Mешани бракови

Дискусија во 'Брак' започната од Tanjamm, 27 ноември 2017.

  1. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Во случај на машко дете во православна фамилија не се ни става на маса прашањето дали да му се направи сунет или не, освен ако нема медицински причини. Ете за тоа пишуваме во темава во случај на мешани бракови каде претежно мажот е муслиман, исто како во случајот за кој си пишала. се наметнува сунетот и воопшто дискусија за сунет од верски причини па се оди кај уролог и се врши.
     
    На bibiiii, Gosh, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  2. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски

    Скрос обратно размислување од моето. Ако си хардкор верник, не би требало да имаш ваков став. Сите религии не учат на љубов и слога, а не делба. Никој не е подобар од другиот.
    Тие што се во ваков брак или врска се гледаат меѓусебно како луѓе, без етикетата религија. Има и такви што по своја волја си менуваат вера.

    Викаш, штом го прават сунет, се знае по кој пат ќе оди. Тогаш, јас како крстена во црква треба да продолжам да живеам како таква?

    И не прават сите такви забави, си одат на уролог, мала интервенција од неколку минути детето нема ни да се сеќава понатаму. Само ќе биде поштедено од спб.

    Сите сме исти од крв и месо. 21ви век е бе.
    Јас ваквите ги сметам за ограничени и
    нечитани луѓе.
     
    На piksooki, Izaabella, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Онака 100% поштедено?

    Која е потребата воопшто?
     
    На bibiiii, cresa-jagoda и Just.do.it им се допаѓа ова.
  4. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Гуглај, разговарај со уролог, земи учебник по урологија ќе видиш.
     
  5. Rebele

    Rebele Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Многу порно актери се прават сунет во тек на кариерата :D
     
  6. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Инфекциите се ретки.
    За да се заштитиш од болести ќе практикуваш сигурен секс.
    Полесна хигиена. Е јеби га ако не се тушираш редовно ќе имаш проблем.
    Канцер на матка, кој и да го спомна претходно, е невозможно, канцер не се фаќа туку така.

    Сега знаеш има и обрежување на вагина, со што се олеснува одржување на хигиена и намалување на инфекција. Кој е процентот на луѓе што го прават ова ? Или тоа е мутирање на полов орган, а ова не ?
     
    На FVP, bibiiii, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  7. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Употребата на циркумцизијата од медицински или здравствени причини е прашање кое продолжува да се дебатира, ама дека е намален ризикот за инфекции, намален е.

    Сигурен секс? Ти секогаш ли користиш кондом?

    Ни растат и умници, па многу ги вадат зашто им прават проблем.
     
  8. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Тоа го дискутираме, ако има потреба од здравствени причини тогаш е ок да се направи. Не секогаш практикувам сигурен секс, ама обрежување сигурно нема да ме заштити.
     
    На bibiiii, cresa-jagoda, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.212
    Пол:
    Женски
    Твое право е да ме сметаш за неначитана, ограничена, па и проста, и не се лутам, ама тоа е мојот став.
    Точно е дека религиите учат на љубов, ама во мојот свет во љубовта постојат граници, а тоа се религиските разлики и пречки, не терам никој на сила да мисли и постапува како мене.
    Правете си како сакате, само дадов мое мислење, имам право на тоа колку и да звучам сурово или ограничено.
    Слободно оди си по твојот пат, ако сметаш дека иако си крстена не треба да одиш по патот кој ти го трасирала црквата и христијанството, океј е, која сум јас насила да те одвраќам од тоа ;)
     
    На SummerGirl, baby-star, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  10. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.949
    Допаѓања:
    31.464
    Шо ако е 21ви век, треба сите да сакаме да бидиме во мешани бракови ?

