си го почитувам времето поминато сама со себе и не сакам кога некој ќе ми ја наруши атмосферата, личниот простор, итн. Праам филмови 24/7 т.е постојано руминирам и ќе морам сериозно да поработам на тоа. Не се лигавам и обично си ќутам кога немам што да кажам ама пусто Македонче ќе ти испозалепи етикети како „дивјачиште“ на пример, пошто нели, ние сме си учени да „мелеме“ и кога треба и кога не треба. Секако - и да се пикаме на секој. По можност до трето колено. Како и да е, понекогаш се чувствувам исцрпена дури и од пријатели и сакам само дома да се затворам и надвор да не стапнам едно 3 недели. Мразам кога некој ќе седне до мене у автобус, особено ако е многу залепен до мене, што е малце апсурдно пошто е автобус, нели. Ама не можам, едноставно, се чувствувам како приватноста да ми е нарушена. Не сакам гужви. И повторно, во склоп на ова - многупати ми се дешавале глупости, особено кога сум била болна, наеднаш да ме фати бран на голема кашлица и не можеш да се сопреш, многу нормално. Епа, ја не кашлав. Си држев. Тоа солзи ми потекоа, ќе се удавев само зашто ми беше срам и незгодно да не ме слушнат другите. Слично на @Billy Idol со автобусот. Среќа ова остана во минатото. Ама па од друга страна воошто не ми пречат гужви по забави, сакам журки, мешање и запознавање на нови ликови. Прилично сум отворена, комуникативна и гласна во однос на изразување чувства и сопствени ставови со луѓе со коишто имам чувство дека можам да бидам јас, без глумења. Ги сакам и ценам таквите. Така да, стварно е малце глупо 7 милијарди карактери на светов да се стават со сигурност у еден кош или друг. Понекогаш ситуацијата од тебе го вади она што си мислел дека никогаш нема да го видиш од себе.
Затоа постои терминот„амбиверт“,за оној кој е пола интроверт,пола екстроверт. Ние не сме виновни што класифицираме,туку општеството е. Општеството ни лепи етикети. Сепак... Колку не е здраво да си 24/7 сам/а,толку не е ни да си 24/7 опкружен/а со токсични луѓе. На мозокот му треба одмор. Клучот е во наоѓањето на златната средина.
Општеството сме ние. Сами си лепиме етикети. Така да, вака или онака сè се врти околу нас, па баш и затоа го спомнав Македончето. By the way, се согласувам дека треба да се пронајде златна средина.
Постарите од мали нè учат кои стандарди да ги прифатиме и да не се трудиме многу да ги запознаеме другите,туку одма да се залепат етикети. И странците не се цвеќиња за мирисање.
Никој не е. Само што кај нив е поинаков менталитетот, многу поразличен. Не се тепаат одма да си залепат етикети. Има повеќе толеранција и разбирање. Барем од лично искуство.
Баш и јас сакав да го поставам ова прашање. Јас сум INTP. Прв пат пишувам во темава и јас сум многу интровертна личност едноставно не можам да бидам постојано со луѓе ме исцрпува тоа ,само ми е многу криво за една пријателка која се дружевме и поради тоа што неколку пати ја одбив она мисли дека имам некој проблем со неа иако пробав да и објаснам дека едноставно таква сум .. Многу често ми се случува да се договорат да искочам со друштво и саат два пред да треба да искочам да се нервирам и да си викам зошто се договорив и се ми станува поинтересно отколку да искочам . Дм е интроверт и баш ми е мило поради тоа затоа што никогаш не би можела да функционирам во врска со екстроверт . Најомилено време ми е кога надвор врне дува а јас во топло си седам и гледам серија или филм.
Не знам дали е страшно или смешно. Дечко ми или некој од блиските ако не ми крене на телефон по дифолт се прегазени од кола, или некој им наштетил или им се слошило и нема кој да им се најде у помош... Пред 4-5 дена се договаравме за утре да готвам. Се до детал кажав што состојки треба. Дури и дека шунката ќе е на меин (свинска). Некогаш и кога зборувам, разглобувам некоја тема, издетализирувам, што дури заборавам што сум почнала да раскажувам.