Изгледа целата убава гардероба на попуст е веќе распродадена. Од Stradivarius се разочарав, мислев ќе најдам таму убави парчиња и едвај чекав да влезам во бутикот, ама како влегов така и излегов. Ништо не ми се допадна, поради тоа не ги разгледав ниту цените. Pull&Bear ништо поразлично, и од таму веднаш излегов. Или јас премногу очекував или навистина немаше ништо посебно. Од Bershka сум задоволна, имаше доста интересни парчиња на попуст, ама овој мојов се туфкаше се пуфкаше па морав брзо да излезам. Zara e скапа со пупуст, па камоли без него. Најголем попуст имаат на палтата и капутите. Во tally weijl мислам дека нема попуст, ама цените (барем на она што го гледав) не беа многу високи. Генерално од денешнава прошетка не сум задоволна, не поради попустите-туку поради изборот. Мислам дека низ Центар ако си прошетав повеќе ќе се израдував. Поголем избор ќе имав и каде-каде по прифатливи цени.
Бев во сити мол два три пати и дефинитивно нема да купувам таму освен керфур.Тимберленд се скинав од смеење од цените, јас за себе онлајн си купив тимберленд чизми за 35оо денари тука се 12.000 а за син ми чизми за 25оо, а ги порачав од америка.Најн вест преубави штикли за 2500 денари а во сити мол уште на излог решив да не влезам.Наутика тенка јакна онлајн за 2500 денари овде и тоа скромниот избор од две три парчиња беа над 5000 денари.Ужзс. Од детските брендови картерс, прескапо итн.Решив два пати годишно да си порачувам онлајн на попуст ама во сити мол јок. Уште не проверив дали е отворена игротеката па покрај керфур, киното и тоа ке биде единственото нешто што ќе го посетувам.А за некој помал шопинг ке тркнам во грчка ама да плаќам нереални цени немам намери.
Па и не е толку далеку де.Мене ми се убави вецињата.Што е најважно се чистисекогаш има тоалетна и сапун,убаво е средено...Што му фали?
За Massimo Dutti дечко ми постојано ме фураше како чекал попуст, какви добри ствари имале, бла бла бла... јас не се палам на брендови, не функционирам така, ама за негов атер ајде влегов (дури двапати) во продавницата и ем зажалив, ем се изнасмеав. Можеби еве за мажи имаат убави парчиња, ама не можам да им ја сконтам женската таргет група на MD. Која е таа жена поточно, што сака да ги носи тие парчиња? Колку години има, каде ќе ги м`кне тие каки грозни и пастелни умртвени сомнителни џемпери и кошулки со чуден крој? И цените, omfg, обично жолто каивче на попуст чинеше 700 ден.???!!! Нормални ли сте вие луѓе? И внатре ми е некако задушливо и восочно, можеби во нормалниот свет брендов е одличен, изборот кај нас е очаен. Цените - за смеа и главоболка. Нималку воодушевена. Ако ви се верува, за Нова година добив подарок обетки од Страдивариус. Го отварам сајтот, чисто колку да им ја видам цената, живо ме занимаше. Прво, на сликата и во живо се два различни света. Верувајте, секоја една од вас може да ги склопи тие обетчиња. Не, да направи поубави. Јас исто купив обетки за подарок, моите се далеку пософистицирани и поубаво изгледаат, а чинат точно 10 пати помалку. Ама јбг, немаат етикета Страдивариус. Од тоа си патиме ние, зависни сме од бренд и име. Некому му е ќејф и побитно да влече и да биде виден со ќеса под рака со фамозен натпис, отколку што има во неа и колку вреди истото. Во Зара не сум влегла, ниту планирам. Дечко ми беше разочаран, зашто тоа што го имало на сајтот со попуст, во продавницата - аш. Или се распродало експресно или вика - вработените си ги кријат за себе. Не знам искрено кој крие сакоа за возрасен маж со онакви patchwork парчиња додадени на лактите. Нам такви ни крпеа на колениците како помали, да не си ги упропастуваме панталоните додека се влечеме по земја. Народе, освести се, и не дозволувај да те плескаат во мозок за сопствени крваво заработени пари. Прошетај малку, разгледај наоколу, мал милион ноу бренд нејм продавнички ти нудат 10 пати подобра и поквалитетна гардероба, за 3 пати помалку. Еден бутик со смешно име Прчла гарантирам дека има 100 пати подобар и поевтин избор од една вошлива Зара.
Трендафилка мене ми кажаа во Солун истите работа Зара што ги има тука,тамо се за 3 пати поефтини,значи овде се напумпани цените.
