1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ѓаволот носи Прада (The devil wears Prada) [2006]

Дискусија во 'Филмови' започната од mona.s, 20 јуни 2011.

  1. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Сите девојки кои се зависни од облеката, модата, модните брендови сигурно ќе го гледаат овој филм или веќе го имаат гледано.
    Чекам коментар
    Улоги:Meryl Streep, Anne Hathaway, Emily Blunt.
     

    Прикачени фајлови:

  2. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Love it. :)
    И 92358975987 да го гледам, пак би сакала. :lol:
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Просечен филм кој сепак ни ги отвара очите за тоа како понекогаш сме преокупирани со површни работи, кои на крајот од денот не можеме да кажеме дека не направиле посреќни.

    Книгата, се разбира како и секогаш, е далеку подобра од филмот.

    Мерил Стрип е стандардно одлична, иако знае и таа да забега со изборот на филмови.

    Уствари, кај мене филмот остави доста тажен и горчлив вкус морам да признаам. Го прикажа токму оној дел од општеството од кој искрено и од дното на срцето ми се гади. А можеби и тоа беше поентата.

    Кој ќе го знае. Сепак мислам дека секој од филмот ќе си извлече по нешто за себе и секој гледа поинаку на него.

    Јас го извлеков тоа - дека модата е само површност, дека ми се гади од прескапи марки и луѓе преокупирани со истите до таа мерка што останатите ги проценуваат врз основа на тоа што имаат облечено, и пред се ми се гади од претпоставени кои мислат дека ако се хиерархиски и професионално над тебе, автоматски те поседуваат и можат да си играат со твојот живот како што сакаат.
     
    На Chocolate.me, JuLleE, mona.s и 2 други им се допаѓа ова.
  4. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Го имам гледано 2-3 пати но не можам да кажам дека ми оставил убав впечаток, не е модата поента во филмот, туку баш како што кажа Пирамида- светот таму горе.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    За разонода е сосема ок иако не е мој тип на филм. Фактот што го гледав двапати е заради комбинациите на Ен Хетавеј во вториот дел од филмот (не дека сум моден фрик или нешто слично туку едноставно ми беа интересни :) ).
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]


    Го гледав кога бев средно и ми беше интересен, но не ми е нешто посебно.
     
    На mona.s му/ѝ се допаѓа ова.
  6. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Филмот е пред се реален.
    Нели таа се занесува,да успее..кога успева,ги губи оние нешта кои сепак и се побитни и повеќе и значат.
    Едноставно не припаѓа таму.
    Филмот е онака просек,филмче за пуштање на мозокот во лер :D
     
    На kejsi и tessie им се допаѓа ова.
  7. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Преубаво се облекува во филмот а мене ми е многу јак тој педерот ко ке му речи:имаш потреба од шанелче хе хе хе.Јас го обожавам филмот затоа го кладов, Модата не е се секој да не се лажиме по многу сака да има оригинали алишта и се,ама јас не би сакала да живеам онаков живот за да можам само да носам шанел прада или сл.Таа си ги изгуби ссите пријатели а дечкото кој многу ја сакаше ама сепак сфати на крајот.За мене такви луге се површни, како емили да му беше сопственост шо му праеше не можам да вервам дека некој то го прат стварно,мене ми беше жал за неа ко ја гледав во филмот :(
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Така е тоа ако сакаш да успееш во светска метропола, луѓето се третирани како роботи, нема емоции, од таа гледна точка е реален, а ретко кој не би паднал во искушението во кое падна Андреа. Факт е дека секогаш некој ќе биде разочаран од нас, не може и волкот да е сит и овците да се на број, сепак, треба да знаеме да не ги разочараме погрешните личности. А да, мона, имаш право, ретко која девојка, па макар и претходно најнезаинтересирана за мода откако ќе добие можност да е опкружена со раскош и гламур не би паднала во таа стапица, но треба да знаеме да се извлечеме од неа на време. Ja немам читано книгата, но претпоставувам дека е подобра од филмот како што беше и Дневникот на Бриџит Џонс, Вероника реши да умре и тн.
     
    На mona.s му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Преубав филм. Кај нас на локалната тв, го имам фатено преку 10 пати, а мислам и МТВ често го даваат.. :D :D
    Како и да е, Мерил Стрип е одлична во филмов посебно го сакам крајот кога и мавнува Ен Хатавеј а ова не ја регистрира. :D
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.312
    Допаѓања:
    101.485
    Пол:
    Женски
    Го обожавам филмов. Не знам колку знаете, но ликот на Мерил Стрип е базирн врз ликот на Ана Винтур главната уредничка на Вог а книгата ја има пишувано нејизна поранешна асистентка. Во книгата има многу посочни детали кои на филмот ги нема затоа што Ана Винтур не дозволила. Инаку реален е во смисла дека во деловниот свет во светските метрополи ако сакаш да успееш емоциите ќе си ги оставиш дома. Ви текнува сцената кога Мерил Стрип плачеше дека се разведува и Андреа кога ја праша дали да ја откаже вечерата и она и рече дека нема потреба за такво нешто?? Ете тоа е за жал светот на успешните деловни луѓе во светот кои буквално газат преку лешеви за да дојдат до статус.

