1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ѓумбир

Дискусија во 'Диети' започната од Dala, 4 април 2013.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Да. Ми се згрози цело сабајле :rofl:
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.392
    Допаѓања:
    200.832
    Пол:
    Женски
    На Виталија е, да. Инаку, на екс само се пие, немојте голтка по голтка. Јас така на почетокот се лажев, ама полесно ми беше кога го пиев на екс. Сега што вели Моира, како лимонада да пиеш, ништо посебно.
    Се е навика, ако сте упорни, брзо ќе се навикнете. И не гледајте на тоа како нешто што го правите за слабеење, туку како нешто што го правите за своето здравје. Освен што е топач на масти, ѓумбирот има многу позитивни здравствени ефекти.
     
  3. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    :x уште чувствувам грозен вкус, ухххх

    п.с. го допив одвај. :puke:
     
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.887
    Допаѓања:
    123.033
    ^ Ќе се навикнеш :D Маж ми ме гледа и се крсти кога го пијам отсега се кријам од него :D
     
    На Annath и girl1985 им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.392
    Допаѓања:
    200.832
    Пол:
    Женски
    Касни некое овошје, и ќе ти помине. Знам дека не ти се јаде сега, ама овошката ќе ти помогне за вкусот. Јас на пример, одма после ѓумбирот јадам аронија (за крвната слика). Таа ми е погрозна од пијалокот, ама за здравје се трпи.
     
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Пошто јас тој што го имав малце поинаку изгледаше....
    Јас сега од Билна го користам, мислам дека е подобар од Виталија. Не дека не жежи :D ама некако ми е ко почист, Виталија ко со црн бибер да го мешаат :?:

    И ќе се навикнете, верувајте, само храбро! :D
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.392
    Допаѓања:
    200.832
    Пол:
    Женски
    Е па може го ставаат биберот за да лути плус :P
    Пред некој ден го купив пак тој на Виталиа, го ставив во тегличка и го чувам во фрижидер. Дејството наводно му ослабувало ако го чуваш во ќесето отворен. А тој од Билна исто е 100г, или помало пакување е? Макар што ич не ми е по пат да одам да купувам таму.
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    50гр - 53ден, значи 100ката е 106 денари, исто ко на Виталија
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  9. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Само што ја испив мојата доза на ѓумбир.Денес за разлика од вчера побрзо го пиев ама крајот ми беше најтежок, неможев талогот да го мавнам.И јас ги имам истите симптоми како вас додека го пијам, но не се предавам продолжувам да се дружам со ѓумбирот :lol:
     

    Прикачени фајлови:

  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Е, ваков пијам јас мислам дека. :wasntme:

    [​IMG]
    Како што видов низ моиве мислења, од 2 април пијам ѓумбир. Само 2 недели од прилика правев пауза. Оти ме мрзеше, не за друго. Ама многу подобро се осеќам. Поготово кога ќе дојдат „тие“ женски периоди од месецот, супер ми е. Нит стомак ќе ме заболе, нит ништо. А на вкусот се навикнав. 1 лажичка со 200/250 милилитри, се' зависи колку ќе го наполнам ѓезвето. А кога се пие ѓумбир на сабајле, во комбинација со диета, многу побрзо се симнуваат килограмите. Јас сега за 2 дена, 2 и пол накај 3 кила симнав. 3 мислам дека се, оти немам дигитална вака, него таква со рецки. Како е можно не знам. Додуша вчера и завчера малку пешачев, се качував по скали... а вчера можеби 40 минути вежбав фудбал низ дома. Си се истуширав, и после како препородена се осеќав. :D
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.085
    Допаѓања:
    155.539
    Луѓе, јас ја зезнав другарка ми со ѓумбирот...
    По пропис и кажав како го пиете (и го пиев), дијареа три дена... од него е,сто посто. Се осеќам виновно,не ми е ни смешно. :?:

    Сега читам на Жабата постот со контраефекти.
    Бидете претпазливи,ете ги на дело...
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ама по пропис си требала да и ги кажеш и евентуалните несакани ефекти меѓу кои е спомната и дијареата :) .
    преголема количина секако може да има несакани ефекти како дијареа, повраќање, чувство на печење во градите, зголемени киселини и др.
    Некому му одговара ѓумбирот, некому не..
    И само 1 меѓу 100 души може да има некаков контраефект, па ако не бива подобро да се најде некоја алтернатива со слично дејство ако постои.
    Можеби за неа е преголема дозата од 1 полно лажиче, па ако има желба после непријатностите (иако не верувам :wasntme: ) нека проба со пола лажиче.

