Инаку и пилингот го пробав, истиот мирис е можеш да си го земеш, а и долго време ми се задржа на кожа. Па ете ти цела колекција Sex Bomb. И јас сум на спрејот намерачена, ќе го земам за скоро време.
Го купив пилингот веќе и преубав ми е, заљубена сум во мирисот. Ќе почекам да излезе путеров и таман сè ќе ми биде комплет.
Се возбудив и јас за новите путери….и прочитав ривјус на нет и се разочарав. Супер милк воошто го немал тој мирис, чоколадниот повеќе мирисал на бадем нешто него на чоколадо, хани едвај се осеќал мирис во кутивчето а не пак на тело….
Тоа дојдов да пишам, сите путери имале некој слаб мирис на орев, воопшто не мирисале така како што треба според имињата. Ама да се надеваме дека ќе реформулираат, ќе поправат нешто. За honey i washed the kids бев највозбудена, ама ќе видиме како ќе бидат, прво нека ги донесат. Од друга страна, за спрејовите прочитав доста позитивни рецензии.
Штета ако не се исти мирисите, ама јас сакам да мислам позитивно и се надевам дека ќе бидат добри. Lemony flutter го користела некоја? Вака фино ми изгледа, ко за пети, лакти и кутикули. Го пробав на рака малку, ми ја омекна кожата околу ноктите и не изгледаше лошо, а и ми се свиѓа мирисот ама ме интересира мислење од некоја што го користела.
Јас го имав користено Lemony flutter. Да омекнува кожа и на раце и на пети , одлично беше само мене мирисот не ми се допаѓаше
Фала ти, можеби ќе го земам, ќе видам. Ми треба нешто за петици и омекнување груба кожа. Општо така не ти се свиѓаше мирисот? Леле мене не ми беше лош, онака душнав набрзина, а на раце не знам колку би се задржал зашто измив раце за брзо и отиде мирисот.
и јас барам ваков производ. Додуша досега не сум користела ништо за стапала. Еднаш пробав крема за стапала ама видов.дека такви производи за тој дек од телото не можам да користам. Ама како иде време кога ќе видам каква ми е кожата на стапалата морам да си го променам тој став. земав една маска за стапала на дм за 30тина ден и уште не сум ја пробала.
Јас за стапала го имав Pink Peppermint и не го препорачувам. Премногу редок, водичка. Очекував нешто погусто како крема, путер. Баш тие креми треба да се густи, богати. Ај може густина и текстура нема веза со ефект, ама кај мене ништо немаше ефект. Мачкала - немачкала исто е. Може само како ефект на разладување. Ама за таков ефект дм има креми за помлаку од 100ка
Кај ја видов темата. Уште едно нешто за пари да трошам. Јас пилинг за тело само имам користено, добар беше. Ама дефинитивно ќе земам сега уште нешто.
Ми беше тежок некако, не оној свеж мирис на лимон јас кога го купив такво очекување имав. Друг производ ама за нозе овој го имав користено и исто ми беше супер, само што мн е мрсен и препорачувам да го ставаш пред спиење. Ама само за нозе за стапала е, не е за раце https://www.lush.com.mk/repeat-balzam-za-stapala
Lemony flutter? Уште не сум одлучила што ќе земам, ама ми личи дека lemony flutter може да ми се најде за повеќе работи, па некако кон него тежнеам.
Да да Јас имам проблем со кутикулите и само за тоа го користам. Кога го ставам секоја ноќ феноменални резултати имам
Плочката во вид на срце? А јас пак цело време отварам да видам дали е конечно на залиха, дека на сајтот е изложена во плочките за масажа. Штета, многу глупа работа со оглед на тоа што само во сетот posh chocolate е достапна. Не знам зошто толку убави производи само во сет ги даваат а не самостојно.