страшно набилдани цени-има далеку поубави бутикчиња кои нудат 10 пати поефтини и поубави гардероби!!!
Дали денес (02.01) некој бил во Сити Мал? Сакам да одам во Карфур, ако некој бил денес ПЛС кажете ми дали работи денес? Да не прават попис, па да се акам до таму за џабе!
Задоволна сум од попустот во Бершка, Страдивариус и Пул енд Бер, иако си купив само една широка бордо сукњичка. Ќе се убиев од шопинг ако немаше толку гужва, ама тоа беше невозможно. Во Бершка чекав точно пола саат за во гардероба, и кога сакав да отидам на каса имаше што да видам, тродупло поголем ред. И со тешко срце си ги оставив работите. Ќе одам утре, се надевам нема да биде толку прчварник.
Квалитетот (треба да) е тоа што ги прави работите поскапи или поефтини, е сега зависи до бренд, некои продаваат роба со просечен квалитет но убав дизајн пример и имаат добар маркетинг па ете ти цени од кои ќе те фркне во глава...Би дала убави пари за парче облека кое знам дека ќе го носам повеќе од една или две сезони а не при првото перење да е веќе напола уништено, чизми кои после 2-3 месеци веќе се излупени а штиклата расцветана... Не е секогаш непотребно фрлање на пари, ако имаш тогаш подобро купи квалитетно, но да знаеш нели дека плаќаш квалитет и дека ќе го носиш подолго наместо нешто што знаеш дека ќе треба да го смениш за брзо време... Инаку попустите кога почнуваат, или почнати се веќе?
Не знам што роба има во Скопје во Massimo Dutti, јас купувам од странство, но се што сум купила досега е со одличен квалитет и дизајн. Секогаш кога носам нешто од Massimо, ама секогаш, луѓето околу мене ми коментираат колку сум фраерски облечена. Дека е скапо за МКД услови, да-многу е скапо. Ама ако си во странство и начекаш попуст (ко јас во Шпанија летово-кондури и сандали по 35 евра) тогаш е супер deal! Инаку, и денес на работа носам кошула, сако и сукња од Massimo Dutti, (купени во Германија) и баш прееска 2 колешки ме испофалија дека сум топ облечена.
Еве македонски попуст 4699 на 4499 5%? Убичу се. Мене ми се допадна дел од робата на Бершка, зш е пристапна а и убавки парчиња. Страдивариус така така. Котон има убава роба за мој вкус, ама некако скапичка засега. Зара ухууу убаи работи ама претеризам со цени, мислам кажав еднаш тука пред неколку години во зара купував со 20 евра 3 работи, последниве години нема кошула под 30 евра на попуст. Се на се чекам попуст после 10-15 јануари. Ама колку ќе има избор не знам. Во Космос на пример иако има попуст вршат повторно допуна на робата од магацини, тука некако не верувам дека ќе постои тоа, прво од причина што со 50% нема допуна а камо ли на 70%. Изгледа ептен малце ни донеле роба годинава, а ние ќе се потепаме по тоа како има редици на касите. Него ај што има редици, туку луѓево за прошетка во Сити мол се дотеруваат ко да одат на бал
Вчера бев на кратко, заклучив дека има мнооооогу повеќе шетачи отколку купувачи-еден куп родители со деца си се шетаат ко на корзо да се, ходниците преполни со луѓе, во продавниците максимум 2-3. Не знам што е причината...дали сите се испукаа во шопинг пред нова година или сите чекаат поголеми попусти, ама...изгледа основната причина е дека народот нема пари!!!
Паааа, како да ти кажам . Не би рекла дека е така. Еве и зошто. Јас вчера бев чисто да видам ситуација пред големи попусти и несомнено се купува на велико. Во Бершка стварно имаше премногу луѓе и редици. Инаку попустиве ми се свиѓаат најмногу во Страдивариус, Њу Јоркер и Бершка. А пред да отидам чисто информативно ги разгледав цените на нет на одредени брендови и веќе знаев што ќе си земам, па директно без да се влечам од продавница во продавница отидов во Страдивариус и си земав една блузичка од 1000 на 450 денари. Криво ми е што не влегов во Пул енд бер, еве сега разгледувам фини блузички за секој ден има до 400 денари. Зависи каде влегуваш. Еве, дел од оние што сега - засега имаат добар попуст ги споменав погоре. Во Зара е изгор и на попуст. http://www.zara.com/webapp/wcs/stores/s ... -s/317502/