Еве едно мислење од психолог за "гуруто". Она што тој го збори не е ново. Многу други спиритуални учители го збореле пред него и се сложувам со психологов дека има работи кои ги копира. Но гледајте што зборувал гуруво за депресијата, негде околу 8ма минута од видеово објаснува за неговите ставови. Од психолошка гледна точка негирањето на депресијата како реален проблем и тврдењето дека самиот е "крив" за состојбата е многу штетно за пациентот. Светов и историјата се преполни со харизматични водачи. Секогаш преиспитувајте им ги мотивите а и придобивките на ваквите самонаречени учители.
Немам ништо против индиските "говорници" ама мене сето тоа учење ми е како ај немам пари за на психолог, па со ова поевтино ќе поминам. Исто како што е Ошо - не разбрав зошто е толкаво величење (сум го истражувала, читала и сл.)
А стварно е поефтино? Да не испадне на психолог дека е поефтино. Не знам искрено, зашто не сум запознаена со детали, и дали плаќаат нешто за лекциите неговите ученици. А чув дека финансиите на гуруво се исто дискутабилни... Е сега книга ако купиш, секако е најефтино, ама неспоредливо е. Ќе примиш информации само од хартија..нема двонасочна комуникација.
Не е поевтино,верувај ми. Слична на овие е Ана Бучевич и имаше едно предавање кај нас. Цената беше 4000 денари. Другар беше затоа знам.А јас на психолог плаќав 2000. Па ај види сама што е поевтино. Али секој за него си знае што е најдобро.
Психологот кој е постиран погоре според мене е еден од најдобрите на онлајн платформиве. Ми се допаѓа како пополека навлегува и добро објаснува, и секако сувиот хумор. Препорачувам да го гледате, на милион теми и персони има зборувано.
Во смисла на долгорочен ефект, поефтино и покорисно е психотерапевт. Овој гуруво млати празна слама, плус вреѓа и исмева наместо да помогне, па после дополнително ќе се бара помош од психолог за да се справат со траумите.
Не знам баш за овој гуру сега го видов видеото и не разбирам англиски за да го гледам. А имам една негова книга само што ја немам прочитано.Повеќе ги пратам србиве што снимаат вакви видеа. Ретко некој странец ако има превод на некое видео. Кај мене баш е обратна ситуацијата. Кај што идев на психолог и беше смешна мојата мака и се смееше, место да ми помогне. Сега продолжив да гледам некои видеа за да си дојдам при себе. И кога ќе го кажам на некој ова не ми верува. Твое си е. Али вакво е моето искуство, за жал..
Да, но психологот (претпоставувам) не тврдел дека е саду ниту гуру. Овој вели дека е и едно и друго: Sadhguru. Ако едниот психолог не чини, одиш кај друг, не се презентира себе си како незаменлив. А тие 2000 денари што ги спомна за колку времетраење од сеанса ги даваше? Јас 900 ден. давав за сеанса од 90 минути, додуша поодамна беше, не скоро.
За тоа си во право дека постои замена али јас сум доволно разочарана така да сама ќе си барам спас. Иначе за саат време беше 2000. Скоро беше и ја излажав дека имам корона за да не отидам веќе кај неа. Кога беше најопасна короната ме примаше кај неа дома и се тоа во ред али односот со мене и беше ужас. Не знам дали е со други таква како што се фалеше пред мене дека сите ја сакале али она си знае.
офф топик: Дали ѝ го стави тоа до знаење? Елементарен услов за психотерапија е меѓусебната доверба клиент-психолог. Една од првите инструкции што ми беше кажана беше: “Доколку ти пречи нешто кај мене (психотерапевтот) те молам веднаш тоа да ми го кажеш, со цел да го смениме доколку е тоа можно - а ако не е можно ќе биде потребно да најдеш други, во спротивно трудот и дадените пари ќе бидат бадијала.„. Исто така секогаш кога ќе ѝ беше смешно нешто во врска со моите родители или пријатели ќе се извинеше и ќе објаснеше зошто ѝ е тоа нејзе смешно и што од тоа согледување може да се научи, но никогаш немаше потсмевање. Не си требала да ја излажеш туку отврорено да ѝ соопштиш зошто си донела одлука повеќе да не бидеш нејзин клиент. На тој начин би ѝ дала шанса да научи нешто и да се корегира кај следните клиенти. Дали ќе постапи самата таа така, на тоа веќе не можеш да влијаеш, но во психотерапијата е мошне важно да не се премолчуваат работите.
Ќе не преместат во темата психолог како ни тргна муабетов Иначе мојава ми се потсмеваше. Да се смееше нормално ќе прифатев. Ништо страшно од тоа. Доволно други што ми се потсмевале кога ќе сум спомнела некој проблем и фалеше уште и она. Затоа и така постапив. Ништо не и кажав туку само не отидов повеќе кај неа. Нема сигурно јас да учам возрасна жена како треба да се понаша со пациенти. Јас дури ни на форумов што не ги познавам па не сум им се понашала така чудно ...
Не станува збор ти нејзе да ја учиш нешто, туку станува збор за она што во психотерапијата се нарекува личен развој. Ти би се чувствувала подобро а истовремено би ѝ дала шанса таа да препознае нешто и да се промени. Така допринесуваме постепено и светот околу нас да се менува кон подобро. Дали таа ќе ја искористела шансата, во тоа не е наше да навлегуваме. Во секој случај те охрабрувам да не престануваш туку да продолжиш да работиш врз себе, на долг рок се исплати многу. Психотерапијата ако се работи со соодветен терапевт, знае чуда да прави. За жал мнозинството луѓе тоа ниту го знаат, ниту сметаат дека имаат потреба од такво нешто и тогаш се чудат зошто светот околу нив е таков каков што е.
https://youtube.com/shorts/1OHM9zeiziM?feature=share Do you feel lonely? - I have never been lonely, because The Creator has never left me for a moment. ... When you are alone and you feel lonely obviously you are in a bad company (spiritually Satan's company) Истово го мислам зашто никогаш не се чувствувам осамено.
Го имам видено, на инста ми искочиле видеа негови чат пат. Искрено не ми се свиѓа и не го слушам баш. Не ми привлече внимание.
^ Исто али ова ми се свиѓаше што го кажа за осаменоста...а посебно ми се свиѓа што толку еднoставен логичен заклучок направи дека постои Креатор. There is a creation so obviously there is a creator.
Тоа е стар заклучок и воопшто не е негов. Истиот може да се прочита и во некои од книгите на Јеховините Сведоци (на пр. во „Животот - како настанал? Низ еволуција или создавање?„), во една од книгите на Харе Кришна заедницата (на пр. во „Животот од живот настанува„), книгите по исламска веронаука наменета за децата кои посетуваат медреса (верско училиште) но не се сеќавам на конкретниот наслов.