Епа ја сум 64/65 кила планирам да почнам со ова ѓумбиров,гледам скоро кај сите има ефект , планирам и да трчам да вежбам , да не јадам благо (не сум зависна од благото фала богу) да јадам овошје и зеленчук ,многу вода , леб никако и се надевам дека ќе има подобар резултат , од утре почнувам па ќе ви кажам резултати
Девојки тие што имате проблем со желудник не ставајте лимон. Мене гумбир и лимон ми е убиствена комбинација цел ден после ме пече желудникот. Јас си правама во 150-200мл топла вода една мала лажица ѓумбир од виталија ама не полна до врв туку онака израмнета и немам проблеми со желудник. Е сега за резултати нешто не можам да пишам бидејки не го пијам редовно. Како кафе што пијам така и ова на 2-3 дена еднаш и тоа не секогаш насабајле.
Епа ја сум 64\65 кила , од утре почнувам со ѓумбиров гледам кај сите скоро има ефект ,но мислам дека ќе има уште подобар ефект ако вежбам , трчам , го исфрлам благото (не сум зависна фала богу) и лебот , да јадам само зеленќук и овошје и многу вода па се надевам ќе има подобар резултат , ќе ви кажам
Прашање: Има веза дали ѓумбирот е од виталија, алкалоид, на мерење.. Првото пакување ми беше од виталија и го потрошив и зедов на мерење што е и бојата му е различна и оној на виталија многу повеке лутеше од овој на мерење ставам по полна лажичка и без проблем го пијам малку ме лути а оној на виталија беше доста полут? Да го менувам овој или?
Фала ти многу...причината поради која прашав е поради тоа што очигледно имам проблем со желудник, црева, затоа сакам да го пијам ( а да знам да не си наштетам),ама ете супер шо ме информира...поззззз
Значи денес прв пат пробав чист ѓумбир (со лимон и шеќер) и мислам дека ми е најгрозно нешто ми иде нагон за повраќање ми лути.... незнам што да правам сакам да го пијам а неможам.....
И јаааас , повеќе лимон ставај и без шеќер за жал такви се „правилата“ мижи и пиј и викај си „ САКАМ ДА БИДАМ СЛАБА„ хахаха ете нешто ко мото
Леле леле незнам утре од сабајле ќе пробам пак ама не верувам дека ќе успеам....Иначе мора една случка да кажам Доаѓа баш свекрва ми а јас ѓумбиров го пијам малку по малку и она ми вика што е тоа и и викам чај од ѓумбир сакаш да пробаш?? и она вика дај и пробам малку и ваљда не и залуте и после една поголема голтка и вика леле па ова многу лутело и јас и викам малку и остави шољата и избега
Кога ве читав си викав ај добро е, јас сакам љуто и може нема да ми е толкав проблем, ама дефинитивно сум се излажала Денеска за прв пат го пробав и освен што ме ољути, на неколку пати ми дојде да повратам Но бидејќи верувам дека се е до психа, и се е навика, дека ќе се навикнам на вкусот.Важно е дека денеска го мавнав една шоља и терам даље.
Мене ми треба многу за да почнам да слабеам,дури почнам.Кога ќе ги симнам првите 1,2 кг потоа се е лесно,ама до тогаш ми треба месец два со пазење на храна и активност.Така месец време пред да го пијам почнав со ограничување на исхраната и доста пешањече,ама не мрднував.Откако редовно го почнав ѓумбирот ослабев за 10тина дена 2 кг.Ама минатата недела имав ужасни болки во желудникот ,па си претпоставив дека е од лимонот и сега го пијам без него. За исхраната пазам,ама од благото никогаш не можам да се откажам Јадам многу тестенини,пијам кафе,леб и онака не јадев,грицки јадам а благо многу.Единствено што ми е сменето е доручекот -корнфлекс,житарици со ленено семе,овошна салата и среќа што маж ми се прибира околу 5,5ипол па ручаме во 6 и нема потреба од вечера
може да ми кажете како изгледа пакувањето? знам дека замарам ама јас најдов во тинекс мало пакетце и внатре е како прав во крем боја а имав слушнато дека е како чај и има внатре оивеке а вака ми изгледа ке ми трае само неколку дена...а и да како се пие може само со вода? иначе пакувањето е од алкалоид
^^ Не го барај кај зачините, барај го во делот со здрава храна. Само оваа слика ја најдов Спојлер - синото кутивче е ѓумбирот, 110 денари/100 грама е во Зегин. Инаку сакам да ве прашам колкава ви е таа чаша/шолја во која што го растворате тоа едно лажиче од зачинов, колку милилитри е? Јас растворив пола лажиче во чаша од 250мл и многу печеше, страв ме фати да не си го оштетам желудникот, одвај пиев голтка по голтка, а ве читав како го пиете на две-три голтки...како? Потоа ставив малку лимон, поубаво беше на вкус (колку што може да биде), ама многу беше јако, почнав цела да се загревам, ми стана многу топло, ми се кренаа сите влакненца по телото, се исплашив ако ја испијам цела чаша да не излезам и јас гола низ град како Ѓраѓанинот денес. Додека пиев си мислев дека со него може човек да се грее на зима. Ќе те прашаат на што се грееш и ти од прва- на ѓумбир. Тоа беше моето прво искуство- доста еуфорично и жешко. Не знам дали ќе продолжам, мислам дека прво треба да ја пронајдам соодветната доза за мене- можеби мало филџанче од тие едновремските од Типо, по 100мл мислам дека собираат, и повеќе лимон од ѓумбир, не знам.
Јас пијам во чаша од 200 мл, на екс ја пијам, на гладно, со топла вода. Немам веќе таков ефект од ѓумбирот каков што го опишуваш ти, не знам зошто. На почетокот, да, се загревав, тахикардија, се препотував, ама кратко траеше. Сега ништо. Како обична вода да пијам. А ставам едно полно лажиче. Да зголемам доза?
Вчера барав некои други зачини во Тинекс и меѓу нив забележав и ѓумбир на Рајска градина и на Маестро. Овој е од Алкалоид И ова е од Виталиа Во упатството од Виталиа мислам пишуваше дека пола лажиче оди на 150мл. вода. Ако на некој му предизвикува тегоби тогаш можеби треба да се проба со помала доза. А Anath можеби веќе организамот ти се привикнал, па затоа немаш веќе таков ефект што веројатно не значи дека повеќе не ти делува. Мислам дека треба да се земе во предвид препораката да не се претера.
Па не верувам дека ќе ја зголемам дозата, останувам на едно лажиче. Инаку, јас го пијам од февруари навака, без исклучок, освен деновите кога бевме на одмор. После пак си продолжив да го пијам. И мм го пие, кај него се уште предизвикува такви појави како што ги опиша Сесилија погоре... па сега, може до мојот организам е
Така и треба да биде, еуфорично, жешко и напнато ама што вика Анатх, по некое време (неколку месеци +/-) се навикнува организмот и може само печење во грло да осетиш (ако ти е раздразнето), се` друго ти е како обична лимонада да пиеш. 250мл мислам дека се многу (како течност, не дека ја губи ефективноста), јас максимум 100-150мл правам, со 1 цеден лимон и ѓумбир колку можеш....затоа и можам на екс да ја испијам течноста
Девојки јас денес сабајлевна првпат ставам топла вода ставам полна мала лажичка (помала од кафена лажичка). Леле луѓе ГАДНО. Значи едвај испив пола од шолјата и мислев ќе ми се врати нешто од желудник. Лути! Еве сега после 10мин се стабилизирав и ќе пробам да го допијам. БЉАК. Ова го имам