Лудост или не? Какво е вашето мислење во врска со овие кукли? Не се само играчки за деца туку и за возрасни. Ако добро погледнете на youtube, ќе сретнете и американки кои чуваат по 4-5 кукли исто како бебиња. http://www.youtube.com/watch?v=6iR1ngUGy44 http://www.youtube.com/watch?v=FSqRs4kCtZM http://www.youtube.com/watch?v=XL-UcaZoCXg
Разбирам мали девојчиња да си играат со вакви играчки ..добро тоа е сосема нормално.Но кога ќе видам дека некој повозрасен ги возат во количка во Дизниленд,ми изгледа премногу болно.Мислам ајде?Па вистински пелени,облека и такви работи.НЕ!
Керка ми која има 5 години ги виде и одма си посака вакво бебе ама кај нас во македонија незнам дали ги има ?????не верувам немам сретнато за деца немам ништо против а за стари луге Гледајки ги овие на клиповите возрасните добив заклуцок дека вака може да си дозволи особа која никогаш немала вистинско бебе некако е многу морничаво да ги гледаш па ептен делуваат вистински бррррр
Мене ме збуни мајката во првото видео , која порачала таква кукла која личи на нејзиното починато бебе Која сум јас да се мешам како некој ќе жали , ама нели е поболно секој ден да го гледа , може и пружа некоја утеха што знам . Ама мене ми личи дека не сака да се соочи со реалноста бидејки е многу болна , и вака не си дава да жали и да свати дека нејзиното бебе го нема А тоа само ја продолжува агонијата ... А за играчка за деца , па нели е многу 7000 долари за играчка ?
Додека овие чуваат пластични кукли, децана во домовине за деца плачат за мајка и татко... Со 7000 иљади долари, може неможеш дете да исчуваш цел живот, ама колку само ќе му го смениш животот на тоа невино дете, па и на тие жени. До каде ќе оди човековата глупост, сеуште се прашувам. Простете на израз, мене ова ми е лудо, безорабразно лудо и болно...
И јас не сум за ова никако... Неможам ни да ги гледам видеава од што ми доаѓаат некој морбидни работи во глава... Од ова само да се мрднеш со паметот... Онака ми се мрднат народ ова американциве и ваквите работи само ми го потврдуваат тоа Да не должам многу НЕ! НЕ! НЕ!
Американците генерално ги сметам за извитоперена нација чест на некои исклучоци таму кои можеби ги има и можеби не се родени таму не го поддржувам ова дури и со закон би забранила да чуваш нешто што нема да порасне аууууууу неманишто поубаво од обичните кукли бебиња на кои има трепкаат очињата или имаат цуцличка во устата