Skopje City Mall

Дискусија во 'Мода и стил' започната од cvetce93, 23 август 2012.

  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Изгледа целата убава гардероба на попуст е веќе распродадена.
    Од Stradivarius се разочарав, мислев ќе најдам таму убави парчиња и едвај чекав да влезам во бутикот, ама како влегов така и излегов.
    Ништо не ми се допадна, поради тоа не ги разгледав ниту цените.
    Pull&Bear ништо поразлично, и од таму веднаш излегов. Или јас премногу очекував или навистина немаше ништо посебно.
    Од Bershka сум задоволна, имаше доста интересни парчиња на попуст, ама овој мојов се туфкаше се пуфкаше па морав брзо да излезам.
    Zara e скапа со пупуст, па камоли без него. Најголем попуст имаат на палтата и капутите.
    Во tally weijl мислам дека нема попуст, ама цените (барем на она што го гледав) не беа многу високи.
    Генерално од денешнава прошетка не сум задоволна, не поради попустите-туку поради изборот.
    Мислам дека низ Центар ако си прошетав повеќе ќе се израдував.
    Поголем избор ќе имав и каде-каде по прифатливи цени.
     
    На rosebush му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Јас сум најзадоволна од Massimo Dutti и од Bershka.
    Zara ми е најголемо разочарување.
     
  3. petarpan

    petarpan Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Бев во сити мол два три пати и дефинитивно нема да купувам таму освен керфур.Тимберленд се скинав од смеење од цените, јас за себе онлајн си купив тимберленд чизми за 35оо денари тука се 12.000 а за син ми чизми за 25оо, а ги порачав од америка.Најн вест преубави штикли за 2500 денари а во сити мол уште на излог решив да не влезам.Наутика тенка јакна онлајн за 2500 денари овде и тоа скромниот избор од две три парчиња беа над 5000 денари.Ужзс. Од детските брендови картерс, прескапо итн.Решив два пати годишно да си порачувам онлајн на попуст ама во сити мол јок. Уште не проверив дали е отворена игротеката па покрај керфур, киното и тоа ке биде единственото нешто што ќе го посетувам.А за некој помал шопинг ке тркнам во грчка ама да плаќам нереални цени немам намери.
     
  4. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Па и не е толку далеку де.Мене ми се убави вецињата.Што е најважно се чистисекогаш има тоалетна и сапун,убаво е средено...Што му фали? :)
     
  5. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Леле првиот пат кога отидов... Бруки! Кој и да сретнев прашував кај е ве це- то! :tmi:
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    За Massimo Dutti дечко ми постојано ме фураше како чекал попуст, какви добри ствари имале, бла бла бла... јас не се палам на брендови, не функционирам така, ама за негов атер ајде влегов (дури двапати) во продавницата и ем зажалив, ем се изнасмеав.
    Можеби еве за мажи имаат убави парчиња, ама не можам да им ја сконтам женската таргет група на MD.
    Која е таа жена поточно, што сака да ги носи тие парчиња? Колку години има, каде ќе ги м`кне тие каки грозни и пастелни умртвени сомнителни џемпери и кошулки со чуден крој?
    И цените, omfg, обично жолто каивче на попуст чинеше 700 ден.???!!!
    Нормални ли сте вие луѓе? |(
    И внатре ми е некако задушливо и восочно, можеби во нормалниот свет брендов е одличен, изборот кај нас е очаен. Цените - за смеа и главоболка.
    Нималку воодушевена.

    Ако ви се верува, за Нова година добив подарок обетки од Страдивариус. Го отварам сајтот, чисто колку да им ја видам цената, живо ме занимаше.
    Прво, на сликата и во живо се два различни света.
    Верувајте, секоја една од вас може да ги склопи тие обетчиња. Не, да направи поубави.
    Јас исто купив обетки за подарок, моите се далеку пософистицирани и поубаво изгледаат, а чинат точно 10 пати помалку.
    Ама јбг, немаат етикета Страдивариус.
    Од тоа си патиме ние, зависни сме од бренд и име.
    Некому му е ќејф и побитно да влече и да биде виден со ќеса под рака со фамозен натпис, отколку што има во неа и колку вреди истото.

    Во Зара не сум влегла, ниту планирам. Дечко ми беше разочаран, зашто тоа што го имало на сајтот со попуст, во продавницата - аш. Или се распродало експресно или вика - вработените си ги кријат за себе.
    Не знам искрено кој крие сакоа за возрасен маж со онакви patchwork парчиња додадени на лактите. |(
    Нам такви ни крпеа на колениците како помали, да не си ги упропастуваме панталоните додека се влечеме по земја.

    Народе, освести се, и не дозволувај да те плескаат во мозок за сопствени крваво заработени пари.
    Прошетај малку, разгледај наоколу, мал милион ноу бренд нејм продавнички ти нудат 10 пати подобра и поквалитетна гардероба, за 3 пати помалку.
    Еден бутик со смешно име Прчла гарантирам дека има 100 пати подобар и поевтин избор од една вошлива Зара.
     
