Temu

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Avenged, 29 октомври 2024.

  1. Aleks.mar

    Aleks.mar Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    јас овие купони ги игнорирам.

    Инаку сакам да прашам дали некој има порачувано термос за кафе од тему и ако да да сподели линк
     
  2. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.908
    Допаѓања:
    3.312
    Јас, како будала истражував две недели и на крај нарачав, па чекав, па ми стигна, па го наполнив со кафе, отидов на работа и почна да тече-лом ме направи. Не знам кај ми е, ако не е фрлен ќе го сликнам да не го купуваш истиот случајно :)))))))

    Јас во последната нарачка имам ставено од оние чашите-филџани што имаат маталка-мешалка внатре. Има некој искуство со нив? Оние стаклени што се со дрвено горе. Го видов уште пред да дојде Тему кај нас и останати ми беа очите у филџанот. Ќе си направам нешто ако не е функционално ахахаххаха.

    Сега нарачав од една друга страница, не дека којзнае колку пари дадов де ама, чудно: ем сум среќен, ем жив се јадам шо нарачав и потрошив пари. Па си правам мантри дека не сум направил грешка, дека тоа што е нарачано не е глупости како од ТЕМУ рецимо хахахаххаа.

    И, онда доаѓа нов бран: треба да правам уште една нарачка на ТЕМУ пошо, нели, многу нешта има кои „ми требаат“ и се „прејаки“ и „ќе ги користам обавезно“. Добро е што си се лимитирам, па не одам високо со сумите. Инаку... Отиде платата за 2 дена.
     
    На Aleks.mar и joy1 им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.842
    Допаѓања:
    80.805
    Пол:
    Женски
    Имам и јас читано но мислам дека нема проблем откако алиштата ќе се исперат. Всушност, истото е и со облеката од бутик, се' што се става врз кожата нечисто може да е штетно, но не канцерогено.
     
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.704
    Допаѓања:
    7.688
    Пол:
    Женски
    Овие Вип пошта стварно ја претеруваат. Нели пратките се за дома носење.
    Од петокот имам пратка таму стасана, буквално на 2 часа ми праќаат порака како пратката ми е за подигање од базата.
    И ќе ја земам во текот на денот кога ќе стасам јас ама нели треба достава до дома да си има.
     
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.283
    Допаѓања:
    57.860
    Пол:
    Женски
    Мене праткава што ја чекам сега ми е со M One, а тука прочитав ги преземаат Вип пошта, ама гледам сите се жалите од нив. :worried: Проблемот е што на адреса каде ми е нарачано нема Вип пошта, ниту во градот во близина, којзнае како ќе стигнам до пратката. :|
    Досега ми биле само со ЕЛС и Виа пост, што секогаш биле уредни. Штета што сами не можиме да си бираме.
     
  6. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.527
    Допаѓања:
    8.023
    Пол:
    Женски
    Ваква чаша имам само не ми е од тему туку од локалните продавници ми е земена имаат и достава. Околу 500ден ми е.
    Screenshot_20250818_160440.jpg
    И во vicko има убаво термоси со цефка се. Ја користам и за кафе и за вода.
     
    На Antebellum и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  7. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.529
    Допаѓања:
    6.526
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Да праашм ,чекам пратка преку виа пост што ми е многу итна.Нели секогаш праќаат порака преку вибер да си следиш до кај е
    Е преска ми стигна и горе кај што следиме пратка беше зелено до магацин,потоа на тему проверувам пишува курирот го презема паќетот а зеленото го снема.
    Е сега ми е прашање да не ја имаат повлечено пратката :sweat::wasntme:
     
  8. ataneR

    ataneR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Женски
    Дава ли кај некој активна кредит бек промоција и тоа што беше да одбереш некој производ од кошничка со 60-70% попуст?
     
  9. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.908
    Допаѓања:
    3.312
    Не знам како, ама ете-можело. Втора нарачка сабајле направив од 163 денари. Ама преку понуда демек за да добијам купони десетина, меѓу кои и ГАРАНТИРАНО купон од 700 денари попуст без минимум нарачка-ЛАЖАТ-ми ги дадоа како два по 350 денари, не 700. Како и да е, со оваа понуда си нарачав само еден производ од 163 денари. Претходно исто така направив, си купив маска за телефон.