    едит: Во меѓувреме и си прочитала и за контраефектите :)
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.085
    Допаѓања:
    155.539
    Па ајде тогаш пиши ми како од око да препознаам човек на кој не му годи ѓумбирот и има потенцијална опасност да биде еден од тие 100 луѓе?! ;)
    Секако требала да проба за да увиди дали е дел од тие несреќнички. Секако ќе се случело со или без мое предупредување, ма да и кажав дека обично се пие против затвор.
    А што се однесува до контраефектите, Жапче отпосле ги имала напишано, што верувам дека претходно ниту една феминка претходно не ги знаеше, ама сепак го конзумираше. Одамна знам дека ѓумбирот е лек за опстипација,но не претпоставува човек дека може да предизвика нешто сосема обратно или во превод, нормално и функционира телото, не и треба дополнително убрзување на процесите. Инаку против целулит сакаше да го пие,не и треба слабеење.
    Инаку со пола лажиче во 250 мл пробала,така што...

    Санфемина, која ти беше поентата уствари?
    На крајот на краиштата и јас го пиев, не долго,ама го пиев неколку дена и ништо не ми беше, од каде да претпоставам дека неа нешто ќе и се случи?
    Си тоа што на тие што ви е гадно...и тоа последните неколку дена додека го пиев го растварав во многу малку вода пола лажичка или цела и на екс го мавав, ми го дразнеше грлото многу, ама потоа вода ќе се напиев и готово. Ама да не испадне нешто да ви се деси од ова, не ви препорачувам, само ви кажувам,да не рече некој ДЕКА ПРОПИСНО НЕ СУМ ОБЈАСНИЛА ЗА МОЖНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Додека не пробаш нема да знаеш, нели :) . Никој не може однапред да знае "од око" ни за себе, ни за другите. Tочно како што велиш, секако ќе се случело и со и без предупредување. И да си ги набројала сите можни последици, многумина ќе речат "сепак ќе пробам - во име на позитивните работи :) ".
    Поентата ми беше дека баш поради тоа не треба да се секираш зошто си го препорачала, а испаднало како што испаднало. Се покажало дека не и одговара, па можеби е подобро да не го иритира организмот понатаму.
     
  15. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    а делува кај некој???јас цел живот имам мака со затвор и ако не се напијам алкалекс многу ретко одам, а ѓумбирот воопшто не ми поможи а го пијам 2 месеци :( :( :( :(
    море што ќе беа овие мој црева..... ;( ;( ;( ;(
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Ѓумбирот со сок од еден портокал, и само малку врела вода има доста попријатен вкус. Јас вака го пиев предходните 3 дена. Jас почнав да го пијам демек оти го испофаливте за симптомите на ПМС, ама нешто кај мене јок, не делува... Всушност, ми се чини дека одамна не сум имала толку болки во стомакот за време на ПМС како што имам вчера и денес, ама ај, ќе видиме, ќе си покаже времето.
     
