Го имам гледано филмот оваа што е секретарка на крајот ќе испадне дека научила се за модата и начини на комбинирање на алишта, а пред тоа е исмејувана заради облекувањето од страна на шефицата која ја викаат ѓавол
Сум го гледала, интересен е. Доказ дека и во големите фирми не е така розево, и дека треба многу да поминеш за да стигнеш до таму каде што си.Навистина Мерил Стрип претеруваше со барањата, во памет ми останаа кога ја бараше необјавената верзија од Хари Потер, и кога отиде по кафе и се задржи и оваа: -Where is she, is she dead or something? Спојлер Вака мислам дека беше, опростете ми ако грешам И интересни комбинации имаше.
Еден од омилените ми е. Го обожавам филмов, го имам гледано повеќе пати и пак можам да го гледам една од причините е Мерил Стрип (омилена ми е), другата причина - it's about fashion . А и да, филмот не е воопшто глуп, си има точно добра поента
Го имам одамна гледано на некој канал го фатив ама не ми текнува многу на содржината .. А моментално ја читам книгата
Еден од моите омилени филмови, иако на почетокот не очекував многу од него. Сепак е супер, би го гледала уште еднаш без размислување. Освен приказната, и глумата е одлична.
Аwwwww филмчево е закон Пред се, прекрасна глума од страна на Мерил, а бапка филмчето е толку реално и интересно, сум го гледала повеќе пати.
Убав е филмов, ми се свиѓа и покрај тоа што ја мразам Ен Хетавеј во секоја смисла на зборот, најодвратна глумица според мене.
Супер е филмот нема што Кој го нема гледано нека го гледа Спојлер Се изнасмеав на сцените кога капутите паѓаа на бирото...
Интересен филм, со многу добра порака. Типката се стори за да успее, и на крај остана без се. Облеката многу ми се допаѓа. Ен е преубава со шишките. А и комбинациите кои и ги прават се Спојлер Интересно ми беше кога оваа од десно кажуваше како Ен нема стил, и она се појавува спицкана .. Фацката и беше Интересно ми беше и кога оваа ги заборави презимињата, па Ен е тука да спаси ситуација.
Мерилка у филмов, уф! Каква жена, каква глумица, безвременска, најглупите филмови би ги гледала само она да глуми. Женска лепота, страшен талент, абе неам зборови. Само и само заради неа го гледав, иначе не ми е нешто посебно, ок е. Од оние за тепање време. Плус Ен ми беше симпатична дури не сјеба на крајот Спојлер кога легна со моронот .
Ен Хетавеј - нема да згрешам ако кажам една од најталентираните млади актерки. Филмот е добар,не е нешто спектакуарно но интересен за опуштање и со добра поука.Премногу ми се допадна и облеката на Ен . Но ме нервираше површноста на Емили,Миранда и останатите во Ранвеј.Убаво е да си модерен,убаво е да си дотеран но тие се однесуваа како тоа да е најважната работа во животот.Сепак пораката во овој филм е дека има работи кои се многу побитни од материјалните и дека можеш да одиш облечен во Версаче а сепак да бидеш несреќен и неисполнет. Спојлер Андреа згреши што дозволи површниот свет на гламурот и модата да и стане поважен од другите работи но сепак се поправи кога сфати дека полека се претвара во Миранда.А животот на Миранда само наизглед е совршен.
Интересен филм. Ни укажува сепак да продолжиме напред, да не се враќаме назад со работите кои сакаме да ги извршиме, само со голема упорност и волја до крај...
Да. Со желба се посигнува се ми беше малку жал кога ја тераа да најде необјавената книга на Хари Потер. Ама на крај успеа да ја најде и да направи 3 копии, за да им даде на близначките по една и да и однесе на шефицата копија Ен, талентирана, убава глумица, шишките посебен шмек.. али облеката... Ех, да си имав облека за да си ја менувам секој ден, и да не се повторувам никогаш немогуче а посебно некоја брендирана Се на се, добар филм.