Барав ваква тема но не најдов ништо во врска со оваа мобилна компанија. Од скоро почнав да ја користам и јас Lyca Mobile земав број највеќе за да се слушам со мм во странство. Супер понуди имаат и сум задоволна од нив. Но се до вчера вечерта како некои броеви почнаа да ѕвонат во ниедно време. Ме интересира дали броевите оние што се земени од трафики,мали продавнички и што се рандом броеви биле претходно користени од други сопственици? Бидејќи мојот број и јас самата не го знам а не пак некој друг да ми го знае а се случува да ми бараат трето лице по незнам кој пат и тоа само тоа име го бараат. Искуства како вие сте задоволни од Lyca ? Доколку постои веќе ваква тема се извинувам и слободно нека биде одстранета.
Не сум многу запознаен, ама веќе неколкупати сум чул дека на корисниците на овој оператор??? им ѕвонат чудни броеви во ниедно време ))
Јас користам број од лајка и никаков непознат број не ми звонал (само на они што сум им го дала мојот број)
Јас еве имам таков број од лајка земан пред 2м. И се разочарав бидејќи бројот на никој го немам дадено и не го коростам нон стоп како што реков по потреба за во странство ми е највеќе. Бараат цело време едно исто име.
Јас зедов лани два Лајкамобајл броја за 100 денари. Ми пропаднаа дека воопшто не ги искориатив повеќе од една година. Годинава пак зедов поради љубезноста на тие што го нудеа. Ги прашав дали може минатите два броеви да платам и да ми се вратат ми кажаа дека нема никаква опција да се вратат... Што би се исклучила можноста бројот да бил на друго лице, па вториот пат тебе ти го дале. А, дали ма пример не сфатив ако пример сум во земја кадешто нема Lycamobile ( пр. Србија еве), па ако едниот број го понесам со себе, а другиот го оставам дома, дали пак меѓу двата броеви ќе имам бесплатни минути?
Јас имам лајка и сум задоволна, не ми ѕвонел до сега никој непознат број. А мислам дека може да збориш бесплатно од лајка на лајка, треба да купиш лајка бројче од земјата каде што ќе престојуваш на пример (Холандија) и некој од Македонија да купи .
Го користам уште кога испадна. За надвор е чиста 10ка. Италија е 9 денари минута и се слуша одлично. Интересно е што Словенија е поскапа од Италија. Дали е до оператоторот во Словенија кај што вртам или нешто друго незнам, но Словенија е поскапа. Србија исто скапо ми се виде, ама еднаш имам sвонето и не приметив точно колку зема Врска немам кој им е принципот и како се формираат цените, ама Италија ми е како дома да се јавувам. А и да. Никој непознат ми се нема јавено до сега.
Како што реков бројот освен мм никој друг не го знае. А цело време бараат ДАРКО.затоа и реков можеби се користени па одземени броеви.