И јас сакав да прашам што правите со кутивчињата од тестери, дали ги враќате или не. Јас дел испофрлав, дел онака ми стојат по дома. Ги чувам демек да ми се најдат за нешто, а за што точно би ми се нашле, немам поим.
Ја си собирам солзи у нив. Хахахах Сепак мислам дека кај нас не се враќаат тие, тоа во Британија, таму, тој дел, нивниот. Кај нас само оригинал-големи.
Не се собираат, поточно не се враќаат. Само full size пакувањата. Порано ги чував, еден куп имав, ги мирисав, на некои се имаше задржано мирисот со месеци. Не можев да ги глеам да ми зафаќаат простор, земав ги исфрлив. Сега кога и да ми пратат тестери веднаш ги фрлам штом се испразнат. Спојлер Инаку порачав и јас од попустот и покрај тоа што кажав дека ги отпишувам Чекам да ми стигнат глупостите од Сноу Фејри линијата. Свеќа, желе за усни и малото сетче со гел и лосион. Не се опаметувам јас
Ахахаххаха, извини ама смешно ми е за свеќа у комбинација со тоа што ги отпиша. Као не бе не зиам, ама ај свеќа дај.
Најсмешно, ако не и најтрагично е тоа што замисли до свеќата ми дое... Значи со денови ја мислев и премислував, као не бе шо ќе ми е нешто такво, свеќа имам од Пампкин. Ама неее, од Сноу Фејри сакам дека мирисот е благ. Запнав и запнав.. И знаеш дека за една свеќа не се исплати, мораш и достава да плаќаш, па принудена бев да додавам ствари..