јас овие купони ги игнорирам. Инаку сакам да прашам дали некој има порачувано термос за кафе од тему и ако да да сподели линк
Јас, како будала истражував две недели и на крај нарачав, па чекав, па ми стигна, па го наполнив со кафе, отидов на работа и почна да тече-лом ме направи. Не знам кај ми е, ако не е фрлен ќе го сликнам да не го купуваш истиот случајно )))))) Јас во последната нарачка имам ставено од оние чашите-филџани што имаат маталка-мешалка внатре. Има некој искуство со нив? Оние стаклени што се со дрвено горе. Го видов уште пред да дојде Тему кај нас и останати ми беа очите у филџанот. Ќе си направам нешто ако не е функционално ахахаххаха. Сега нарачав од една друга страница, не дека којзнае колку пари дадов де ама, чудно: ем сум среќен, ем жив се јадам шо нарачав и потрошив пари. Па си правам мантри дека не сум направил грешка, дека тоа што е нарачано не е глупости како од ТЕМУ рецимо хахахаххаа. И, онда доаѓа нов бран: треба да правам уште една нарачка на ТЕМУ пошо, нели, многу нешта има кои „ми требаат“ и се „прејаки“ и „ќе ги користам обавезно“. Добро е што си се лимитирам, па не одам високо со сумите. Инаку... Отиде платата за 2 дена.
Имам и јас читано но мислам дека нема проблем откако алиштата ќе се исперат. Всушност, истото е и со облеката од бутик, се' што се става врз кожата нечисто може да е штетно, но не канцерогено.
Овие Вип пошта стварно ја претеруваат. Нели пратките се за дома носење. Од петокот имам пратка таму стасана, буквално на 2 часа ми праќаат порака како пратката ми е за подигање од базата. И ќе ја земам во текот на денот кога ќе стасам јас ама нели треба достава до дома да си има.
Мене праткава што ја чекам сега ми е со M One, а тука прочитав ги преземаат Вип пошта, ама гледам сите се жалите од нив. Проблемот е што на адреса каде ми е нарачано нема Вип пошта, ниту во градот во близина, којзнае како ќе стигнам до пратката. Досега ми биле само со ЕЛС и Виа пост, што секогаш биле уредни. Штета што сами не можиме да си бираме.
Ваква чаша имам само не ми е од тему туку од локалните продавници ми е земена имаат и достава. Околу 500ден ми е. И во vicko има убаво термоси со цефка се. Ја користам и за кафе и за вода.
Здраво Да праашм ,чекам пратка преку виа пост што ми е многу итна.Нели секогаш праќаат порака преку вибер да си следиш до кај е Е преска ми стигна и горе кај што следиме пратка беше зелено до магацин,потоа на тему проверувам пишува курирот го презема паќетот а зеленото го снема. Е сега ми е прашање да не ја имаат повлечено пратката
Дава ли кај некој активна кредит бек промоција и тоа што беше да одбереш некој производ од кошничка со 60-70% попуст?
Не знам како, ама ете-можело. Втора нарачка сабајле направив од 163 денари. Ама преку понуда демек за да добијам купони десетина, меѓу кои и ГАРАНТИРАНО купон од 700 денари попуст без минимум нарачка-ЛАЖАТ-ми ги дадоа како два по 350 денари, не 700. Како и да е, со оваа понуда си нарачав само еден производ од 163 денари. Претходно исто така направив, си купив маска за телефон.
Ова со купоните глупоста што ја направија вака расцепкани да ги даваат е срање невидено. Затоа нема веќе да нарачувам безвезе работи,и ќе ги одбегнувам купоните. Јас друго сакав да прашам. Моментално сум на одмор и не сум во можност да си ја подигнам пратката. Дали ќе стои во база до понеделник додека се вратам? Денес ми ѕвонеле од карго ама не им кренав,пошто роаминг. Повеќе пратки се што ми стигнаа деновиве. Во ред ќе е да ги подигнам од понеделник?
Затоа реков поретко ги дава. И мене ми ги даде сега после скоро месец дена. Ја да ве прашам дали му се има на некој случено, ми стигна известување дека пакетот е преземен а ја ништо не сум добила. Пишав на поддршка на тему ми понудија да ми рефуднираат пари како кредит на тему и прифатив. После 3 дена мене ми стигна пакетот. Дали да им пишам на тему или што да правам?
А кога со refund ќе ми отиде во тему кредит може ли после да го сменам да ми се вратат на сметка или не??
Со VIP, значи Вип пошта. Уште не е стигната, in the distribution center е последно. Нарачав уште една и ми даде со ЕЛС, од нив сум најзадоволна бидејќи секогаш буквално до пред врата ми носат (а и курирот сега ни е комшијата). Камо да можеше да бираме сами.
Да се цитирам, ми дојде денес порака за подигање од база до 15ч во друг град. Зошто не носат до дома овие Вип, нели од Тему е платено до дома да ти носат? Или не сакаат гориво да си трошат? Пробал некој да пријави на Тему или слично?