Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ѓумбир

Дискусија во 'Диети' започната од Dala, 4 април 2013.

  1. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    161
    Здраво девојки :)
    Ја прочитав целата тема и имам само две прашања.
    Дали го пиете ѓумбирот повеќе од еднаш на ден?
    И дали топлата вода е директно од чешмата (колку што знам топла вода од чешмата не треба да се пие) или ја вриете ?
    Јас го пијам ѓумбирот веќе цела недела и ја ставам водата да врие, но пред да зоврие и да почне да клокоти ја тргам од шпорет, па така добивам топла/врела и незоврена вода. Сакам да знам дали постапувам правилно :)
    Фала на одговорите :hai:
     
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Кажи им на колената да не ти се тресат непотребно, уште си млада за да имаш проблеми со срце :P крв ваљда ти циркулира нормално, а желудац ти ради ...се дур ти бара храна и повеќе од потребно,ок е, здрав си. ]:)
    Абе, работава окуражи други зафркни се сам е. Да не кажеш,да не те чујат душманите и да ти фрлат клетва. :D Процесот ѓумбиро-прочистителна станица се стопираше некој ден по објавуање на информацијата дека работи мноооогу smooth и боље од smooth. цц
    Teжок е животот на луѓето што везден внесуваат, тешко изнесуваат. Иф ју ноу уат ај мин. :D
    Од утре преземам екстремни мерки! :D :D
     
  3. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225

    Јас од кога почнав да се дружам со ѓумбиров, по два пати денот го пијам и немам проблем , ама ако не знаеш тебе организмот како ќе ти реагира, боље не почнувај наеднаш со многу дози .
    Иначе водата ја ставам на шпорет само за да ја стоплам, до степен до кој можам да ја пијам, ме мрзи потоа да го чекам 5 мин да ми се олади :)
     
    На ElenaRbd му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nenamk

    nenamk Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Zdravo devojnki
    Od neodamna procitav edna statija i pocnav da ja pravam.Vo 8 casi voda se stavat seckani eden limon i krastavoca, edna kafena lazica gumbir i 12 livcinja nane. se ostrava da otstoi edna nok vo frizider i potoa se pie cel den. pisuvase deka gi topi masnotiite vo predelot na stomakot. ova go pijam veke edna ipol nedela poduenosta se namali a se nemam mereno za obemot. ima li nekoj koj go e probal ova
     
  5. enaveko

    enaveko Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    12
    ајде и јас да го споделам моето искуство со ѓумбирот...веќе претходно спомнав дека намерата не ми е за да ослабам, туку заради здраствените бенефити од ѓумбирот....по рецепти многу не се придржувам, али затоа сакам страшно да експериментирам.....еве некои мои рецепти....
    1. откако ке го сварам оризот, и го прецадувам, водата( оризовата) ја користам со тоа што ја блендирам со една банана , додадавам ѓумбир и цимет, со што си добивам прекрасен напиток ( ладен, го ставам во фрижидер)...истиот може да го искористите како млеко и да додадете житарици( зависи од вашата креативност)...
    2. го додавам во секое смуди ( блендирано овошје)...
    пак ке напоменам, битно ми е да го внесам во организмот, а покра тоа и да уживам дури го конзумирам....нормално...
    поздрав феминки
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
    Не сум го пробала, ама сум слушнала дека има изразено диуретично дејство. Значи дека од wc нема да излезеш, но сеедно, пробај, здрав напиток е ;)
     
  7. nenamk

    nenamk Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0

    Па да точно е тоа дека има деуратично дејство ама не е толку лошо :) а дали ги топи масните наслаги ке видиме :)
     
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.381
    Не знам дали е до ѓумбирот(оти прочитав дека има скроз обратен ефект),ама јас откако пијам метаболизамот не да ми е бавен дури воопшто не ни работи :lol: Ај да јадам само сува храна,ама не- пијам и зелен чај,јадам овошје,зеленчук,салати леб исфрлив скроз благо исто,грицки ич.Престанав 2 дена од ѓумбирот и се беше ок.Се мислам дали да продолжам.Еве месец време ослабев само 2кг ,и плус со пазење исхрана и доста пешачење.Така да најверојатно ќе се откажам
     
  9. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    И јас го имам истиот проблем, Ели. Башка што кај мене нема некои промени во килажата, единствено забележав дека стомакот толку не ми се подувува како порано. Добар ми е за расонување посабајлечки, па би требало да продолжам со конзумирањето.
     
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Вистина помага при опстипација? И дали е многу лут? Прашувам зошто треба да го користи некој што порано имал чир на желудникот.Па да не направиме проблем. Каде се купува?Колку пари е?Како се конзумира за најдобри прочисителни ефекти? :D
     
  11. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Девојќи како издржувата на топлово со ѓумбиров?Мене ми создава дополнителна жештина кога го пијам и се мислам дали да го прекинам бидејќи неможам да се поднесам од што ми е топло :sweat:
     
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Мислам дека мора да и дадеме награда на Moira. Ни ја откри тајната за поуспешен секс - во ѓумбирот му е цаката.

    Еве јас си го нарекувам хедонистички круг! Каснувам коренче од ѓумбир. Стомачето спласнува, циркулацијата ми игра како луда, а либидото никогаш досега не ми било појако. Ем поубава сум си без стомаче, ем пука самодоверба од мене. Се чувствувам преубаво.

