Инаку и пилингот го пробав, истиот мирис е можеш да си го земеш, а и долго време ми се задржа на кожа. Па ете ти цела колекција Sex Bomb. И јас сум на спрејот намерачена, ќе го земам за скоро време.
Го купив пилингот веќе и преубав ми е, заљубена сум во мирисот. Ќе почекам да излезе путеров и таман сè ќе ми биде комплет.
Се возбудив и јас за новите путери….и прочитав ривјус на нет и се разочарав. Супер милк воошто го немал тој мирис, чоколадниот повеќе мирисал на бадем нешто него на чоколадо, хани едвај се осеќал мирис во кутивчето а не пак на тело….
Тоа дојдов да пишам, сите путери имале некој слаб мирис на орев, воопшто не мирисале така како што треба според имињата. Ама да се надеваме дека ќе реформулираат, ќе поправат нешто. За honey i washed the kids бев највозбудена, ама ќе видиме како ќе бидат, прво нека ги донесат. Од друга страна, за спрејовите прочитав доста позитивни рецензии.
Штета ако не се исти мирисите, ама јас сакам да мислам позитивно и се надевам дека ќе бидат добри. Lemony flutter го користела некоја? Вака фино ми изгледа, ко за пети, лакти и кутикули. Го пробав на рака малку, ми ја омекна кожата околу ноктите и не изгледаше лошо, а и ми се свиѓа мирисот ама ме интересира мислење од некоја што го користела.