Сум добивала нарачки и за помалку од 10 дена, сега последните 4 беа во период од 15-20 дена. Пак ми е прифатливо чекањето, кога на времето сум чекала 3 месеца од Алиекспрес, ова супер е сега.
Вака сеа пошто ми каснеа пратките едната на 26ти стигнала во ЕЛС и ми пратија порака за 33 часа па не ми ја доставија, а другава пратка беше од 4ти септември исто така со порака во рок од 33 часа, си појдов таму директно и си ги најдов на рафтот пратките. Безобразни и многу ниска професионалност на работа..
Мислам од ист град сме. Во петокот ми стаса порака од Елс дека за 33 часа ќе имам пратка. Еве сеуште ги чекам тие 33 часа
Зависи дали се влечкаат или убрзано иде процесот. Рекорд беше една која стигна за само 5 дена во карго, ми ја доставија 6 от ден, а најмногу што сум чекала 20 дена отприлика. Јас сметам од денот на испраќање колку денови се поминати.
Не знам ваква непрофесионалност на што личи и дека пред затворање сум им пошол исто ко услуга да ми направиле што ми дозволија да си ги барам пратките по рафтој... безобразни.
Мене најбрзо ми е стигната за 1 недела точно. Имав нарачка, еден производ беше оштетен, пријавив, одма ми испратија друг. Тоа беше во сабота, наредната сабота стигна замената. Не очекував толку брзо, ама ете можело