1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ѓумбир

Дискусија во 'Диети' започната од Dala, 4 април 2013.

  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Кај кого као изгледа делува .
    Јас почнав да го пијам онака како што ми кажа Моира :D и никаков проблем си немам.
    Сакав тие 5 кг вишок што ги имав да ги стопам и ги стопив. Ама...
    Лебот го заборавив, благото го намалив, зеленчук и овошје како дел од здравиот режим на исхрана, зелен чај два до три пати во денот и многу вода.

    И мм демек дај да види да проба :) сиротиот што мака си виде, желудникот го изгоре.
    А немал проблем со истиот. Утрото ми вели. Што организам ќе беше твојот?
    Јас од прва ќе одев јабана.... Ај не си ја мачи душата.
    Абе ни да плачеш ни да се смееш работава :D
    Го батали од прва. Подобро попуњен здрав, него слаб болен, си се теши сам :D
     
    На midnight.flower, Moira, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  2. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    461
    Здраво некаде го прочитав ова па сакав да го споделам со вас рецептот е следен
    2 полеми корени од ѓумбир свежи се блендираат и се мешат со пола килограм мед и 4 чешни лук истолчен и сок од еден исцеден лимон се јаде по една супена лажица 3 пати на ден за слабеење
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.130
    Допаѓања:
    156.102
    Подолго време се воздржувам од "новитети" од мојата домашна лабараторија, од причина што форумов престана да биде арен за обичните членови и просто зошто сопствениците не заслужуваат да допринесуваме за квалитетна содржина. Не дека е ова новитет, ама е експеримент... а зошто феминките ми се подраги (повеќе или помалку :wasntme: ) од администраторите и воопшто муабетов за ѓумбиров на Моира е актуелен,па да ви дадам еден предлог,пробајте може ќе ви чини.

    Толку увод за ништо,ама морав.
    Нејсе. Пробајте да направите чај од нане и ѓумбир. Неутрализира, пак го осеќате луткастиот вкус,ама не е толку интензивен и се неутрализира оној гаден вкус на сјај за садови. Плус, чајот од нане е еден од препорачаните за слабеење и подобрување на варењето,па нема да има ништо лошо. Мене ми е далеку попријатен за пиење вака,па пишете какво ви е искуството. Во основа го чувствувате чајот од нане, лутењето е далеку понезабележливо,ама жештината што ве мава по пиењето е иста. :D
     
    На drugarka и mims-89 им се допаѓа ова.
  4. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Како го приготвувате чајот од ѓумбир ? Ваљда не е некоја филозофија, ама ете не сум пиела до сега ...
    Уствари, еднаш ми понудија ginger tea и пошто бев љубопитна викам ајде да пробам, и знам дека не ми се допадна многу. И сеа гледам дека уствари тоа било ѓумбир :$
     
  5. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    Еве сега само што ја испив шолјата и од денес стартуваме, па ќе пишам искуство. Јас и во бременост го пиев ѓумбирот затоа што многу ми помагаше за мачнините. Таман како што ми треба енергија со децава, после шољава како парна локомотива :rofl:
     
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Дали ти озбилно мислеше да не споделуваш информации заради администраторите? :D
    Жено, ај уозбили се, кажувај што имаш да научиме нешто ново! Кој ги мати билката и бумбарот, илјадници жени се побитни од нив.
    И можеби го зголемуваме квалитетот на форумот, ама си го подобруваме и квалитетот на живот, а тоа нема цена :P
     
    На babymama, midnight.flower, kikikikirika и 5 други им се допаѓа ова.
  7. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Морам да ви признаам дека ѓумбирот ме исплаши и повторно од тогаш не се напив. Се до денес :) Eве денес се напив во шолја за кафе и не беше толку страшно. Ухх :)
     
  8. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    Леле леле што е ова бе :sweat: Си почнав и јас од денес, ама како јас си знам :D
    Си станав најнормално, среќна дека си купив ѓумбирче па ајде топли вода, цеди лимон и на крај ѓумбир!!
    [​IMG] ВАКВА БЕВ!!!!!
    Голтав со сила и после него не знам колку вода испив (ваљда не е некаква грешка :wasntme: )
    Ама нека лути, што сака нека прави, сум решила да ослабам па последно нека е. За лепота ќе си трпиме. :D
     
    На AnaKarenina, cocopuff и eli25 им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Заклучок жени, како годе да го пиете, џвакате, рендате, што и да му правите... прав или свеж...па и со лимон, и без лимон ...секој ден, преку ден-два-три... :D ефект имаааааааа и точка. :D
    Кој се откажал одма, и не продолжил.. не пробал да го дозира - нема поима :D
    Значи, и без вежбање и без диети ригорозни, ко што си имам навика.... испробано.
    Ако критериумот е вртење глава на луѓе по улица.. покрај ѓумбиров, страв да те фати дека и сообраќајќи ќе почнат да се дешаваат цц
    Уна маџија е работава. :D

