И јас сакав да прашам што правите со кутивчињата од тестери, дали ги враќате или не. Јас дел испофрлав, дел онака ми стојат по дома. Ги чувам демек да ми се најдат за нешто, а за што точно би ми се нашле, немам поим.
Ја си собирам солзи у нив. Хахахах Сепак мислам дека кај нас не се враќаат тие, тоа во Британија, таму, тој дел, нивниот. Кај нас само оригинал-големи.
Не се собираат, поточно не се враќаат. Само full size пакувањата. Порано ги чував, еден куп имав, ги мирисав, на некои се имаше задржано мирисот со месеци. Не можев да ги глеам да ми зафаќаат простор, земав ги исфрлив. Сега кога и да ми пратат тестери веднаш ги фрлам штом се испразнат. Спојлер Инаку порачав и јас од попустот и покрај тоа што кажав дека ги отпишувам Чекам да ми стигнат глупостите од Сноу Фејри линијата. Свеќа, желе за усни и малото сетче со гел и лосион. Не се опаметувам јас
Ахахаххаха, извини ама смешно ми е за свеќа у комбинација со тоа што ги отпиша. Као не бе не зиам, ама ај свеќа дај.
Најсмешно, ако не и најтрагично е тоа што замисли до свеќата ми дое... Значи со денови ја мислев и премислував, као не бе шо ќе ми е нешто такво, свеќа имам од Пампкин. Ама неее, од Сноу Фејри сакам дека мирисот е благ. Запнав и запнав.. И знаеш дека за една свеќа не се исплати, мораш и достава да плаќаш, па принудена бев да додавам ствари..
Да ги пофалам овојпат, ми пратиле 5 тестери, им побарав 3, плус сапунчево. Браво Лаш, продужете да не' читате Слатко мирисаат свеќата и балзамот за усни, истиот мирис на Сноу Фејри Во гифт сетот има гелче и мини лосионче од истата линија. Интересни се тестериве, баш ќе ги пробам чистачите.
Единствено нешто за Лаш е што не се купува на слепо. Оди на штанд ќе ти најдат нешто по твој вкус. Јас не можам да ги поднесам некои од работите што се препорачуваат и обратно. Можам да се давам во загушливи благи мириси, а од цветни ми се лоши. Ама еве како најопшта препорака, можеш да почнеш од скраби пчеличката за во туш и од супермилк регенераторот за коса. Исто и плочките за масажа се добри, функционираат како тврд лосион за тело. Само мора да мириснеш да видиш дали ќе ти се допаѓа мирисот.
Баш. Јас не користам многу работи од Лаш, но замислувам дека го купила Lust и се кае оти знам дека е love/hate парфем и ултра тежок дури на многу им смрди. Мене ми е омилен на пример, но сакам и благи мириси како LTGTR.
Зависи што сакаш, секој има различен вкус, а Lush производиве се баш специфични. Луѓето во мое опкружување не ги поднасаат баш, тешки им се, додека ја обожавам слатки мириси. Ако си по благите мириси, можеш да пробаш нешто од Ltgr, Sticky Dates, Super milk, Yog Nog. Али најдобро е да си пробаш на штанд. Можеш да им побараш тестерчиња од лосионите, геловите и пилинзите, а од парфемите и спрејовите да прснеш на картонче, па така да си одбереш што ти се свиѓа.
Преубав! Сакам поголемо шишенце Абе каков Сноу Фејри, чоколади, карамели, ова е нешто посебно Од геловиве тешко да има поубав за мене. Ја пробав новата путер плочка за пилинг Лав баг Скраби, мириса исто како Чериш спрејот, чоколадо и цреша Нема промашај со овие скрабови. Премногу гребе, дури агресивна е Морам да го пофалам парфемов Преинтересен мирис, овошно цветен, на рибизли мириса, пишува и ружи, но не ги осеќам, пренежен е, пудераст, и ми трае Парфемиве им ги хејтам вообичаено, овој ми е еден од ретките што ми се допадна.
пристигната е пролетната колекција btw, со стики светкавиот спреј и i love you to peaches. yummy custard е вратен, исто и banoffee pie гелот за туширање што мириса како внатрешноста на чоколадните бананчиња. има и крем бруле пилинг ама врска си нема. не ми се купува ништо оти не вреди реално, па ќе си почекам на попуст да се стави. сори, лаш, вие терајте си бизнис, нека купуваат богатите. исто многу производи и големини од производи од лаш се укинуваат на светско ниво, проверете си тука да е нешто што користите вие. пропаѓа малку лаш глобално, ама кој им е крив кога од квалитетни состојки гледаат да направат нешто колку што е можно поефтино, со мирис што воопшто не трае. ако сте користеле лаш пред 5-10 години, си знаете што и како било. https://www.lush.com/us/en_us/c/leaving-soon
Кремот Yummy Custard конечно го имам Не се фер што еден ваков неодолив производ им е лимитиран За љубителите на Let the good times roll ова ќе биде совршенство
Цврстиов парфем го немам пробано, сигурно е ист мирисот, за спрејот викам Цврстите шо знам дали се убави и исплатливи, и колку би траеле, малку не им ја сфаќам намената.
Јас па го најдов овај што го прикачи во комбинација со гел за туширање и лосион за тело, супер цена и таман сакав да го порачам гледам дека е Out of stock