Сум добивала нарачки и за помалку од 10 дена, сега последните 4 беа во период од 15-20 дена. Пак ми е прифатливо чекањето, кога на времето сум чекала 3 месеца од Алиекспрес, ова супер е сега.
Вака сеа пошто ми каснеа пратките едната на 26ти стигнала во ЕЛС и ми пратија порака за 33 часа па не ми ја доставија, а другава пратка беше од 4ти септември исто така со порака во рок од 33 часа, си појдов таму директно и си ги најдов на рафтот пратките. Безобразни и многу ниска професионалност на работа..
Мислам од ист град сме. Во петокот ми стаса порака од Елс дека за 33 часа ќе имам пратка. Еве сеуште ги чекам тие 33 часа
Зависи дали се влечкаат или убрзано иде процесот. Рекорд беше една која стигна за само 5 дена во карго, ми ја доставија 6 от ден, а најмногу што сум чекала 20 дена отприлика. Јас сметам од денот на испраќање колку денови се поминати.
Не знам ваква непрофесионалност на што личи и дека пред затворање сум им пошол исто ко услуга да ми направиле што ми дозволија да си ги барам пратките по рафтој... безобразни.
Мене најбрзо ми е стигната за 1 недела точно. Имав нарачка, еден производ беше оштетен, пријавив, одма ми испратија друг. Тоа беше во сабота, наредната сабота стигна замената. Не очекував толку брзо, ама ете можело
Ми стигна ваква порака на вибер од M One: Почитуван/а, за Вас пристигна пратка VIP...MK која можете да ја подигнете во пакет шоп Вип Пошта Скопје во Скопје, на адреса ул.Анкарска 29а . Пратката можете да ја подигнете во наредните два дена, во временскиот интервал од 9h до 16:30h. Ново ли е ова? Досега достава до дома имаше. Што ако ете тие два дена не може да се отиде во тоа време, што се случува со пратката што си ја платил?
Од мое искуство, ќе ти се јават за брзо време за да ти ја донесат до дома. Почекај и види денес-утре, ако не побарај ги директно да ти објаснат.
Јас многу лоша соработка имав со овие.Цело време ми стигаше дека курирот не може да ме добие а никој не ме побарал,на крај отидов да си ја земам и таму одвај ми ја најдоа негде забутана.Уствари курирот не ни ја земал за достава а ми стискал таму дека не се јавувам
И мене ми стигна ваква порака пред некој месец за една пратка. Ми кажаа дека автоматски им се праќала пораката... На крај навистина курирот ми ја донесе до дома, после некој ден откако ја добив пораката.
Дали некоја има нарачано препарати за коса ( маски, уње...) дали се ок? Мислам јасно ми е на тему колку е нештото "квалитетно" ама ај да прашам
Јас имам нарачаувано и облека и патики и чизми. Се е ок за сега изгледаат доста квалитетно за тие пари. Облека гледам да е само 100%