Taskforce

Дискусија во 'Барање работа' започната од GirlLove, 3 август 2023.

  1. YourGirl

    YourGirl Нов член

    Се зачлени на:
    Понеделник
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Значи затоа бараат нови работници
     
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.103
    Допаѓања:
    18.202
    Лојален беше човеков, јас нз или му сметаше оти е поќе интелегентен и му се буни за шо смета дека не е во ред.
    Се чудам....
     
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    4.035
    Допаѓања:
    15.413
    Пол:
    Машки
    И мене ова ми нема логика, да заменуваат вработени со американци кога за да вработиш еден американец фирмата ќе ја кошта неколку пати повеќе, тоа е и целта на outsorcing-от. Земенување со AI, тоа има смисла.

    Чекај малку, осигурувањето во нашата држава се врши врз основа на неделни, а не дневни часа, тоа прво.

    Второ, какво е тоа осигурување со минимална плата за 4 дневни часа и за 8? Ако е минимална платата сите ќе земаат исто, без разлика дали се осигурани на 4 или на 8 дневни часа? Ова со часовите и платите навистина не ми е јасно...
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    3.430
    Пол:
    Женски
    Не знам. Муабетот не е од мене туку ми е од повеќе лица пренесен. Инаку и така веќе сите исто земаат, изедначени се со платата без разлика на работно искуство и образование.
     
    На Waverly Raven и GirlLove им се допаѓа ова.
  5. nymphetica

    nymphetica Нов член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2026
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Фирмата е merged со друга фирма сега(LYP). Тие притискаат за повеќе агенти од Америка и AI. Има клинч меѓу агенти од Америка и Македонија.
     
  6. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.103
    Допаѓања:
    18.202
    Јас кога работев ги избркаа сите американци.
    Останавме само мкд.
    Чудно ми е да бараат, пак.
    Тие имаат повисока плата од нас.

    Слушнав дека Филипинци ќе вработувале.
    Шо и реално се најниско платени.

    Таман пола мкд, пола од Филипини
     
    Последна измена: 23 јуни 2026 во 23:04
  7. YourGirl

    YourGirl Нов член

    Се зачлени на:
    Понеделник
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Секој си пренесува како што му одговара. Некој слушнал а не дослушал и толку фали да се шират дезинформации. Не велам дека не е така ама зошто би барале работници доколку планираат да ги заменат со АI.. Сепак никој од нас не знае што се случува во фирмата така да може само бош муабети да си правиме.
     
  8. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    3.430
    Пол:
    Женски
    Каде што има чад има и оган така да не се целосна лага муабетите. Воедно јас му верувам на луѓето кои ми ги пренесуваат овие информации , особено на тие кои се на функција. Ич да не се секираш за делот со барање на работници, истите ќе бидат отпуштени во рок од 3-6 месеци, што воедно се случуваше уште додека јас работев таму, така да и да те примат немаш никаква гаранција дека ќе останеш. На еден куп колеги не му ги продолжија договорите после 3-6 месеци.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. YourGirl

    YourGirl Нов член

    Се зачлени на:
    Понеделник
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Секако сум студент и не планирам да останам повеќе од три месеца. Во мојот град немам слушнато многу негативни коментари за фирмата и ми спомнаа дека е баш лабаво така да можеби зависи и од градот и од колегите.
     
  10. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    3.430
    Пол:
    Женски
    Јас ти кажав како стојат работите од прва рака, а ако ти одбиваш да веруваш тоа не е мој проблем. Таа е реалноста па сега како сакаш прави понатаму. Толку од мене.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. flawless.

    flawless. Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    Мене искрено ми нема логика да вложуваат во нови канцеларии и да унапредуваат вработени во период на пропаѓање, а познавам доста личности унапредени пред скоро време, бидејќи голем дел од моја околина работат таму во различни сектори. Имам доста блиски кои се таму со години, некои најобични работници некои на нешто повисоко и никој не спомнал нешто вакво :?: Овие теории со платите и осигурување на 4 а работно време 8 на црно уште помалку логични и баш ме интересира што ќе испадне :D
     
    На YourGirl и Amellie13 им се допаѓа ова.
  12. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.103
    Допаѓања:
    18.202
    Никој не ве тера да верувате.
    И секогаш може некоја друга фирма да работи и да го изнајми просторот.

    И пак ќе се лапнат пари на велико.

    Реков јас, шо народ сме бе, некој ти кажува што се дешава а ти.

    Не вреди дискусија. Реков, не вреди.

    Нека ве испобркаа сите па..
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. YourGirl

    YourGirl Нов член

    Се зачлени на:
    Понеделник
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Тука можеш само негативна енергија да се наполниш, а и да е така не е единствена фирма во светот па толку да се замарам.
     
  14. orxideya

    orxideya Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2021
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Агенти од Америка нема ни да најдат за таа плата и услови што Taskforce ги нуди. Без разлика што сте слушнале, бидете малку реални - фирмата е отворена затоа што никој несака да работи таква работа на запад за мизерни 600$.

    А пак вештачката интелигенција уште не е доволно унапредена да замени човек на телефон или компјутер.