Јас порачав два пара патики и еден пар патики за татко ми. Сите се добри, задоволен сум, ти едните како спортски се многу убави, лесни за носење, газење и дизајнот брутален им е. Од облека исто, една маица памучна 100% памук е предобра, јакна зимска од полистер и таа е добра и топли и убаво стои и една есенска и таа е солидна но е повеќе за од ветар и дожд. Првиот пат зедов две маици исто од полистер но не сум задоволен, како дрес личат, убави се, нежни но како фудбалски дрес се, може таков е моделот Имам и една маица поклон , и таа е убава мислам беше пола-пола и памук и полистер. Но тие 100% памучните се преубави, а патиките врв. Итоа патиките ги даде на discount card и испаднаа некаде за 6-7 евра.
Што значи ова? Во форма на кредити би било или? Љубопитна сум Не се лажете, не се исплати ова, пробав и одма откажав. Ги дава како тие кредитите расцепкани да ги собираш и користиш по малку. Маркетинг и нишо друго.
И јас сакав да прашам како се користи тој надомест ? мислев дека е нешто гратис и да направам нарачка ми бара да платам за да добијам ,не разбирам
И ужасно се чека. Во една иста нарачка ми ги поделија производите. Екологистик делот најбргу стигна, следен ден стига вип пошта, а еве овие iMIle уште ги нема, една недела после другите доставени производи. А сите беа во исти статус цело време. Од 13.09 е кај нив
Мојава пратка не ја поделиле, еднаш ми имаат само поделено нарачка и тоа без врска, за ситни работи, но среќа со истото карго беше. Од тогаш повеќе не праеле така, се си стига заедно у ист пакет. Катастрофа.. Убаво си праќаа по другиве, се зачудив коа ми се појави ова.
И мене ми се појави не го разбирам, као треба да платиш нели да си нарачаш, ама после враќаат. Е сега дали враќаат како пари не знам, може во купони да вратат средства па да треба да се нарача.. Никој го нема ли искористено ова?
Пред два дена го искористив. Си правиш нарачка што ти треба за сума од 600 до 3500ден. После тоа секој ден ти дава дел од сумата на едно тркало како ќе ти ја врати, како купони, кредити или allowance (не знам на мк како го преведува ова во апликацијата). Пример јас нарачав за 1200, првиов ден ми даде 300 и нешто, и на тркалото испадна кредити, што скоро ич не се исплати. Добив 250 намалување на нарачка од 2800, 500 на 4800, така нешто, неколку купона. И така секој ден по нешто ќе дава 7 дена, се надевам барем третина да ми даде како кредити зошто купониве сигурно нема да ги употребам. Според мене не се исплати.
Леле овие од iMile се катастрофа (или Брза Пратка кој и да ја врши доставата...) Толкава некултура и дрскост немам видено до сега. Настрана тоа што се поспори од другите, ај ќе си речеш ок е, сеуште е во рокот за достава. Ама да се расправа по телефон и да вика на клиент тоа ми се немаше случено до сега. Срамота! Срамота! Ми се развика утрово по телефон да сум дошла да си ја земам пратката, не можел „господинот“ да заврти кај мене на улица.. Не го собирало.. Како бе другите ги собира тебе не? Карго Експрес со камионче го собира него со едно мало комбенце, дури не беше ни комбе туку оние што се кола како комбе (како и да ги викаат).. Не разбрам толку исфрстрирани луѓе .. ако не ти се работи зошто работиш бе? Или ако не знаеш да возиш оди барај си друга работа! Дај си отказ па нека си се вработи некој што навистина ќе си ја работи работата како што треба.. Само отвараат некои такви мали поштички и ајде достава ќе вршиме, а основна култура што немаме не е битно.. Не знам зошто не може сами да си бираме пошта на Тему? Па треба да има некој стандард за работа, секоја чест за ЕЛС навистина. До сега неколку различни дечки од ЕЛС ми имаат доставено и сите до еден се за пофалба. Културни, љубезни, си ја вршат работата професинално.