    Moira да знаеш дека спасуваш една љубовна врска, индиректно. Последниве месеци се мислев дека нешто не штима помеѓу мене и дечко ми ама ѓумбиров ме споулави. Ми ја врати убавината. Ми ја врати радоста.

    :clap: А и ете може убаво делувал и кај Серафима, ќе си биде мамичка.
     
    На Moira, zhap4e, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Јас кога почнаа жештиниве прво правев со топла вода па ге ја ставам во фрижидер да се лади и ко леден чај :rofl:
    Ама сега ме мрзи, земам во едно пластично шише ставам вода и ко 3 во 1 ладно, го мучкам само и така го пијам. Нема некоај разлика. Како што може коренот да се јаде суров сигурно и ова може без топла вода.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Едно големо браво, и едно уште поголемо благодарам до личноста што ја иницираше оваа ѓумбир треска!
    Ова е тоа што го бараше мојот метаболизам цел живот, не неможам да поверувам, ѓумбир, стварно?
    Од кога знам за себе, немам нередовна столица, туку заборавав кога последен пат сум била. Алкалакси, бомбони, ваква храна, таква, тука па тука. Со ѓумбиров не сум помалце од 2 пати на ден у вц, а многу често и повеќе. Го конзумирам наутро и пред спиење. Се навикнав и на вкус и на се, богами вреди да се пие. За друго не можам да коментирам, но за ова лично тврдам дека има одличен резултат.
     
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Добра вода велнес со ѓумбир ... има некаков ефект?
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    81.187
    Пол:
    Женски
    ^ Јас мислам дека не е тоа тоа. Можеби има некој ефект, ама сигурно не е како кај оној домашно приготвениот пијалок зачинет со ѓумбир. :)
    Јас почнав да си ставам ѓумбир речиси во секаков приготвен пијалок - во лимонада, во чај, во било каков сок од цитрусно овошје.
    Му дава преубава арома на напитокот, незамисливо ми е да се одделам од него и многу убаво ми влијае на „револуциите“ низ стомакот. :lol:
     
  17. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    Почнав да пијам ѓумбир пред една недела, наутро на празен стомак. Ставам една полна лажичка во млака вода и цедам еден лимон. Не знам, можеби е мала количината, ама јас нити чувствувам топлина како што читам по кометарите, стомакот ми е надуен, односно минимално ми паднаа отоците во стомакот и нозете.Инаку на топлово време многу отекувам, ме гуши дури (не сум со вишок килограми). Гледам да припазам на исхраната, вежбам, се движам... Не го пијам наеднаш, голтка по голтка го пијам. Инаку вкусот воопшто не така лош како што очекував, малку лути ама со лимонче се разблажува. Дали мене метаболизмот ми е таков, затоа што лоша циркулација имам, искрено не знам, ама ќе продолжам да си го пијам. Можеби е прекратко времето за да донесувам заклучоци за ефектите.
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.131
    Допаѓања:
    156.114
    Кога ве читам со ѓумбиров...еве...ова,да! :rofl: Пофалби и препораки еден куп! :rofl:
    [​IMG]
     
    На MarchelineAmaru, Annath, tinkerbelll и 2 други им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Моира мори, сите не избудале со ѓумбирот :D
    Некоја нова варијанта :angel: :D ѓумбир со се’ работава :D
    - 2 литри сок од брусница
    - ½ лажичка цимет
    - 1/4 лажичка сецкан ѓумбир
    - 1/4 лажичка мускатово оревче
    -3/4 чаша свеж сок од портокал
    1/4 чаша свеж сок од лимон

    На тивок оган ставете го сокот од брусница и додаде те ги сите зачини. Сите намирници заедно гответе ги околу 15 минути и оставете ги да се оладат на собна температура. Додаде те го сокот од портокал и сокот од лимон. Напитокот ставете го во фрижидер да се олади.

    Тајната на овој напиток е сокото д брусница- делотворен антиоксиданс, но и зачините и сокот од портокал и лимон кој се вистинска витаминска бомба кои ќе ви помогнат и во борбата против маснотии.
    http://www.skopjeinfo.mk/zdravje/105746 ... oksikacija

    И татко ми го избудале мори жено :D пошто, традиција ни е да се караме ние за било што, па дури и за политика и, после да не си правиме муабет, оти, мора тука и нешто лично да се внесе (валкано се бориме :rofl: ) па после една недела не правење муабет |( , човекот реши да се смириме со тоа што ми купи два монструозно големи коренчиња ѓумбир :rofl: Пошто, гледа дека некое време не си купувам и си викал ваљда, сум си ги потрошила парите..па ај, јас ќе и купам и ќе се смириме :rofl:
     
    На Annath, Moira, Noemi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    После месец и нешто пиење секое сабајле со млака вода и половина лимон,чувствувам резултати и тоа како.Стомакот не ми е отечен воопшто,предходно се нешто ќе каснам и мешево како топче,сега не,не се чувствувам веќе отечено и мучно.И мене ми требаше нешто за мојов метаболизам и ова дефинитивно помага.Му се навикнав на вкусот и не ми е проблем за пиење.
    :up:
     
    На Moira и Annath им се допаѓа ова.