Оваа тоа летна вода не трае? Баш ја меркав да си ја купам наредно со некое од маслата или лосионот за тело
Да таа. Преубаво мириса, ама трајност никаква. Сега порачај ја оти има попуст и плус уште 20% гледам, баш ја ставив повторно во кошничка и излегува 865 ден. Земи го и монои маслото со светки. И тоа е на попуст. Плус многу вредни подароци. Јас имав нарачка од 2650 ден и ја добив чантата. Ама немаше попуст.... Сеа ми е криво што не почекав два дена ќе имав повеќе попуст, па за тие пари ќе земев уште еден производ... Околу маслото да се вратам. Тоа од синоќа се намачкав уште мирисам. После пред да излезам ќе ставам масло и тоалетна вода на кожа па ќе видам трајноста дали е подобра.
До кога трае дополнителниот попуст -20%, само викендов, или? Инаку јас го користев парфемот ама освен што не е траен - многу слаба проекција имаше само јас си го осеќав, така да стално со себе си го носев и го обновував и се прскав со него и многу брзо го потрошив.Парфемот сам по себе многу убаво мириса таков мирис нема сличен, од маслото ми остана уште малку, многу убаво ја негува кожата и дава сјај и суптилни светки, сами на себе ќе си мирисате преубаво. Спојлер: Yves Rocher - Monoi
Како што прочитав на страната само викендов. Ама ги тргнаа некои од исплатливите сетови, пред попустот многу листав и порачував нешто. за маслото се согласувам. Немам користено подобро. И тоалетната вода преубаво ми мириса ама и јас сакам силна проекција и трајност што ги нема.
Јас се почастив, ги порачав тоалетната вода, млекото за тело и спрејот од истата колекција, па ќе споделам впечатоци. Имате ли инфо дали бргу стигаат нарачките?
Па да. Со македонски пошти праќаат. Претходната нарачка ја направив на 17 јуни. Ја добив на 19 јуни. Вчера порачав повторно за да го искористам попустот. Порачав: повторно тоалетна вода и масло со светки да си имам оти се на попуст. Земав од сувото масло за да видам дали е добро. Неколку производи за чистење лице, лабело и лосион за тело. Едвај ги чекам. тоалетната вода ич не трае, ама мирисот е преубав... ќе видиш
По 1 недела користење на линијата Monoi, да потврдам дека мирисот е прекрасен, но трајноста катастрофална. И со лосион, па спреј, па парфемче мирисот не останува на кожа долго. Нејсе, знаев во што се впуштам од тоа што ми кажавте на форумов - ќе си го носам парфемчето/спрејчето за освежување во текот на денот Бесплатно ми следуваше гел за тело од истата линија - можеби тој е најдобар хаха не мириса многу ама е многу фина текстура.
Тоалетна вода е, не треба да се очекува превише. Плус летни ноти се, плус жештина пеколна. Врска неам колку саати трае, ама ми имаа кажано дека мирисам на плажа и лето, значи го осетиле луѓе, е сеа можда бев тазе прсната, ств не знам. Како и да е, баш е топ за лето
Јас ти кажав. Ама јбг. Преубаво мириса па опростено е што не трае. Мене само светкавото масло многу ми трае. Сигурно 5-6 часа самата го чувствувам. се согласувам. Од тоалетна вода и не може да се очекува некој перформанс којзнае каков. Но читав на реддит, оваа ако ја најдеш некаде претходната формулација била многу подобра.
Дали некој знае дали ќе има дополнителен попуст месецов ? Претходниот месец имаше попуст 20% за викенд а јас се зезнав порачав пред да дадат попуст. Сеа ми требаат некои работи ама дали да почекам..
Зависи на што, имаше попуст на препаратива, си зедов еден крем за хидратација намален на 640 денари. Јас за тоа гледав повеќе, мислам дека Монои колекцијата не е на попуст.
Ги гледав и тие ствари и плус парфемите. Монои има 30% попуст во кошничка ако си дел од програмата за лојалност се пресметува во кошничката. Ама мислев дополнителен попуст на цел асортиман како пред 2-3 недели што дадоа. И производите на попуст добија попуст 20% во кошничка.
На попуст е 30% ама ако си зачленета. До крај на јули... Во кошничка се пресметува. Мене денес ми стигна нарачка и жива ќе се изедам, од денес имаат дополнителен попуст од 10% на цел асортиман. Требаше да почекам пред да нарачам...втор пат вака се зафркнувам. Изгледа треба да се чека крај на месец за подобри попусти.
Да. Направи си. Не е ништо комплицирано. Плус поени ќе си собираш. И мене ми е блиску продавницата ама онлајн купувам затоа што секако е бесплатна доставата и плус следуваат подароци со онлајн нарачките.
И за сите производи им важи тој попуст во кошничка? Лосионот и маслото ме влечат. Ве читав дека ги фалевте тука. Јас па сѐ што ќе видам тука морам да пробам.
Лосион како лосион, не ми вреди за тие пари толку. Маслото е најдобриот производ што го имам земено. Тоалетната вода преубав мирис, слаба трајност.
Брзо стигаат нарачките? Дека пишува со обична пошта дека е доставата. Сити мол не ми е во близина, ниту поминувам натаму, а само таму има продавница, за жал. Последно купив хидрирачки крем за лице, ама не сум го отворила, сакам да дотрошам се што ми е почнато, па на раат да си го користам. Е сакам и маслото монои со светки да го земам, ама ако се чека многу, подобро до молот да отидам.
Нарачките стигнуваат многу брзо. За два дена. Претходно порачав на 17 јуни, добив на 19 јуни. Во петокот нарачав, вчера ми стигна дека викенд фати. Еве денес пак порачав, задутре најдоцна ќе биде кај мене. Мене ми е блиску Сити мол, ама одам само тестери да пробувам, кога нешто ме интересира, најчесто парфеми, дали се трајни и дали ми се допаѓаат, а не купувам. Си купувам онлајн за да искористам подароци со одреден износ на нарачка. А има некогаш и попусти кои важат само онлајн. Плус што сум неодлучна, со денови чувам нешто во кошничка, се предомислувам.