Temu

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Avenged, 29 октомври 2024.

  1. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    12.040
    Пол:
    Женски
    Јас имам 2 пара до сега задоволна сум,имам и патики ама ги немам носено уште, вака добри изгледаат.
     
    На El Proffessor, mart123 и sani99 им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.043
    Допаѓања:
    203.782
    Пол:
    Женски
    Колешката нарача два пара сандали, едните на ниска платформа, другите со ниска штикла, златна боја и двете, стигнаа минатата недела и презадоволна е. Вика ко боса да сум, толку се лесни и удобни. Долгорочно како ќе се покажат, ќе видиме.
     
    На mart123 и pamelche им се допаѓа ова.
  3. Bube15

    Bube15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Како добивате подароци јас имам околи 18 000 до сега потрошено користам само дневно еден прозвод ми го дава на 80% и цело време кредит 70 или 60 посто назад
     
  4. Bube15

    Bube15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Јас нарачав 4 пара презадоволна
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  5. milicka12

    milicka12 Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2024
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Дали некој до сега вратил производи од тему, која е процедурата?
     
  6. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    72
    Како е тоа со кредитот?
     
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.887
    Допаѓања:
    15.964
    Пол:
    Женски
    Значи страшни се овојпат ЕЛС..
    Стигнато пред недела дена, со денови си ја шетаат пратката, абер немаат да се јават |(

    Првпат ми се дешава преку нив за Тему, другите карга навремено си доставуваа.
     
    На El Proffessor му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    20.092
    Девојки (и по некој дечко) што сте активни на темава,

    Ве молам за информација со каква картичка плаќате?

    Се заразив, се ми се свиѓа, сакам се да нарачам ама ептен (ептен, ептен, ептен!) ми е шубе да плаќам со мојата картичка. Порачавме заедно со другарка која има интернет картичка за онлајн купување од Стопанска Банка ама срам ми е стално да ја замарам она да ми пушта нарачки.

    Да скратам, дали е безбедно да си плаќам со картичката на која примам плата? :)

    Потпис,
    Тотален дудук за онлајн купување
     
  9. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    7.652
    Пол:
    Женски
    Виса
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.555
    Допаѓања:
    9.238
    Пол:
    Машки
    Со секоја дебит Мастеркард или Виза картичка можеш да плаќаш. Внесуваш име и презиме, бројките на картичката од предната страна и трите црни бројки од задната страна на картичката и датум до кога има важност картичката.

    Се е безбедно и нема никаков проблем.
     
    На Melissa_39, Трагедијаупмм и Nausicaa им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.427
    Допаѓања:
    59.585
    Пол:
    Женски
    Јас плаќам со дебитна Мастеркард, на истата каде што ми стига плата, безбедно е. :) Само немој да те лажат пораки со линкови демек да доплатиш за да ти достават и слично, тоа е спам и така се крадат податоци од картичката. Самата Тему апликација е сосема безбедна.

    Инаку да се пофалам, денес стигна пратка што ја порачав на 23ти јуни, нема ни две недели, ова е најбрзо досега. :D Ми стигнаа некои ствари таман пред одмор, а се плашев дека ќе заминам пред да стигнат.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ataneR

    ataneR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    Јас си отворив нова сметка на истата банка и со таа картичка плаќам онлајн, иако сум немала проблем. Заради твоја безбедност подобро направи нова, барем кај мене во Уни не ми наплаќаат ништо за 2та сметка.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Paula123

    Paula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2020
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Девојки, дали имате нарачувано купачи? Дали ви се имаат погодено? Гледам дека имаат многу убави модели и не се скапи, ама проблем е кај мене што за горе носам S а доле M :^)
     
  14. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.887
    Допаѓања:
    15.964
    Пол:
    Женски
    Јас имам порачано, вкупно три пара.
    Баш интересни моделчиња имаат, и ко што сакам се.

    Погледни ги табелите, има димензии, вторите табели им се за конкретното парче, а првите се со мерки на тело.
    Јас втората само ја гледам.

    Броевите, бар на овие јас што ги имам се сосема ок, мислам и С да порачаш комплет, добри би ти биле, само провери димензии, а материјалите еластични се.

    Јас еве обратно, горен дел поголемо ми треба, па не сум имала проблем никаков. Но сепак зависи од моделот, затоа прати ги димензиите.
     
    На Paula123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.427
    Допаѓања:
    59.585
    Пол:
    Женски
    Убави се купаќите, супер за тие пари, јас си порачав. Но и јас го имам проблемот што сум различни бројки горе и долу, и нема шанси да погодам еден број за горе и долу. Долу сум поголема, а горе таман, два броја сум разлика.
    Така да си порачав две големини, ги зедов долните поголеми а горните помали, другите и ги дадов на мајка ми бидејќи таа е обратно од мене.
     
    На Paula123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    1.152
    Пол:
    Женски
    јас имам нарачано за 190 ден и супер се
     
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.887
    Допаѓања:
    15.964
    Пол:
    Женски
    Шо е со Тему работава?
    Праиш муабет дека ти се погодил производот, задоволен си, се мислиш пак дали да нарачаш во друга боја, за кратко токму тој продукт ти го дава за многу пониска смешна цена, и како вака жити се да одолееш? :^)

    Не еднаш вака ми се има десено, претходно нешто што ми требаше и го сакав, токму тоа го даде да го изберам и тоа како подарок, за 0 денари..
     
    На Трагедијаупмм, SummerGirl и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  18. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    7.652
    Пол:
    Женски
    Даваат и за 0 денари?
     
  19. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.887
    Допаѓања:
    15.964
    Пол:
    Женски
    Да, имам земено две работи бесплатно, но претходно мораш да имаш порачано над одреден износ.

    Ова беше кога првпат порачував, а и сега повремено гледам на мејл во делот promotions знае да стигне некој таков мејл со линк, имав видено дека нудат и 3 ствари бесплатни, е сеа условуваат да се напраело нарачка, дали беше над 2400 мислам.
    Маркетинг е секако, али можеш и да начекаш нешто добро.

    Баш проверувам, 1089 била вредноста на првата нарачка, и ми дадоа да си изберам 2 подарока.
    Можеби помал износ ставаат само на новите регистрирани корисници, зашто после тоа кога и да сум начекала ваква понуда, како погоре што пишав минимум 2400 да била вредноста, и тоа тие ствари се од нивни предлози, а не од твојата кошничка.
     
  20. mart123

    mart123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2013
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Има промоции излегуваат за 0 денари. Пример имаш 2 подарока ако направиш сметка од 2,400 ден, 4 подарок ако направип нарачка над 3,500... Јас имам така нарачано и ми стигна
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.