Искрено не знам дали е Sleep плочката. Имаше некој дезен од горе, ама како што почнав да ја користам омекна и се избриша. Пробај sleep да ја помирисаш, верувам дека формулата на сите плочки е иста.
Има две со лаванда: Deep Sleep и Sleep Не знам дали се исти, вајда слични, Sleep би трeбало од колекцијата Sleepy да е.
Па вака како што читав по ревјуа sleep плочката е поблиску до sleepy, од deep sleep. Колку што читав deep sleep е похербален.
Sleep плочката спаѓа во Sleepy колекцијата, сигурно е иста и со лосионот, а може и подобра. Мене плочките ми се врв за сува кожа, плус и долго мирисаат после нанесување.
А да прашам за кутивчињата за враќање… Некој поназад спомна сите може да се враќаат, ја мислев само оние црните округли се во ова. Има некаде некое правило кои се прифаќаат во програмата за враќање? Имам дома повеќе празни од спрејови и оние тубички (од регенератор за коса и спреј за коса), ама тие не сум ги враќала
Да споделам дека leave in conditioner Sticky Dates не е за права, поготово мрсна коса! Толку е густ што мене лично ми ја мрси косата, и не ми се свиѓа ефектот. Мирисот не е воопшто траен. За други типови коса можеби би бил добар, за мојава не. Сите, кои било, и шишенца и кутивчиња, се што е од пластика. А не сум знаела дека проблем праат и нејќат да дадат сапун доколку машко враќа Дм го имав пратено еднаш, му рекла таа типката дека може да се врати, следува сапун од понудените, но да приложел фискална сметка втф
Wow, кој идиотизам. Мене лично општо ме нервира ваквата "дискриминација" што ја забележувам во речиси сите продавници за козметика. Мажите ги третираат како малоумни и како крадци, па секогаш доаѓаат продавачки/обезбедување по мене, како загари.
И мене плочките повеќе ми оставаат впечаток. Во моментов карма го имам и навистина е траен и уабво легнува на кожа.
Јас престанав да купувам од Ист Гејт штандот. Сакав тестерче од нешто пред да купам, не сакаа да ми дадат, изгледа зашто ништо немав купено тогаш. Отидов во Сити Мол, веднаш ми даде девојчето. Немој случајно да не изгубат три грама од тубата означена тестер. А и често работите ги носат прво во СМ. Исто, не ми дозволија во ИГ да го мириснам Пампкин Спајс кога излезе, зашто демек од утредента ќе им бил изложен. Отидов во СМ и фино лепо си го мириснав, веќе беше изложен таму.
Дефинитивно ги имаме најскржавите бизнис компании! Тестери ни под разно, а доколку има не даваат или се плаќаат, односно да си ги купиш! Абе така не се стекнуваат муштерии!
Патем во странство Лаш имаат random act of kindness принцип каде што вработените имаат дозвола бесплатно да ти дадат спреј/парфем/бомба/сапун/што и да одберат ако видат дека не си расположен. Кај нас уште толку ќе ти го заебат расположението И со празни раце ќе си одиш дома.
И мене ме нервира кога демнат, поготово кога некои се мрштат ако побараш нешто да ѕирнеш и на крај не купиш ништо. Во Сити Мол има две многу, многу, многу фини девојчиња и обично се во различни смени, мислам дека не сум ги начекала заедно во иста смена. Ама навистина се префини и нив секогаш ги оставам да ме муабетат и да ми даваат предлози и препораки. Колку и да не сум расположена, ми годи муабетот за Лаш тропоташки со некоја од нив. Можеби е и до самиот лик, не знам, ама многу се ведри, да ти е мерак да си збориш.
Сериозно? Не сум знаела, браво, е така се работи и се придобиваат муштерии. Кај производиве им се прескапи, особено за нашиов стандард, па уште вакви глупоштини не треба да си дозволат. Ја тогаш се пренервирав, бев и ја во молот, но скроз на друга страна, и мислам на друг спрат, коа ми кажa дека го вратиле, му викам одма ајде фрлај ги, се изнервирав За каква фискална збореше таа бе, фискална ќе чуваме ради ова, или не, требаше со скриншоти од нарачкиве да го праќам, може и да ги принтав требаше Се трошиме, толкав промет им праиме, не смеат вака. Баш сакам да има некој нивен на форумов и да го чита сево ова. Имаат среќа што сме заразени со производиве, иначе..
Таков принцип кај нас тешко. Не зборувам само за Лаш, туку општо многу тешко се среќаваат слични практики кај нас во продажба. Поверојатно е да ти подметнат производ со изминат или граничен рок отколку ова. Па и тестери... боже сачувај ако ти дадат тестер или треба да си купиш тестер.
Јас не бев задоволна од него. Дали не го нанесував како што треба, малку е комплицирано за нанесување