    На Madonna, anuskaNESTLE, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Трендафилка мене ми кажаа во Солун истите работа Зара што ги има тука,тамо се за 3 пати поефтини,значи овде се напумпани цените. :)
     
  8. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    страшно набилдани цени-има далеку поубави бутикчиња кои нудат 10 пати поефтини и поубави гардероби!!!
     
    На Agrona и vitomir им се допаѓа ова.
  9. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    Дали денес (02.01) некој бил во Сити Мал? Сакам да одам во Карфур, ако некој бил денес ПЛС кажете ми дали работи денес? Да не прават попис, па да се акам до таму за џабе!
     
  10. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    ^ Работи. Брат ми е моментално таму..
     
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Задоволна сум од попустот во Бершка, Страдивариус и Пул енд Бер, иако си купив само една широка бордо сукњичка. Ќе се убиев од шопинг ако немаше толку гужва, ама тоа беше невозможно.

    Во Бершка чекав точно пола саат за во гардероба, и кога сакав да отидам на каса имаше што да видам, тродупло поголем ред. И со тешко срце си ги оставив работите. Ќе одам утре, се надевам нема да биде толку прчварник.
     
  12. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    Супер, ФАЛА за инфо, ќе одам после работа.
     
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Женски,вреди ли да се оди ? Да не бидат цените од 3999 на 3899...
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Квалитетот (треба да) е тоа што ги прави работите поскапи или поефтини, е сега зависи до бренд, некои продаваат роба со просечен квалитет но убав дизајн пример и имаат добар маркетинг па ете ти цени од кои ќе те фркне во глава...Би дала убави пари за парче облека кое знам дека ќе го носам повеќе од една или две сезони а не при првото перење да е веќе напола уништено, чизми кои после 2-3 месеци веќе се излупени а штиклата расцветана...
    Не е секогаш непотребно фрлање на пари, ако имаш тогаш подобро купи квалитетно, но да знаеш нели дека плаќаш квалитет и дека ќе го носиш подолго наместо нешто што знаеш дека ќе треба да го смениш за брзо време...
    Инаку попустите кога почнуваат, или почнати се веќе?
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски

    Не знам што роба има во Скопје во Massimo Dutti, јас купувам од странство, но се што сум купила досега е со одличен квалитет и дизајн. Секогаш кога носам нешто од Massimо, ама секогаш, луѓето околу мене ми коментираат колку сум фраерски облечена. Дека е скапо за МКД услови, да-многу е скапо. Ама ако си во странство и начекаш попуст (ко јас во Шпанија летово-кондури и сандали по 35 евра) тогаш е супер deal! Инаку, и денес на работа носам кошула, сако и сукња од Massimo Dutti, (купени во Германија) и баш прееска 2 колешки ме испофалија дека сум топ облечена. :!:
     
    На wanderlust и goddess.Of.chaos им се допаѓа ова.
  16. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Има некои попусти?? :)
     
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Еве македонски попуст
    [​IMG]

    4699 на 4499 |(
    5%? Убичу се.

    Мене ми се допадна дел од робата на Бершка, зш е пристапна а и убавки парчиња.
    Страдивариус така така.
    Котон има убава роба за мој вкус, ама некако скапичка засега.
    Зара ухууу убаи работи ама претеризам со цени, мислам кажав еднаш тука пред неколку години во зара купував со 20 евра 3 работи, последниве години нема кошула под 30 евра на попуст.

    Се на се чекам попуст после 10-15 јануари. Ама колку ќе има избор не знам.
    Во Космос на пример иако има попуст вршат повторно допуна на робата од магацини, тука некако не верувам дека ќе постои тоа, прво од причина што со 50% нема допуна а камо ли на 70%.
    Изгледа ептен малце ни донеле роба годинава, а ние ќе се потепаме по тоа како има редици на касите.

    Него ај што има редици, туку луѓево за прошетка во Сити мол се дотеруваат ко да одат на бал |(
     
    На Divinebutterfly и Hipster им се допаѓа ова.
  19. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    Вчера бев на кратко, заклучив дека има мнооооогу повеќе шетачи отколку купувачи-еден куп родители со деца си се шетаат ко на корзо да се, ходниците преполни со луѓе, во продавниците максимум 2-3. Не знам што е причината...дали сите се испукаа во шопинг пред нова година или сите чекаат поголеми попусти, ама...изгледа основната причина е дека народот нема пари!!!
     
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499

    Паааа, како да ти кажам :D. Не би рекла дека е така. ;)
    Еве и зошто.

    Јас вчера бев чисто да видам ситуација пред големи попусти и несомнено се купува на велико. Во Бершка стварно имаше премногу луѓе и редици. Инаку попустиве ми се свиѓаат најмногу во Страдивариус, Њу Јоркер и Бершка. А пред да отидам чисто информативно ги разгледав цените на нет на одредени брендови и веќе знаев што ќе си земам, па директно без да се влечам од продавница во продавница отидов во Страдивариус и си земав една блузичка од 1000 на 450 денари. Криво ми е што не влегов во Пул енд бер, еве сега разгледувам фини блузички за секој ден има до 400 денари.



    Зависи каде влегуваш. Еве, дел од оние што сега - засега имаат добар попуст ги споменав погоре.
    Во Зара е изгор и на попуст.
    http://www.zara.com/webapp/wcs/stores/s ... -s/317502/
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.