1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ѓомлезе

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од angelche16, 8 декември 2014.

  1. MamaYette

    MamaYette Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    618
    Ѓомлезе е баш без ништо, ако се додаде сирење тоа веќе би биле питулици, а ако се додаде месо... не знам ни што би испаднало. :D
     
    На Ма.нев му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Ѓомлезе и питулици не е ни малку слично. Се прават на различен начин, иако основата им е иста. Питулиците се прават од палачинки, а може и во рерна да се печат. Ѓомлезе исклучиво под сач (вршник) се прави, инаку не е тоа тоа.
     
  3. Ikickabebusce

    Ikickabebusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    3.152
    Пол:
    Женски
    Не сум го пробала :)
     
  4. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Ти препорачувам да пробаш.
     
    На Ikickabebusce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Него мене не ми е јасно едно нешто, како тоа традиционалното јадење Ѓомлезе, во Охрид го нема нигде во пекарите освен на тезга на сред пешачка улица?
    Не си го сакаат и не си го ценат тоа што им е традиционално...

    Истото и со симит погачата во Скопје. Освен во фурната во Чаир и Козле и уште 2-3 фурни, го нема нигде.
     
  6. MamaYette

    MamaYette Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    618
    Знам, сум ги правела и двете :) Не мислев да кажам дека питулици и ѓомлезе се едно исто (плус сирењето де), туку дека ова што го бара всушност дечково, би биле питулици. Не сум се изразила како што треба.

    Инаку, @Ма.нев, нема врска со несакање или неценење, туку е тешко и комплицирано за правење. Не е замеси па стави го да се пече, туку треба да светиш над вршникот со саати. Плус оган и жар треба, па обично надвор се прави (многу ретко се наоѓаат луѓе што го прават внатре во гаражи или подруми), што значи треба и времето да се погоди, не се прави во јануари на снегот :D. Освен тоа, сепак е вид на печиво и највкусно е кога е тазе, после 2-3 дена не е веќе вкусот ист (се суши, нормално), што ме враќа до првото нешто што го реков - прекомлицирано е за некој да би се нафатил секој (или секој втор) ден да го прави за да продава тазе ѓомлезе.

    Мислам спомна некој веќе, има жени што го продават тазе на пазарчето (обично во пазарен ден), исто има и жени што прават цели тепсии по нарачка, за матури, визити, слави, дури и задушници.
     
  7. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    19.877
    Пол:
    Женски
    И јас не сум пробале ѓомлезе
     
    На Kjutche му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Дајте предлог каде да пробам ѓомлезе во Охрид или околината?
     
  9. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Каде има ѓомлезе во Скопје?
     
  10. Hubby

    Hubby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2018
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Во Охрид кај се може да се купи? Често службено поминувам ама не знам кај се продава
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    На пазар некогаш има. Иначе по нарачка се прави, ако сакаш. Ако поминуваш во Охрид, јави се пред да одиш да нарачаш, ќе ти направат. Побарај на фб Охридско ѓомлезе, и прашај.
     
    На Hubby му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Нон стоп одам во Струга, прават скоро секогаш, ама мене ич не ми е убаво, не можам да го јадам.
     
  13. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    6.016
    Пол:
    Женски
    Кога бев мала баба ми ми правеше ѓомлезе:D превкусно беше:)