1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ѓумбир, целер, дајкон и трупка

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од ivannnce, 30 март 2013.

  1. ivannnce

    ivannnce Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Ѓумбир, целер и дајкон и трупка за што се корисни овие работи ?
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Ѓумбирот е добар за забрзување на метаболизмот ако се пие наутро на празен желудник, една лажичка мелен ѓумбир во чаша вода се раствара и се пие.
    Како се прави чај од ѓумбир? Треба она како што е цело растение или? Ме интересира како го прават Индијците онаков млечен... :^)
    А трупката појма неам, ама и онака секој ден ја јадам :lol:
     
  3. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    653
    Сите претходно наведени се доста корисни и полезни зеленчуци
    Ѓумбирот е исклучително корисен особено доколку се конзумира свеж, има многу поволни, лековити својства, ја подобрува циркулацијата значи би го препорачал на лица кои имаат слаба циркулација, особено е корисен бидејќи го подобрува, го потикнува варењето, дигестијата на храната, исто така има антисептичко дејство, им помага на лицата кои имаат мачнина во стомакот особено би го препорачал на лица кои имаат морска болест проблеми при патување да конзумираат ѓумбир, особено во зимските месеци кога преовладуваат настинките и грипот се препорачува да се користи бидејќи е доста ефективен во сузбивањето на настинката и грипот, потврдено е дека поволно влијае кај лица кои имаат проблеми со простатата, на лицата кои имаат ревматизам им се препорачува да конзумираат ѓумбир, докажано е дека ѓумбирот е ефикасен афродизијак
    Целерот покрај тоа што им дава на јадењата посебен шмек, вкус, лично мене супите, чорбите со целер ми се далеку повкусни отколку без него, има исто така лековити својства, им се препорачува на лицата кои имаат хипертензија односно зголемен крвен притисок редовно да го воведат во својата исхрана овој одличен зеленчук со исклучителен вкус.
    Трупката јас лично ја сакам како салата, изрендана, полиена со ладно цедено маслиново масло и по желба зачинета со сол и со јаболков оцет или лимон..... одличен нискокалоричен оброк или како додаток на главното јадење, богата е со минерали и витамини, најчесто се препорачува за лицата кои имаат проблеми со жолчката, помага во детоксикацијата на организмот од акумулираните отрови, ја прочистува крвта, го зајакнува имунитетот, исто така е добар диуретик помага во исфрлање на вишокот течности од организмот тоа се должи на присуството на калиумот кој и го овозможува тоа својство.
    Дајконот или јапонската трупка се препорачува за лица кои се дијабетичари, помага при варењето на храната, исто така ги улажува болките во жолчката па се препорачува за лица кои имаат камчиња во жолчното кесе, бидејќи содржи железо се препорачува да го конзумираат лица кои имаат анемија, ја прочистува крвта, врши детоксификација на организмот од акумулираните отрови, поради присуството на голем број на витамини, минерали и антиоксиданси исто така има антиканцерогено дејство
    Сите четири зеленчуци ѓумбирот, целерот, трупката и дајконот се доста корисни и имаат поволни лековити својства.
     
    На LittlePinky, AhThatFemaleProblems и mims-89 им се допаѓа ова.
  4. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Сите се корисни и се препорачуваат како зачини или додатоци во супи или главни јадења, а ѓумбирот и целерот, и како чај. (fingers)
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.677
    Пол:
    Женски
    Обожавам ѓумбир и дајкон.
    Ѓумбирот го ставам во чај или колачи.Дајконот го јадам со зејтин, оцет, сол и краставица.
     
  6. Lizzie

    Lizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2016
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Caj od gjumbir skoru sekoj den pijam i toa sama si go pravam go rendam vo voda so limoni i mn e dobar ponekogas i samo gjumbir grizam ama mn e ljuto ama izdrzuva se
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.