Ѓумбир, чиа, амарант, куркума...

Дискусија во 'Рецепти' започната од rita22, 23 септември 2014.

  1. rita22

    rita22 Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    7
    Дали користите некои од овие да ги наречам зачини и на кој начин. Јас до сега сум пробала само ѓумбир ама корен, не во прав, за чај и многу убаво ми делува. Сакам да ги користам и другиве ама незнам како и кога се ставаат во јадењето.
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    17.049
    Допаѓања:
    262.582
    Пол:
    Женски
    Ѓумбир пиев против мачнини во бременоста ама мн љутеше.
    Кари и куркума редовно користам со месо ,тестенини,салати.
    Чили исто мн сакам со месо.
    Амарант,чиа,киноа и давав на керками кога беше помала.И ги мешав во овошни каши :)
     
  3. rita22

    rita22 Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    7
    По колку и ставаше во овошните каши. На пример по едно лажиче или помалку? Незнам како да ги дозирам
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    17.049
    Допаѓања:
    262.582
    Пол:
    Женски
    Ставав по една кафена лажичка и ги варев во гезве околу 15-20 мин .Не повеке од тоа пошто се губи хранливата вредност.
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.037
    Ѓумбир пијам секој ден.
    Оној што е во прав го ставам наутро, пола лажишка во шолја зелен чај, мед и лимон.
    Коренот од ѓумбир го рендарм и додавам мед и сок од лимон, го собирам во тегличка и јадам по една лажичка наутро. Одличен е за зајакнување на имунитетот, тегоби во стомакот, го освежува здивот, го забрзува метаболизмот. Исто така мало парченце корен од ѓумбри често цедам во соковник во комбинација со друго овошје/зеленчук.
    Чиа исто така консумирам секој ден.
    Порано растарав една лажичка чиа во чаша вода и го пиев одкако ќе набабри малку семето, многу ми беше гадно и едвај го пиев. Сега го користам на други начини. Чиа семето го додавам во овесните каши кои ги јадам за појадок, го додавам во смути, супи и цедени сокови.
    Куркума користам само како зачин. Во сосови, маринади, супи, чорби. Не го користам во голема количина, незнам каде би го додала. Некако не ми оди во кашите за појадок или пак во сокови...
    Амарант не сум користела.
     
    На cresa-jagoda, bubac, Marossa и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.744
    Куркума користам најчесто за печење на компири а по некогаш по малку ставам и во манџи и во месо а ѓумбирот го користам за динстање, пржење или печење месо
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.048
    Допаѓања:
    28.608
    Пол:
    Женски
    корен од ѓумбир користам секојдневно, дали за чај, дали во јадења, сакам да додадам по малку бидејќи дава ептен вкусен шмек на лутичко, го користам и кога правам колачи, посебно кога не се чоколадни, не би можела во кујна ни ден без ѓумбир.. куркума, кари и чили не поминува подготвување на пилешко, компири, или некоја манџа, чиа и ленено семе ставам кога правам смуди, единствено така можам да ги внесувам
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.449
    Допаѓања:
    79.986
    Пол:
    Женски
    Ѓумбирот го рендасм и го јадам со мед , а куркумата ја пијам со млеко 2-3 пати на ден
     
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.624
    Ѓумбирот го користам како зачин во речиси секое јадење. Посебно за подготвување сосови, каде експериментирам со се што имам.

    Или ако немам време за сос за тестенини, ќе спржам кромид со вегета и ѓумбир и потоа ќе ги додадам сварените шпагети и тоа е тоа. (плус додаваш овчо сирење попрскано со маслиново масло и оригано и ммммм)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.746
    Допаѓања:
    5.359
    Чиa семе нa мaјкa ми нутрисиoнoст и кaжa декa е зa oвoшни сaлaти, тaкa штo тaкa гo кoристиме и вo oвесни кaши.
    Ѓумбир вo прaв нaутрo пиеме ..
    Кинoa немaше a и е препoрaчaнo нa мaјкa ми зa кoските тaкa штo не знaеме кaкo се кoнсумирa :/
     
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    13.122
    Киноа има на Виталиа во поголемите маркети, ама скапа е, над 200 денари ако памтам добро. Инаку јас знам дека се вари :)
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    17.049
    Допаѓања:
    262.582
    Пол:
    Женски
    Се вари киноата.Отприлика на голема лажица јас додавам филџан(полн) со вода .Кога ке се распука како лушпи тогаш е готова.Може со овошје да ја комбинираш или во супа.

    Не е 200 денари поефтина беше.Ако не се лажам повеке од 130 ден не е таа на виталија.
     
  13. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.257
    Допаѓања:
    12.897
    Пол:
    Женски
    Чиа семето можете да го спремате и како пудинг, многу е вкусно. Ако те интересира ќе ти пишам како јас го правам, а и на интернет има многу рецепти.
    Киноата сварена може да ја користите заедно со овесна каша, во супи, во салати ( варена), како додаток во гарнир или варива ( заедно со брокула, морков, карфиол...) или заедно со ориз припремени како рижото.
     
  14. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.746
    Допаѓања:
    5.359
    Ее кaжи ми гo ,,пудингoт,, ќе гo прoбaм :D
     
  15. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.257
    Допаѓања:
    12.897
    Пол:
    Женски
    1/4 шолја чиа семе
    2/4 млеко ( оризово, кокосово или бадемово, а ти ако сакаш можеш и кравјо)
    1лажичка мед
    Пола кесичка ванила
    Убаво промешуваш, ја затвораш шолјата со стреч фолија и оставаш преку ноќ во фрижидер.Чијата треба да набабри и ќе добиеш структура на пидинг.
    Утрото, сечкаш различно овошје, ја претураш чијата во поголемо чиниче заедно со овошјето и имаш вкусен и здрав појадок.
    За сликање за инстаграм, во декоративна чаша или тегличка ставаш ред овошје, ред чија хахах :D:o
    Ако направиш, пиши како ти се допадналo :) @SunnyGirl2
     
    На kuc, mims-89, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.413
    Допаѓања:
    8.538
    Пол:
    Женски
    Chia is life! :l: [​IMG] Во последните неколку месеци редовно правам чиа пудинг. Ја ставам и во смути, понекогаш во комбинација со кефир и други работи.
    Ѓумбир исклучиво само во супа, колку да се рече.
    Амарант мислам дека никогаш немам пробано. Исто така, и киноа (скапичка ми е, па понекогаш користам просо, иако знам дека далеку подобра е киноата).
    Куркума ми е омилениот зачин, ми оди речиси со сите јадење и поради тоа и ја користам во речиси се. Најмногу ми се допаѓа врз печен компир, во ориз и во cheese-еста паста.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    25.330
    Пол:
    Женски
    Чиа семе ,амарант и киноа не се зачини