Ѓаволи и демони има насекаде. Јас лично познавам неколку ѓаволи и демони. Си се дружиме, кафенце, пивце си пиеме, си зборуваме за политика. Можеш многу да научиш од нив, ако ги слушаш внимателно. Ама мораш да внимаваш да не ги изнервираш, оти ќе ти се развикаат, ќе те извреѓаат, а некогаш е можно и да те изнатепаат или убијат. Некои од нив, во затвор завршуваат. А не можеш да ги познаеш по ништо, изгледаат како било кој друг човек.
Jas veruvam vo gavoli I takvi raboti koleski moi skoro mi kazuvaa za eden slucaj kade sto vo edna zena vlegol gavol koga ja donesea vo strumica lani ikonata na bogorodica vo sveti petnaeset tiveropolski macenici I otisle koleskite da se pomolat I da ja vidat ikonata I vo meguvreme dvajca maz I Zena nosele pod miska edna zena koja taka se derela ne sakala da vleze voopsto vo manastirot I nekako jajizbutkale vnatre I samo sto I go stavil popot drveniot krst na glava ona se smirila se izgubila I prodolzile mislam kazaa da se molat za nea I zenata se prisvestila I ne se sekavala na nisto Kako nisto da ne bilo
Верувам во ѓаволи , посебно во оние што ти се прават пријатели а зад грб ти зборуваат се и сешто . Имав такви ви животов , среќа навреме ги истерав и сега се дружам само со Ангелите
И ти си во право донекаде , ама имам мнооогу мал круг на пријатели ( една другарка од детство , што по трње и камен била до мене ) , и само и единствено на неа можам да и се отворам ко булка , мм и золва ми . Така да , мислам дека ѓаволите ги истерав навреме секако , не им верувам 100% , ама 98% да .
Ѓорѓи и Шенка Колозови, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Лазе Бараков.... Али најмногу на сотони ми личат Заев и Груевски, ним не им требаат шминка ни костими, оригинал се.
Sekoj covek e gjavol na svoj nacin,i angel na svoj nacin zavisi pred kogo sto prezentira i koja osoba sto budi vo drugiot
Sum si imala rabota so gavol vo covecka koza,uste nemozam da poveruvam kakvi luge postojat,unistuvaci na familii
Дедо ми го викаше ,,натема го” не знам шо значи у превод. Роден во планинско 1927 без осветлување се случувало навечер да го вика некој човек, висок, за нешто да му помогне, вика одам по него и никако да го стасам, брзо одам одам се дури едно време не чул лаење од кучиња и се освестил колку далеко отишол а “човекот” го снемало. Исто одел со коњот на пазар рано пред изгрејсонце и така размислувајќи му се појавил човек и разговарале како се да е нормално се’ додека не требало да поминат преку некоја рекичка, го снемало. Кажуваше кога и да се појави никогаш не му го видов лицето, може и подобро. Затоа дедо ви велеше треба мислите да ги контролирате оти ако ги оставеме да лутаат не се знае кај ќе не одведат. Потоа кога дозна дека излегуваме у диско до доцна велеше сега вие сте ѓаволи.
На оваа тема има добра книга од американскиот психијатар Скот Пек: „Луѓето на лагата - надеж во можноста за лекување на човечкото зло„ (People of the Lie: The Hope for Healing Human Evil) Кога го прашал својот мал син, што е злото според него, син му со детска генијалност одговорил: „Па тоа е барем јасно, злото значи живот наопаку„ Имено во англискиот можна е таква игра на зборови: evil (зло) и live (живо, животи). Во книгата опишува и некои случаи на егзорцизам, но тоа е далеку од она што љубителите на холивудските хорор филмови си замислуваат.
Натемаго - доаѓа од анатема. Анатема пак е црковно <проклетство> што значи одделување, исклучување од Црквата. Па натемаго значи исклучен од Црквата и заедницата со Христа... Нешто најстрашно.