Прашањево не знам дали е најсоодветно во темава, ама во друга продавница не ми се случува. Во кој дуќан на Синсеј и да пазарам, фискалните не ми се скенираат за поврат на ДДВ, ми вика грешка во верификација. Прво мислев ајде нешто лошо се испринтало, ама во 3 различни дуќани и само од Синсеј тоа се случува. Сите други фискални нормално си ги скенирам. Мислите намерно така ги принтаат?
Не. До типот на фискални принтери е, такви очигледно имаат во сите продавници. Баркодот не е во исти димензии како што треба мислам.
За Прилеп без проблем ги скенирам. 2 продавници имаат, со ниедна сум немала проблем. За од друг град одамна не сум земала.
И мене истото ми се случува. Додека пак, кај онлајн нарачките секогаш успешно се скенирала фискалната. Патем, јас сум изненадена од последнава онлајн нарачка, ја одбрав опцијата да ја подигнам директно од дуќан. Направена на 29-ти мај, во понеделникот беше веќе стасана во дуќан. Не знам дали повторно би се одлучила на достава до дома, дефинитивно доставувачите ја комплицираат работата со доцнењето.
Јас да си се самоцитирам за мојата нарачка. Откако им се пожалив на емаил, уште сабајлево добив нов одговор дека нарачката е во дистрибутивен центар спремна за достава и веќе во 12 часот на пладне ми беше пред порта, некако магично помина и царина и све, а само мислам дека била во некој ќош забаталена. Така да на сите вас што ви доцнат нарачките, пишете им на суппорт.
Исто...едната фискална беше од онлајн нарачка мислев до тоа да не е, па враќав нешто во продавница па таму ми дадоа нова и таа не ми ја скенираше
Поминаа 14 дена скоро , од ресервед сеуште немам вратено пари се го вратив производот ... За колку време Ви враќале рефундација?
Јас пред две недели оставив во дуќан, дури после една недела ми стигна меил дека повратот е прифатен и уште немам пари. Не знам кај да се обратам
На веб страната оди во контакт центар и пиши им, јас се зачудив толку брзо што ми вратија пари, обично сум чекала недела или две.
Ми се случи и мене сега, сменив скенер на напреден 2 и ми се скенира. Претходно ми беше само на Напреден.