    едит: после некој период,дозирање, прескокнување денови..ко кај мене (мислам 1 месец помина, ако не и помалку,немам поима) „нежните“ што си имале проблем претходно, може и секој ден да џвакаат коренче. Ха. :angel:
     
    На ozbilnazena и Moira им се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    И јас така го пијам, во шолја чај од нане, зелен чај, или каков било друг чај додавам лажичка ѓумбир и вкусот се неутрализира колку толку. :)
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^^
    Така бе жапче дај малку кураж, од претходниот твој пост за негативните ефекти ми се стресоа нозете, си реков готово, ќе си умрам од ѓумбиров :D

    Инаку јас скоро месец дена го јадам и баш се погоди кога завршив со ун диетата, па бидејќи почнав да си јадам пак малку повеќе очекував да качам бар килограм два или три оти многу малку се движам па треба стално на диета да сум за да не качувам воопшто. Ама за чудо си тапкам во место, ни грам немам качено па си велам од ѓумбиров ќе е, нема од што друго...А не почнав да го јадам за слабеење туку повеќе за други работи...циркулација нели :$ :D ама чим е мултитаскинг, тогаш одлично.
     
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    ^ А има ефекти за тоа другото? :D
     
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^ Да, да, добар е за циркулација :D
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Добар е, добар е :$ Туку, на мене ми е ова прв циклус после кој знае колку време да го поминам без лекарства и речиси без болки. Мора да е до ѓумбирот, ништо друго немам сменето, напротив, колоквиумска ме фати :rofl:
     
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Сабајле си направив чај од нане и ставив едно лажиче ѓумбир и од една голтка изгорев! Порано го пиев со лимон и млака/ладна вода и немав гајле, ама со топла ми е неподнослив. Затоа ставив и лажиче мед и каде каде беше поубав. Иначе со нането е супер комбинација :up:
     
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    бљаак..ми се повраќа од тоа .. не можам да го помирисам а не пак да го пијам... :envy:
    цел ден ми беше лошо кога го пробав, не би пробала повторно
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    81.186
    Пол:
    Женски
    Јас или сум оперирана од осет или нешто друго е работава. :D
    Воопшто не го чувствувам ѓумбирот, ниту во чај од нане, ниту во лимонада (си правам сок од цеден лимон и додавам 1/4 лажиче ѓумбир).
    Не го пијам за слабеење, напротив, ми фали килажа ама тоа во друга тема.
    Периодов имам тешкотии со варењето и желудникот и ми годи. Секако, не претерувам, немам никакви нус-појави, а се „дружиме“ веќе речиси месец дена.

    Воопшто не ми лути, ниту му го сеќавам вкусот, само ми мириса така остро. Ми се допаѓа, дури си најдовме рецепт за некаков си енергетски пијалок кој деновиве ми е ... фантазија од сок. :wasntme:

    Ова е „рецептот“, па ако не друго може ќе го зголемам бројот на градникот од лененото семе или ... ќе ги зачестам дружбите со ВЦ-школката. :rofl:
    Трето нема.
    Енергетски пијалок

    Пола лажичка ситно сецкан свеж ѓумбир измешајте го со пола лажичка ленено семе и лажичка мед. Додајте 2 дл. негазирана минерална вода, сок од еден лимон, грејпфрут и портокали.

    А циркулација ... има, има, само уште да имавме време да циркулираме со Штрумф Текнувало малку и ќе беше во ред, вака - не чини. :?: ]:)
     
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    А бе кое дозирање кои рецепти, кај секого си е различно... Јас ко што сум терсене секој ден исто го правам па некогаш ми е попогоден некогаш не :)

    Почнуваш со пола лажичка и се повеке додаваш додека сама не си ја најдеш мерката :)

    Ете и јас деновиве почнав редовно да го пијам, порано пиев ама не секој ден. Туку ме инстересира дали некоја од вас го пие два пати дневно? Оти сабајле испивам едно и после ми се присакува пак.

    Јбг стрвен газ си е стрвен газ, било да е за палачинка било да е за ѓумбир
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Тука си најдов готов чај од ѓумбир, со лимон и камилица мјамм. Од сабајле стартувам и јас повелете и пробајте си го рецептов
     
  20. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Кога веќе сум имала дома, од утре и јас се приклучувам на ѓумбирпијачите :D Случајно ѝ спомнав на мајка и ми кажа сме имале. Па зошто да не.

    Така јас ѝ дрндам дека ќе почнам да го пијам ово оно, отварам капакот во обид да го мириснам, паметната јас малку појќе зашмркав со носот и изгледа ми подвлезе малце прашоче.. коа ме здопече мозочето :D ми се изнасмеа таа.

    Тек сабајле ќе биде смешно кога ќе го пијам, дека ич не поднесувам луто :D
    Гуд лак ту ми.