Што знам?! Имам слушнато за вакви работи ама искрено не верувам.Постојат лоши,злобни луѓе ама не значи дека се опседнати со ѓавол.... Редовно прочистувај се,оди во црква,моли се и се ќе биде океј
Луѓе бе!Што е работава со вашето размислување за бајачките?Од каде тоа мислење? Јас потекнувам од семејство на бајачки по на мајка ми страна, бајката се предава од баба на внука и така натаму... мене ми ја предаде баба ми, нејзе баба и и се така наназад. Како прво сум верник во Бога, и пред да се почнува со баење си кажуваш молитва.Сеуште немам почнато да баам затоашто сум многу млада. Пари за баењето не земаме затоа што тоа ми е оставено како наследство и многу го почитувам, а од стари е останато да оставиш пр. 10 денари на земја за да фати баењето.Но целата поента е да веруваш во тоа и ќе се оствари. Ако можам да помогнам на некој кому му е тешко зошто да не. Иначе треба да баам од уплав и урок.
Јао се гледа дека девојчево е јако уфилмана, се умислила дека е ''Бог''. Целата оваа работа настанала поради луѓето што ја дискриминирале наместо да седнат 5 минути со неа и да направат муабет па да видат каква личност е. Ама за жал постојат и такви кои ни два збора муабет немаат свфртено со тебе, а те оценуваат според физичкиот изглед и со тоа те понижуваат и исмејуваат. Мое мислење е дека треба да се однесе на психијатар или некоја особа во која девојчето има доверба постепено да и зборува, значи не нагло, туку постепено, секојдневно, трпеливо и да знае многу добро дипломатцки да и зборува т.е. да внимава што и како и кажува. Пошто ти си и другарка, не знам дали нејзиното семјство го знае сето ова. Ако не знаат најубаво е да им кажеш дали преку нејзина сестра или брат или директно на родител, значи мора семејството да знае и да се свесни пошто ако она уште од сега се однесува и размислува вака па што ќе биде понатаму. Ќе стане тежок психопат е дури тогаш сите ќе бегаат од неа. Навистина жално, мора да си ја врати довербата во себе и во останатите луѓе и да свати дека не се сите исти како тие што ја понижувале и исмејувале. Ќе запознае луѓе кои ќе ја прифатат и ценат таква каква што е. Клучот на проблемот лежи во неа самата, мора прво она да се смени за и другите да почнат да ја гледаат поинаку. Никој не сака да си има работа со волку негативни настроени луѓе кои си умислиле дека се Бог. Овие луѓе милсат дека ќе ги уништат сите други, а не се свесни само колку се самоуништувачки настроени. Се надевам дека со другаркати ќе биде се најдобро и повторно ќе врати каква што била. И наместо да размислува како ќе го уништи светот, да почне да размислува како да му помогне на светот. Поздрав
Нема луѓе што се опседнати со "ѓаволи" има само луѓе што се out of their mind (кој уствари не ни го имаат) па им треба сериозна психолошка помош. Тешко на таквите ни психијатар не може да им помогне.
Не верувам во вакви работи. Мислам дека не станува збор за никакви ѓаволи и лоши духови, туку е до карактерот на самата личност. Постојат многу злобни, завидливи луѓе, полни со негативна енергија-и тоа значи дека сите се опседнати со ѓаволи?
Да, влегува ѓаволот во душите на луѓето.Имам комшија кој е од муслиманска вероисповед и му има влезено ѓавол.Или по нивно, ги викаат џин/џинови.Тој не збори и не е свесен за ништо.Само нешто мумла нејасно и често се дере и заплакува.Тоа е ѓаволот.Према мои сознанија ѓаволот влегува во луѓе кои имале мала верба во господ или кои не ги испратиле со сите адети они кои си заминале од оваа земја. Ако грешам поправете ме. И има луѓе кои што лечат од ова.Се вика егзорцизам цела оваа заебанција.Е сега..Не секогаш се вади ѓаволот од човекот.И не е секој успешен во тоа.Постојат свештени лица кои тоа го изведуваат, иако и тие избегнуваат. Пример ако во мене влегол ѓаволот, и моите ме однесат да ме излечи некој поп, постои голема веројатност, со душата на ѓаволот да излезе и мојата душа.И затоа и на нив им фуфка Погледај некои видеа на јутуб и можеби ќе те заинтересира.
Ама какви ѓаволи бе луѓе... Јас не верувам во ова, е што некој ако е пореметен психопат значи ѓаволот му влегол? Нема врска, во 21-ви век во ова ли ќе веруваме? А Оксиген тој комшијата твој најдобро е кај некој стручњак да го однесат, може се шлогирал човекот, затоа не зборува а со викање оџи и други свештени лица или пак бајачки да го бркаат "џинот" , нема да му помогнат
Јас колку што знам и имам слушамо,читано дека ѓаволот постои во сите нас. На секој ни се случило барем еднаш да сакаш некој да удриш или нешто намерно да му направиш на другиот и ќе речеш демек несакав ѓаволот ме натера,епа тоа е тоа,според мене тие постојат и се во секој од нас.Само што кај некои луѓе повеќе владее тој,а кај некои не.
pa koj znae...jas kolku sto znam deka nekoi losi luge se odnesuvat taka kako gavoli ali dali e vistina toa...nz
Јас мислам дека е вистина. Верувам во Господ но и во Ѓаволот. Незнам колку постојат, нели, ништо не е докажано, но дефинитвно уште повеќе верувам во натприродните сили, дека постои лошо и добро, и има нешто што не опкружува сите нас, има виши сили. Јас редовно одам кај бајачки, на пример ако многу ме боли глава, одам, ми бае таа, многу често сум урочена, магнет сум за лошите очи кои урочуваат и имам страшни главоболки кои никако со денови не поминуваат, ни со апчиња, и одам ми баат, и за пола час сум како нова. Знам многу случки но да не расправам, гледам има доста кои не веруваат, ок, секој со своите мислења и ставови нормално, но да се надоврзам дека според мене, најдобро ќе биде онака да ја однесиш таа личност кај некоја бабичка, која и да е, тие одма познаваат кога има нешто мн лошо. И да, тие секако се поврзани со лошото, како инаку би можеле да помогнат, но тие си ја знаат нивната работа, знаат како да се справат со тоа, како што папата од Рим знае да се справе со самиот ѓавол, но да не забегувам од темата, според мене однеси ја кај некоја баба, можеби па само таква е таа личност, има премногу проблеми и нема воља да биде ведра и насмеана.
Јас мислам дека постојат ѓаволи, но тие неможат да влезат во тебе и да те тераат на нешто лошо да правиш и размислуваш, освен ако ти самиот не им го дозволиш тоа...
Поминати се 7 години од твојот пост. Почна ли да баеш ? п.с. Последна посета на LadyN: 10 август 2011 . - сигурно си сменила корисничко име оттогаш, пиши од другиот nickname