Вчера го гледав по стоти пат и сфатив една многу смешна работа со филмов-колку повеќе го гледам, толку поинтересен ми станува
И јас го видов вчера Ама го фатив таман на почетокот... добар филм, ми поминуваше времето побрзо додека правев ајвар.
Иако не сум го гледала никогаш цел, секогаш само на делови, конечно денес седнав и го изгледав цел ме бендиса многу, има интересни карактери, има убава содржина и убава приказна е. :up:
Многу е јасна пораката на филмов дека на патот до славата можеш се да изгубиш, но дали се е вредно за славата? Убава облека, убава приказна и супер глумици!
Филмов го имам гледано 100 пати и уште толку ќе го гледам. никогаш нема да ми здосади. Супер глума, облека и одлична порака носи со себе филмов. Мерил Стрип едноставно ја обожавам во филмов, закон ми е
Неколку пати го имам гледано и не ми е здосаден.Мислам како може да биде досаден и лош филм со единствената Мерл Стрип?
Посебен филм,уникатен дефинитивно. Ми се допадна тоа што се двои од другите така по тинејџерски филмови. Има прилично добра приказна,но глумците се најдобри во цел филм. Она што најмногу ме влечеше да го гледам беше насловот искрено, така да и него ќе го пофалам.
можеби и фактот што ликот на Мерил ја споредуваат со познатата Ана Винтур, нејзината строгост и перфекционизам доби на уште поголема популарност на филмот, од друга страна ликот на Ен, наивна девојка која ќе се изгуби во светот на бизнисот.. просечен филм