Јас се извинувам доколку ова што го пишувам не е за тука. Случајно налетав на темава, гледам и дека не е активна, но кога веќе ја видов, би сакала и јас да си се искажам. Јас сум македонка, родена и израсната во Македонија, но имам малце и српски гени, дедо ми бил србин. Од многу мала знам да зборам течно српски и колку што ја сакам Македонија, исто толку ја сакам и Србија, не можам ни да опишам колкава љубов осеќам спрема таа земја и спрема србите како народ. Од секогаш имав желба да имам дечко србин и здравје боже и да се омажам, да живеам во Србија. Сега сум заљубена во србин, и тој е заљубен во мене, рано е да се каже било што, но би била многу среќна доколку таа желба стане реалност. Знам дека и сега ќе се најде некој "паметен" и ќе ме осуди за ова, но јас повторно ќе кажам дека брак меѓу србин и македонка не би го ни нарекла "мешан" брак, јас србите не ги сметам за странци, ние сме едно, иста вера, иста традиција, они се наши браќа и горда сум на тие српски корени што ги имам. Така да, ако има уште некоја со слична "судбина" како мојата, сакам само да и кажам да не се замара што ќе зборат другите, на овој народ никој не му угодил и не ни треба, ако треба некому да му се угоди, тоа сме ние самите. Ако вас ви е убаво, ако сте среќни со тој човек, само напред!
Во темата најмногу е ставен акцент на религиски мешани бракови (христијанство вс муслиманство), а не на националност.
Мешан брак е широк поим, може да се однесува и на религиска и на национална разлика. Како и да е, нагласив во текстот дека се извинувам доколку не е за тука. Сепак, сигурна сум дека на некој можда ќе му помогне кога ќе го прочита мислењето. Поздрав!
Епа блазе тебе, јас сум се сретнала со секакви коментари, од типот: "како смееш да ја мешаш крвта", "Србите се непријатели на Македонија," "не можеш ли некој македонец да најдеш," "не може да ја сакаш Србија како Македонија", итн итн. На тик ток дури наидов и на профил кој пишува секакви гадости за македонките кои се омажиле за срби. Така да, ако ти не си слушнала или не ти се десило на тебе, не значи дека на никој му се нема десено.
Па мајка ми и татко ми беа таков брак. Никад никој ништо им нема кажано, нит па имам сретнато некој. Сосем нормална појава е, за разлика од мешан верски брак.
@Emy867 и на мене, и на девојка што ја познавам, која е исто така мажена за србин. @Feniksgirl секоја чест за твоите родители, се разбира дека е нормална појава и како што и претходно кажав, србите се наши браќа. Ама дека има македонци што осудуваат и пикаат нос кај што не му е место, има. Ете јас сум налетала на такви.
Мене не ми е чудно ,сум имала и јас ситуации кај што сум добила коментар од типот што збориш на српски со Срби ,од кај да научат Србите мк ? Не знам зашто така се навредува и не е само овој пример што сум го имала јас
Браќа дека ни се, не ни се. Денес родениот брат не е веќе брат, а не друг, небитно која националност. Ама сепак далеку помалку осудувачки се коментарите во вакви случаи, отколку кога е вмешана религијата.
Па и твоето тврдење не чини колку и нивната осуда. Србите не ни се браќа. Војните го докажаа тоа. Заради тоа и се таквите реакции. Ок е да си сакаш србин, ама не биди србоманка доколку не сакаш да добиваш такви коментари. Едноставно, терај си ја љубовта без да игнорираш историски неправди. И онака брак со различна националност не е толку осудуван колку брак со различна религија.
А да, и тоа редовно го слушам. "Се правеле дека не нѐ разбираат, така им одговарало". Македонче никако да разбере дека јазиците можда ни се слични, но се сепак различни. Во Македонија се слуша српска музика, се гледаат српски телевизии, филмови, нормално е дека ние повеќе ќе ги разбираме. Не знам само како се осудуваат да зборат лошо за србите, они секогаш ни помагале во невоља, кога и да одам во Србија, се осеќам како дома, таква почит и гостопримство не сум осетила нигде. Они нѐ поштуваат и ценат повеќе од ние сами што си се цениме, прост пример ќе ти дадам, оди на некое македонско видео и ќе видиш дека повеќе позитивни коментари има од срби него од "наши". Еве јас со мојот србин си зборам и на српски, и на македонски, тоа што не го разбира, му го преведувам, ама генерално ме разбира и сака да научи. Но, тоа е друга тема, да не бидам оф топик, поентата ми беше дека не треба да ги слушаме другите што ни зборат, туку да си ја гледаме нашата среќа и да помогнам на некој со иста или слична ситуација на мојата. Ќе ме сфатат тие што треба.
Прво ти мене не ме познаваш за да ме нарекуваш србоманка, ниту имаш право да ми кажуваш јас што да мислам и осеќам. Јас србите ги сметам за браќа, дедо ми бил србин, мои многу драги особи се срби, јас сум израснала со срби и тоа никој не може да ми го одземе ниту да ми го смени мислењето за нив, затоа што во многу ситуации они помогнале, земи го за пример Кочани. Сакаш да ти кажам кој е проблемот на македончето? Па ете ова, што гледа сѐ, освен себе. Да си го гледате својот двор, место да паметувате на други што како да правеле, ќе биде многу добро. Биди ми поздравена, и ти, и другите како тебе. Се надевам дека секој ќе си ја најде среќата, па ќе нема потреба да упатува вакви коментари на непознати луѓе.
Што мислете за брак со Македонка и Турчин? Какви се вашите предрасуди? Повеќето е заради богатство отколку љубов.
Ич не треба фермање за овие ваквите, за мене лично Србите ни се браќа плус секогаш се тука кога треба да ни помогнат, а и во мој круг нема вакви што зборуваат како овие што ги спомена ти и баш ми е мило шо е така.
Нас албанците и турците ни се браќа по се изгледа...стварно срамота вака што збориме за најсличен народ, освен нас Мк и Србите кој друг народ слави слава ? Никој баш...ама не ни се браќа ,непријатели се , најсличен народ сме со нив ,по се и тоа е
@Panda00 јас сум мажена за србин. Прифатена јас кај нив и прифатен тој кај нас. Фала богу немам круг на луѓе што се замараат со политика и осудуваат поради тоа. Јас овде зборам на српски, не затоа што не не разбираат, разбираат баш се ако им се зборува полека. Ние македонците брзо зборуваме, и ради тоа им е тешко да не разберат. Посекако сум дојдена овде да живеам и нормално е да зборувам српски. Како кога одиш германија и зборуваш германски. Ама тоа не е тема. Инаку јас немам сретнато фала богу некој да осудува национално различен брак. И како што велиш ти да ги навредува србите, ама и да има такви не би ги ставила на ум искрено. Секој си прави избор со кој ќе се мажи и тоа никој не треба да го засега освен лично тебе. Затоа уживај и не се замарај. Гледај си го животот и среќата и конентарите настрана