Јас порачав два пара патики и еден пар патики за татко ми. Сите се добри, задоволен сум, ти едните како спортски се многу убави, лесни за носење, газење и дизајнот брутален им е. Од облека исто, една маица памучна 100% памук е предобра, јакна зимска од полистер и таа е добра и топли и убаво стои и една есенска и таа е солидна но е повеќе за од ветар и дожд. Првиот пат зедов две маици исто од полистер но не сум задоволен, како дрес личат, убави се, нежни но како фудбалски дрес се, може таков е моделот Имам и една маица поклон , и таа е убава мислам беше пола-пола и памук и полистер. Но тие 100% памучните се преубави, а патиките врв. Итоа патиките ги даде на discount card и испаднаа некаде за 6-7 евра.