Колешката нарача два пара сандали, едните на ниска платформа, другите со ниска штикла, златна боја и двете, стигнаа минатата недела и презадоволна е. Вика ко боса да сум, толку се лесни и удобни. Долгорочно како ќе се покажат, ќе видиме.
Како добивате подароци јас имам околи 18 000 до сега потрошено користам само дневно еден прозвод ми го дава на 80% и цело време кредит 70 или 60 посто назад
Значи страшни се овојпат ЕЛС.. Стигнато пред недела дена, со денови си ја шетаат пратката, абер немаат да се јават Првпат ми се дешава преку нив за Тему, другите карга навремено си доставуваа.
Девојки (и по некој дечко) што сте активни на темава, Ве молам за информација со каква картичка плаќате? Се заразив, се ми се свиѓа, сакам се да нарачам ама ептен (ептен, ептен, ептен!) ми е шубе да плаќам со мојата картичка. Порачавме заедно со другарка која има интернет картичка за онлајн купување од Стопанска Банка ама срам ми е стално да ја замарам она да ми пушта нарачки. Да скратам, дали е безбедно да си плаќам со картичката на која примам плата? Потпис, Тотален дудук за онлајн купување
Со секоја дебит Мастеркард или Виза картичка можеш да плаќаш. Внесуваш име и презиме, бројките на картичката од предната страна и трите црни бројки од задната страна на картичката и датум до кога има важност картичката. Се е безбедно и нема никаков проблем.
Јас плаќам со дебитна Мастеркард, на истата каде што ми стига плата, безбедно е. Само немој да те лажат пораки со линкови демек да доплатиш за да ти достават и слично, тоа е спам и така се крадат податоци од картичката. Самата Тему апликација е сосема безбедна. Инаку да се пофалам, денес стигна пратка што ја порачав на 23ти јуни, нема ни две недели, ова е најбрзо досега. Ми стигнаа некои ствари таман пред одмор, а се плашев дека ќе заминам пред да стигнат.
Јас си отворив нова сметка на истата банка и со таа картичка плаќам онлајн, иако сум немала проблем. Заради твоја безбедност подобро направи нова, барем кај мене во Уни не ми наплаќаат ништо за 2та сметка.
Девојки, дали имате нарачувано купачи? Дали ви се имаат погодено? Гледам дека имаат многу убави модели и не се скапи, ама проблем е кај мене што за горе носам S а доле M
Јас имам порачано, вкупно три пара. Баш интересни моделчиња имаат, и ко што сакам се. Погледни ги табелите, има димензии, вторите табели им се за конкретното парче, а првите се со мерки на тело. Јас втората само ја гледам. Броевите, бар на овие јас што ги имам се сосема ок, мислам и С да порачаш комплет, добри би ти биле, само провери димензии, а материјалите еластични се. Јас еве обратно, горен дел поголемо ми треба, па не сум имала проблем никаков. Но сепак зависи од моделот, затоа прати ги димензиите.
Убави се купаќите, супер за тие пари, јас си порачав. Но и јас го имам проблемот што сум различни бројки горе и долу, и нема шанси да погодам еден број за горе и долу. Долу сум поголема, а горе таман, два броја сум разлика. Така да си порачав две големини, ги зедов долните поголеми а горните помали, другите и ги дадов на мајка ми бидејќи таа е обратно од мене.
Шо е со Тему работава? Праиш муабет дека ти се погодил производот, задоволен си, се мислиш пак дали да нарачаш во друга боја, за кратко токму тој продукт ти го дава за многу пониска смешна цена, и како вака жити се да одолееш? Не еднаш вака ми се има десено, претходно нешто што ми требаше и го сакав, токму тоа го даде да го изберам и тоа како подарок, за 0 денари..
Да, имам земено две работи бесплатно, но претходно мораш да имаш порачано над одреден износ. Ова беше кога првпат порачував, а и сега повремено гледам на мејл во делот promotions знае да стигне некој таков мејл со линк, имав видено дека нудат и 3 ствари бесплатни, е сеа условуваат да се напраело нарачка, дали беше над 2400 мислам. Маркетинг е секако, али можеш и да начекаш нешто добро. Баш проверувам, 1089 била вредноста на првата нарачка, и ми дадоа да си изберам 2 подарока. Можеби помал износ ставаат само на новите регистрирани корисници, зашто после тоа кога и да сум начекала ваква понуда, како погоре што пишав минимум 2400 да била вредноста, и тоа тие ствари се од нивни предлози, а не од твојата кошничка.
Има промоции излегуваат за 0 денари. Пример имаш 2 подарока ако направиш сметка од 2,400 ден, 4 подарок ако направип нарачка над 3,500... Јас имам така нарачано и ми стигна