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Стефи,

    а, пробај свеж ѓумбир.- коренче.
    Ќе го најдеш сигурно во Веро, јас од таму си го купувам.
    Од прашкастиот мене ми беше многу лошо и ми се повраќаше цел ден...а, исто ко тебе, не ми делуваше.
    Од коренот, после третиот-четвртиот ден, имав болки во желудникот, не можев дури и да јадам и паузирав. Си реков, ми треба помалку и поретко, а дури и тоа што го џвакав беше ептем малку. Ама пошто желудникот ми е нежен, пошто имам проблеми ко твојов итн... пааа..дур се навикне.
    После паузата од неколку дена почнав пак и ок ми беше, плус ми делуваше. Насабајле ми е ритуалот, мада ми се десило и поручекта или вечерта, место сабајлето... пијам вода, си изљуштам едно парченце, колку коцка супа.. го цвакам убаво, оти е како конци, ќе видиш уште кога ќе го исечеш..на некои делови-срцевината му е таква некако... ваљда тоа зависи од старо-младо цц кој да го знае, ...мислам дека тешко се разградува во желудникот :) АКО го проголташ без да го соџвакаш ко што треба... па и од таму плус проблеми со проблемите што веќе ги имаш можеш да си створиш :) Стискај заби и џвачкај, дур не му излезе сокот..а и баш тоа сокот треба да го осетиш уствари :) (поради што си викам,можда тоа е и подобра верзија и од моево :D сок да го сториш и да си дозираш, според тоа колку е дозволено мах да се пие...оти има ограничување do 4 gr)
    Џвакам,голтам, сркам водата и после си го пијам кафето... и така ми делува сево... пошто ми доаѓа во желудник да се раствара коренот со топла војца. ;) Не е до толку многу гаден вкусот, бар не толку колку прашоков.

    внимателно и меѓу заби се пика :!: :D

    И, не секој ден! (за мене бар, за другите што да ви речам,побогу...кога читам коментари луѓе со проблеми со желудник,ок им е да лимон секој ден, ок си викам, ај може има проблем со желудник, и проблем со желудник..или од лимон до лимон разлика а? цц :D )
    За ѓумбиров, од увек знам дека е дозволено сосем малку да се конзумира, баш од оние емисии за готвење, кај што се користи коренот како зачин во салати,јадења со меса итн.
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.392
    Допаѓања:
    200.832
    Пол:
    Женски
    Јас сум од тие со проблематичен желудник, од средно школо маки мачам со него, а малку под стрес да сум, и одма ми реагира, киселини, болки, ми се јавува рефлуксен езофагитис. Од ѓумбирот со лимон гајле немам, да чукнам во дрво, ниту сум имала проблеми какви што имав порано. Изгледа од организам до организам е, не од лимон до лимон :D
     
    На ozbilnazena и zhap4e им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    :D Абе знам,ама јас да се насмеам, оти со татко ми цел живот се објаснуваме за тоа,кому-што- како делува (затоа и знам дека не се’ на сите ни делува исто) :D
    И двајцата сме “нежни желудници“, ама, тој кога има проблеми срка супа, и увек бара компир- сецкан во супа. Мене па, компир во супата... плус киселина ми ствара.А,ако јадам компир варен,само компир ми е ок :D ... Ок ми е и компир манџа,ама да не е со домат тогаш или морков... и печен компир,ако е печен со вода повеќе , него со зејтин... ама ете, има разлика од компир до компир бе :D
    Житарки... после неколку дена јадење насабајле, ми прават киселини, шта више речи :D
    Татко ми јаде чипс кога има дијареа еееј :o јас, тогаш,само уште тоа да каснам и може комотно да умрам од грда смрт :D Татко ми банана, му предизвикува дијареа :^)
    Кај нас, мајка ми е со желудник-челик. Татко ми увек ја пушта она прво да проба нешто :D па чека да и види реакција. Јас, увек сумљам у нереакцијата кај нејзе...оти, ипак :D
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Јас конечно купив свеж ѓумбир. Мислам дека тежеа околу 300г две парчиња. Го излупив и го изрендав на пластично ренде. Го измешав со мед и пола лимон. Го чувам во тегла. Го користам 2-3 пати на ден по едно кафено лажиче, а наутро задолжително.
    Некако многу сок ми пушти така што смесата со медот е полутечна, но не сакам да ставам многу мед, треба ѓумбирот да доминира.
    Има многу пријатен мирис, освежителен. Е сега лути, но се поднесува.
    За ефектот...засега чувствувам повеќе енергија, наутро ме освежува и активира. Чудо, немам мака со желудникот.
     
    На Annath, zhap4e и ozbilnazena им се допаѓа ова.