    Има голема разлика помеѓу ограничен човек, нечитан и да имаш свој став и мислење.
    Веков почнавте во се да го мешате, како оправдување, па ајде 21ви век сме еее.
    Не значи дека сите треба да имаме исти размислувања. Кој шо сака нека си има мешан брак, тој шо не сакам нема да има и тоа не го прави ни нечитан ни ограничен
     
    На SummerGirl, baby-star, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.939
    Допаѓања:
    187.184
    Леле @Stache што збориш?:o
    Ај што е оф топик муабетов, ама сериозно, споредуваш осакатување од субсахарска африка со цел објектификација на жена, со интервенција која во Сад се изведува априори од здравствени причини? Верските аспекти настрана.
    Да не беше оф топик муабетов ќе плеснев некое видео да се едуцираш, колку се споредливи работиве, ама голем си, имаш гугл.
     
    На Luminary, WildMk, Noemi и 4 други им се допаѓа ова.
  12. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Секој нека си живее како сака, не ви одговара не се ставајте во таква позиција и толку. А, што сте ограничени, ограничени сте. Ако имавте прочитано мааалку повеќе ќе имавте многу поразличен став.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.809
    Допаѓања:
    97.258
    Пол:
    Женски
    Во љубовта не постојат граници, во вашиот ум се границите, не ја навредувај љубовта, да знаеш каква сила е љубовта нема со вакви епитети да ја опишуваш, ама не знаеш
     
  14. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Ако го прочиташ одговорот ќе сфатиш дека споредбата ја направив од аспект на мутација на полови органи. "интервенција која во Сад се изведува априори од здравствени причини" - ова веќе не е точно, од пред некое време.

    Сите што не го делат мислењето со тебе ги сметаш за затуцани. Сега си засегната и сме затуцани, во друга ситуација истото не би било случај.

    Srecen ден.
     
    На WildMk, bibiiii, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  15. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Досадивте со навреди и оф топици за сунет во тема за мешан брак, аман со тој верски фанатизам|(
     
    На Just.do.it и Rama им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.939
    Допаѓања:
    187.184
    Има разлика меѓу мутација и осакатување. Различни зборови се:D. Многу информиран дечко си, разбравме. (highfive)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Ако се изведува од здравствени причини, нека се изведува од тие причини.

    Непотребно сечење на детско тело за каприци, обичаи и глупости е сѐ освен современост.
    Против мешани бракови немам ништо, имам против правење такви глупоштини на деца.
     
    На темјанушка, S.W.A.G, Jana06 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.809
    Допаѓања:
    97.258
    Пол:
    Женски
    Сакате еден хинт
    Може нема да ви се верува ама нема да сте наградени повеќе ако мразите се што не е ваша религија. Господ не сака мразачи.
    Најлесно е со некој од иста религија, зошто да се трудам да растам, да си ги проширувам моите граници и видувања, зошто да се предизвикувам, зошто да се соочувам со моите комплекси кога можам да седам во мојата комфорна зона колку и да е закоравена. Постојат луѓе што на дело ви докажуваат дека ваквите врски функционираат, и тоа функционираат јако, ама тоа е, не секој сака да мрдне од мртва точка
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.350
    Допаѓања:
    182.446
    Пол:
    Женски
    А зошто не го седнат и едуцираат детето како се закачува спб, место да му го крцнат малото патлаче?
    Видете, мене лично ми е скроз ок ако жената е скроз ок со обредот од било кои причини, ама не чини кога мажот инсистира и го наметнува истото што е во најголем број случаи.
    Сте си ебале матер ако спб ви е сламчето за кое се држите за да оправдате верски обред кој се изведува со нож.
     
    На темјанушка, S.W.A.G, ElenaOfRivendell и 21 други им се допаѓа ова.
  20. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Никој не оспори дека функционираат некако. Јас лично на членката која ме удави за сунет во тема мешан брак и посакав секое добро. Само ние што не би влегле во мешан брак си изразуваме лично мислење. Јас лично немам против ете пример ти или друга членка да си имате функционален мешан брак.
    Но потенцираме неколку членки на оваа тема кога мажот е муслиман дека жената некако прави поголем компромис со тоа што повеќе се потчинува и прифаќа повеќе негови верски убедувања и обележја. Барем јас за оваа појава пишувам од видени лични примери.
     
    На nextredstyle, christinnn, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.