    [​IMG]
     
    На mims-89, JuLleE, dancing.queen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153

    да знам дека е по уредничката на вог,мене многу ми е беше жал кога ги бараше книгите со хари потер :sweat:
     
  12. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    совршен филм што никогаш нема да ми здосади ;)
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    :rofl: :shake: :shake: :shake: леле ич не ми се свиѓа... светлата точkа на филмов е Mерил Cтрип и ништо друго!
    таа брунетана на живац ми иде, антипатична ми е до бол
     
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Мене па баш супер ми е филмот. :D Уште кога немав интернет, го купив на це-де и којзнае колку пати до сега сум го гледала. :)
     
  15. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Многу интересен филм. Јас искрено сакам подлабоки филмови, за размислување, ама овој ми се допадна за опуштање. Особено го препорачувам на модни фанатици :)
     
  16. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Интересен е филмов, просечен.Сепак си има поента и ќе те поттикне да размислиш :)
    [​IMG]
     
    На TS-310 и mona.s им се допаѓа ова.
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Пред се, филмот е глупав.
    Книгата е сосема друго нешто, тука не ни навлагам.

    Очекував филм од типот на Адвокатот на ѓаволот, најверојатно поради насловот, и добив нешто, така недефинирано. :)
    Глумата на Мерил Стрип не треба ни да се коментира, додека Хатавеј мислам сум ја видела и во подобри изданија.

    На крај, ништо посебно, филм кој мене ми беше исклучително досаден и без влијание.
     
  18. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Да знаете дека никогаш не сум се каела толку што сум гледала филм како што било случај со овој...
    Абе незнам од кај да почнам со критиките, а кога ќе ми текне колку гоооолеми очекувања имав кога го најавија :tmi:
     
  19. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Мене ми се допадна филмот бидејќи ја покажува реалноста која и не е воопшто розова. Филмот раскажува за привилeгиите кои ги уживаат сите вработени во „Ранвеј'“, но и притисокот за опстанок во лудиот моден свет.

    Тоа е жена, главна уредничка во најчитаното модно списание, која на секаков начин ги понижува своите вработени. Нејзините помошнички, инаку факултетски образовани млади дами, принудени се да дојдат два часа пред неа на работа, да изгледаат како од насловна страница, но и да бидат понизни како робови. Ликот е креиран според Ана Винтур, главната уредничка на модното списание „Вог", жена која важи за најмоќна во светот на модното новинарство. За оваа дама, инаку родена лондончанка, важи дека е перфекционист до бесвест, особина што ја бара и од своите соработници. Жена за која сите се прашуваат кога спие, со оглед на тоа што им диктира наредби на своите вработени во четири часот наутро, а веќе во пет часот наутро ја игра задолжителната партија тенис.
    [​IMG]

    И, секако, втората личност е Лорин Вајсбергер, млада писателка, која една година робувала на каприциозноста на Ана Винтур за да стигне до својата цел, да биде сериозен новинар во нејзиниот омилен дневен весник „Њујоркер".

    „Кога завршив англиски јазик и книжевност на Универзитетот ’Браун‘, помислив дека би било убаво да бидам сериозен новинар. Но, исто така, знаев дека патот до ’Њујоркер‘ воопшто не е лесен. Затоа се одлучив една година да бидам во модното новинарство, бидејќи ми рекоа дека по едногодишниот стаж кај Ана Винтур можам да се надевам кариерата навистина да ми тргне по нагорна линија", раскажува Вајсбергер, која вели дека и при самата помисла да пишува за мода и се лошело, но кога дошла на работа, ја чекало нешто уште полошо и крајно понижувачко. „Од пишување немаше ниту буква, а моето знаење стекнато на колеџ го употребив за носење кафе, порачување појадок или ручек и наоѓање дадилки за децата на шефицата", вели низ смеа Лорин Вајсбергер, која истакнува дека во книгата никако не сакала да звучи кукавички, туку напротив, низ комични ситуации и гледајќи на поведрата страна од животот, ја опишува годината помината во „Вог" за која признава дека, и покрај тешкотиите, и била непроценливо искуство.

    Андреа трчајќи по булеварите во огромниот град, во едната рака со кафиња, а во другата со безброј списанија, ита да ѝ погоди на својата шeфица - ѓавол облечена од глава до петици во дизајнирана облека, притоа уживајќи во кадифените канцелари на најмодерното и најраспространето списание. Опасната уредничка Миранда Присли ѝ ги наметнува своите правила на нововработената Андреа.

    Носењето штикили под 8 cm е навредливо однесување на работа, со 51 kg си дебел, дека можеш да наплатиш сè на сметка на „Ранвеј“ (маникирање, авотомобил, облека, накит), но никогаш не смееш да го напуштиш работното место или да го оставиш кафето на Миранда да се излади.

    Кога знеш дека во три часот по полноќ ја уапсиле твојата пријателка и дека твоето момче те откачува поради тоа што постојано работиш, ако ти се јави Миранда со нејзиното последно неразумно барање мора да одиш и да го оствариш.
    [​IMG]
     
    На TS-310 и la-chicka им се допаѓа ова.
  20. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    баш го симнав сега брзо од нет многу ме бендиса супер филм и доста реален и уште еднаш да го гледам нема да ми биде досаден